сабота, 23. март 2019. Вести денес: 31
home Колумни

Северни дебати во СДС-то

Северни дебати во СДС-то

Е па Ес Де Ес ОВЦИ драги, ви дојде на глава. Со свој камен по глава, како што вели народната. Ве стигнаа дебатите на вашиот ѓон Црпко предавнички и тоа многу побргу отколку што и самите си мислевте. Откако оваа политичка сподоба и креација заврши со дебатите за името на државата, а претходно десет години дебатираше низ општина Струмица правејќи ја свој семеен феудален чифлиг, а власта на ВМРО-ДПМНЕ и сите ние се потсмевавме со овој лик под маска и лицето Б.Ц. го аболираше во името на партиската ви правда за што сега верувам дека се кае, дојде време да дебатирате и во вашето ѓон СДС предавничко. Да, ќе „дебатирате“ за промена на вашето партиско име согласно предавничкиот „Преспански договор“. Незнам зошто да дебатирате, еве вашиот ѓон Црпко предавнички ќе ви надене име или прекар како што самиот себеси си го надена „Црпкоте“ од бремето кога Господ го црпна од нива.

Колешката Лидија Димова (во шарено не-време „возач комбија“), а и мнозина од вас од ѓон СДС-то предавничко јавно ми забележувавте дека сум ве навредувал кога наназад две години ве нарекувам накратко „СДС-то“. Не дека јас сум прозорлив, туку едноставно, познавајќи го карактерот на ѓон Црпко предавнички знаев што ве чека и внатре во партијата, знаев дека низ една „демократска дебата“ вие како познати демократи ќе дебатирате за името на вашата и само ваша партија. Нели оној Б.Ц. велеше дека и држава не ви треба ако ја немате партијата. Колку визионерски од него. Сега кога ја немаме Република Македонија, нема потреба ниту да си го имате СДСМ. Многу едноставно си го имате ѓон СДС предавничко и ви препорачувам во вашето внатрепартиско дебатирање да си го земете и носите името ѓон СДС предавничка. Ете тој белег дека придонесовте кон предавството на државата кое го изврши вашиот ѓон Црпко предавнички, а вие сесрдно му помогнавте во тоа, ќе мора да го носите целиот живот и да го оставите во наследство на вашите поколенија.

Знам дека ѓон Црпко предавнички и целата оваа власт на ѓон СДС предавничка ќе се обиде и името на ВМРО-ДПМНЕ да го смени или дури и законски да го наметне тоа со изговор дека треба да се придржуваме кон договорот со Грција, но јавно кажувам дека тој историски ревизионизам може да го прават со дебатирање во нивната предавничка опција, не во туѓ двор. Особено затоа што светите букви ВМРО и Македонската револуционерна организација не ја создаде ѓон Црпко предавнички туку Македонците во 19-от и 20-от век кои се бореа за независна Македонија и несакаа да направат никаков компромис во националното Македонско дело со Фанариотите како тоа што го направивте вие од ѓон СДС предавничка.

Тоа што се случува со Македонската нација и во психолошки поглед е навистина за проучување. Се поставува прашање: „Како е возможно цела една нација да молчи и замаено да гледа на своето уништување од страна на нејзините изроди“? Пред очи ни се случува историски ревизионизам, поништување на нација и држава, а ние си молчиме. Погледнете како Словенците и Хрватите реагираа на изјавите на Италијанскиот политичар дека Истра и Далмација се Италијански земји, по што истиот се извинуваше и правдаше дека не мислел така и не го разбрале добро. Во нашиот случај, ѓон Црпко предавнички им се извинува на Бугарија и Грција кога ќе каже дека сме Македонци (тогаш де кога нели жицата ќе му засвири, онаа што не му се скинала). Во сета оваа Монтипајтовска состојба која би била одлична комедија да не е трагично вистинита, ние се однесуваме како да не сме од тука, како сето ова да му се случува на некој друг во друга нам далечна земја. Но, вистината е дека токму нам ни се случува и тоа на јаве во реалност, со план кој уште повеќе ќе ни покаже како згрешивме во 2016 година и му дозволивме на ѓон Црпко предавнички да собере 49 изроди предавнички, а потоа да формира влада. Сега со сето она што е содржано во акциониот план, за една година (а таа бргу поминува) ќе се соочиме и со променети документи и со променети пари и со називи и со двојазичност и со историски ревизионизам во образованието и конкретните културни и уметнички достигнувања на Македонскиот народ.

Овој процес има една единствена цел, а тоа е да се скрши идејата за државност на Македонскиот народ, да се уништи Македонизмот, да бидеме незнајни на својата земја прадедовска, да не асимилираат и делат и како народ и како територија. Сето ова си го приредивме самите давајќи му можност на ѓон Црпко предавнички и неговата анационална камарила да дојдат на власт и да управуваат со нашите животи кои на наши очи ќе станат уште потешки и ќе бидеме уште повеќе понижени.

Ова е само едно потсетување на сето она што според акциониот план на владата на ѓон СДС предавничка не чека во идниот период. Не чека промена на се што во себе го носи името МАКЕДОНИЈА со придавка северна. Се прашувам дали како граѓани ќе бојкотираме да земеме лични документи од северна Македонија или тоа ќе биде став на граѓанска непослушност. Не сакам да сум малициозен и дефетист, но не сум убеден дека масовна граѓанска непослушност ќе успее. Затоа тврдам дека е време и тоа последно време за силна борба. Конкретна и национална борба на Македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат со историското предавство на ѓон СДС предавничка ревизионизам и преименување на се Македонско во северно и аморфно.

Таа борба, може да биде успешна единствено доколку ја урнеме оваа предавничка власт и  тоа што побргу. Тоа уривање нема да биде одеднаш, туку макотрпно демонтирање на нивните предавнички инсталации дел по дел во следниве 2-3 години и колку побргу започнеме толку побргу ќе успееме да си ја вратиме Република Македонија.

Конкретната активност започнува со претстојните Претседателски избори и токму затоа што ѓон СДС предавничка знаат дека не можат да победат се одлучија да не дозволат предвремени парламентарни избори. Едноставно си оставаат простор за манипулации. Верувајте тие се исплашени и затоа со нивниот акционен план брзаат да го реализираат онаа што го ветија и договорија на штета на Македонија и Македонскиот народ. Најголем проблем за нив би било народот-граѓаните да им го прекинат мандатот и да не можат да го реализираат ветеното, а потоа да одговараат за сторените кривични дела „велепредавство“. Во исто време, очајно бараат сламка за која би се фатиле за да покажат дека имаат некаков кредибилитет и поддршка. Помеѓу овие две можности за спас и историско тонење на ѓон СДС предавничка стои активизмот на Македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ што мора да се обедини во широк Национален фронт против предавничката власт и да ја изрази потполно и масовно волјата на Македонскиот народ за своја држава и нација Македонска не северна.

На крајот, до сите занесени силни поддржувачи на СДС-то и членовите кои му веруваа на ѓон Црпко предавнички. Ви го честитам новото име партиско де, кое историски ќе ви биде забележано со придавката ПРЕДАВНИЦИ. Со наведната глава да си го носите во век и веков на резил и на вас и на вашите поколенија.

На денот на светите три Јерарси,

Св.Василиј Велики, Св.Григориј Богослов и Св.Јован Златоуст

Вонреден професор д-р Оливер Андонов