четврток, 22. август 2019. Вести денес: 77
home Колумни

Северњачка лексика или паламудатор, мрчатор, чучулатор итн.

Северњачка лексика или паламудатор, мрчатор, чучулатор итн.

Помина медиумски долго најавуваниот телевизиски дуел помеѓу Мицкоски и Заев и покрај веќе познатата политичка реторика и веќе од претходно познатите ставови дојдовме и до нови лексички форми на изразување. Овие лексички изразувања беа карактеризирани од Заев како изворни термини во Македонскиот јазик, односно како нова лексика во Северњачка провиниенција промовирана од еден лик под маска со сомнителни интелектуални капацитети.

Понижувачки, навредливо во секој смисол во однос на интелектуалниот капацитет на нацијата што во подолг временски период се промовира како политичка лежерност, надменост и „доминација“ над политичкиот противник и плебсот. Се започна со онаа самоуверено „паламудење“ на Заев на тв24 пред две години, продолжи со упорно лажење и манипулирање на Македонските граѓани преку различни облици на дезинформирање, а деновиве се изразува со „чучулење“ на ушите и „мрчење“ како поими кои би требало според ликот под маска да бидат израз на негова лична доминација врз политичкиот противник.

Како и да го гледаме оваа некултурно однесување на ликот кој се претставува како Премиер на Република Македонија или некој може да мисли дека тоа е духовито, мангупски, лежерно, жаргонски, сепак очигледно е дека на Заев му е неопходно дообразование или затворање на етичките, моралните, образовните, но најповеќе воспитните дупки кои му заостанале од времето на детството, адолесценцијата и подоцна во текот на студирањето и оформувањето.

Немањето на чувство како треба да се однесува еден претставник на највисоките позиции на власт и претседател на партијата на власт, доведе до тоа дека овој лик ги измеша лончињата при што на еден јавен настап настапува како да е во своето Муртино пред кооперација со своите „пајташи“ на кои може да им каже да не паламудат, мрчат и да си ги начучулат ушите кога тој зборува. Токму ваквото однесување укажува на залутаност на умот, на не поимање на тоа на која функција се наоѓа и со какви обврски кон сопствениот народ (кој патем да споменеме го преименува и обезличи), покажува изгубеност и безидејност која се покрива со лексички измислена комотност, надменост или обид за фиктивна доминација. Колку и да се обидува Заев, да го навреди Мицкоски и да ги омаловажи неговите политички засновани и издржани барања и ставови и идеи за кои се бори и во јавните дебати, тоа нема да ја смени вкупната перцепција за тоа кој е кој и со какви капацитети. Сепак, Мицкоски е универзитетски професор кој и покрај навредливото и „мангупско-уличарско“ однесување на Заев не дозволи да биде испровоциран и целата „мрчаторска“ реторика ја сврте кон шега и на тој начин му помогна на својот политички противник да се оправда за несоодветното изразување. Можеби некој друг немаше да има такво чувство на професионална и професорска емпатија кон својот политички противник и овој јавен „гаф“ ќе го употребеше на сосема друг начин во сопствена политичка полза. Но, како и да е, целиот овој сплет на несоодветни лексичко северњачки термини на Заев само ни покажува колку овој лик е далеку од потребното ниво за еден Премиер или да кажам под секое ниво. Се поставува едно суштинско прашање кое секако не можам да го одговорам, а не очекувам ниту Заев да даде одговор на истото, а тоа е: „Како ли изгледа најобична конверзација на Заев при официјалните или неофицијални средби со свои колеги од соседството или Европа“?

Одговорот на оваа прашање или негово проследување во пракса би било или смешно до солзи или зачудувачки фрапантно, а судејќи според неговото однесување и конверзација со членството, граѓаните и во јавноста дури и на политички дебати на највисоко политичко ниво не можам да претпоставам дека е дијаметрално спротивно од онаа што го гледаме пред наши очи или што го видовме во дебатата со Мицкоски или пак е крајно сервилно.

Во целата оваа нова лексичка стварност и нова терминологија на политичко-уличарско обраќање на јавноста најстрашно е што ни се пласира незнаењето, вулгаризацијата, жаргонизмот и не воспитанието како вредност која може да доведе до позиција на извршување на највисоките функции во Македонија. Ова е дотолку пострашно од причина што младите кои во иднина ќе се занимаваат со политика, овој лексички вулгаризам го примаат како израз на политичка доминација. Потоа, самиот Заев треба да се запраша (се сомневам дека е способен тоа да го направи), какви тоа вредности промовира во јавноста преку сопствениот лексички изблик на уличарство.

Како следен показател, овие северњачки лексички „паламудења и мрчења“ укажуваат на личната не воздржаност и надменост во односот кон Македонските граѓани пред кои се обраќа со овој речник иако со сигурност тврдам дека Заев мисли дека на овој начин му покажал на Мицкоски „кој е газда во државава“, кажувајќи му „да не мрчи“, а веројатно во преносна смисла му се обраќа и на Македонскиот народ „да не мрчи“ за се онаа што му го направи и му го прави, вклучително и неправедните пресуди кои имаат за цел да заплашат, а не да бидат правични. Можеби Заев мисли дека со ова ќе го исплаши Мицкоски или опозицијата? Но, тоа е само дел од сето тоа што ние како јавност можеме да го анализираме околу мотивите на Заев да се однесува покрај лажовно и арогантно „паламудејки и мрчејќи“. Со сигурност нема да исплаши никого туку ја покажа целата своја духовна и интелектуална бедност.

Во вкупното согледување на погрешната терминологија и вулгаризација од страна на Заев, можам да заклучам дека во основа лежи длабоко незнаење, несигурност, без идејност и дезориентираност која треба да се покрие со енормно голема ароганција и тривијална лексика.

Ова однесување на Заев е еклатантен показател за тоа со кого си имаме работа и што треба да правиме на претстојните претседателски избори, односно за кого да го дадеме својот глас. Изборот е едноставен, а е помеѓу знаењето, смиреноста, доблеста и ориентираноста на ВМРО-ДПМНЕ и колешката Сиљановска и манипулантството, незнаењето, ароганцијата и тривијалноста на СДС и Пендаровски како експонент на Заев.

Дебата помеѓу Мицкоски и Заев го покажа токму тоа и тоа на најдобар можен начин, во ликот на лидерите на двете партии.

Вонреден професор д-р Оливер Андонов