среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 4
home Колумни

Северна пародија: СВОЗ за Заев

Северна пародија: СВОЗ за Заев

Лидерот црпнат крикна и облече македонски дрес. И буквално и фигуративно. А личеше ко слон во пижами. Во двата случаи. Ама тоа беше знак за поданиците му непрокопсани – време е за помакедончување. И би изблик на „патриотизам“, ама лажен пустиот…

Да, помакедончување. Лигаво и неприродно, без срж и искон во себе, ама што се мора – се мора. Наредба си е наредба. Вака деновиве размислуваат Заевите бранители, сијасет експертски суруши, новинарски биљмези и невладини дилајли, банда која без заддршка влезе во филмот на „СВОЗ на Заев и СДСС“ (СВОЗ – СИТЕ ВО ОДБРАНА И ЗАШТИТА). Да, СВОЗ, тоа е стара комуњарска акција, а тие си „поштуваат“ минато. Добро, од  45-та па наваму…

Ги мотивираше и бугарската Шеќеринска (захар =шеќер, башка си личат, нели ) која силно се зезна што им чепна во Тито. Кардинална грешка. Старата комуњарска вели – чепни го татко ми, мајка ми, баба ми, дедо ми, брат, сестра, Гоце Делчев, Даме, Питу, светци ли, ама Титота не ми го гибај. Не дека тој е толку голем цреп, колку што тие се безрезервно вљубени во неговиот лик и дело. Оти така им кажале, а тие пустите, така си знаат. Многу генерации. Генетика, нема бегање. Она, екс-ју Павлов рефлекс, ти нешто лошо за Тито – а тој нај-Југословен у свет, трк у станица да те искодоши и да добие поени и функција.

А ти –оп, утре на Голи Оток. Ццццц.  Не се тие виновни, децениски ментален склоп е во прашање, пуста навика.

Арно ама, сега Заев пак испадна она што е  – роден лузер, црпнат губитник кој да немаше поддршка од еден центар на моќ за да сработи, ќе си беше она што требаше и да остане, неуспешен струмички очув на градот. Не, татко не, никако.

Оти, понекогаш дури и Деус екс макината не можеда сработи за тебе. Па дури и „божјата рака“ си има граници, макар била од ридот. Оти, шминкерите ќе те разубават, ама и тие имаат граница, не се волшебници…

Епа, Зоки се извесла, потпиша се’ што му понудија за да дојде на власт (едни врапчиња велат дека БГ и Преспа договорите биле готови далеку пред 27-ми април 2017-та), па така потпишувајќи на слепо кога ти гори под нозе од сите Глобали, поткупи, Цареви села, тендери и криминали, претерал со парафите. Арно ама, „карма ис а бич“, велат туторите му, а што е кучка кучка е. Право си е. Особено ако слепо веруваш во неа, а не ја создаваш. Македонската „фатум“ и дефетистичка прикаска: Што да правиш, што ќе правиш, тоа ти е…

Епа, не ти е. Гомнениците секогаш испливуваат на виделина, вели историјата која некој не ја чита, а толку многу сака да ја менува. Таксират, голем…

Е, сега, најдени во тесно и фатени по стоти пат во лага за датумот шапшалски, на екс Бихаќка го стиснаа копчето и наеднаш, ко кловнови од кутија, македонската јавност ја навасаа дузина пуленчиња и заевобранители. И така, лешинарите на „дугме’ се рескрилија со „силната“ инстант македонштина во себе, која никој никогаш не знеал дека ја имаат во себе. Ниту тие самите, многу веројатно. Абе чудо, каков наплив на „патриоти“ доживеавме, кој од кој посороспија до вчера, ама прилагодливи бре, мајку му стара. Народот, сончогледи или бојници ги вика…

Па кудеа по лошата Бугарија, па кукаа по непринципиелната Софија, па види-види, Дерала го распна Каракачанов пред кој и Заев стои мирно, па Захариева не била Шеќеринска рече промуќурно реинкарнираниот Андов, па Тричко, Мичко, Ерол, Мерол, Васиљ, Поликлинико, Блажевска, Горанчо, ауууу. Поплава од реинсталирани довчерашни комуњари кои до завчера патриотизмот со немиеност го споредуваа… Во еден глас, сложно и монтирано, сите пусти комуњарски телали орно се јавија, залелелкаа, па заплукаа орно и теледиригирано по Бугарија, пуста да остане.

Оти, не е Зоки крив што десети пат лаже за датум, јок, никако. Не е виновен Заев што идиотски договори потпишувал, уште помалку ЗЗ врховниот згрешил што лажел дека затворил прашање со соседи давајќи им се што тие националшовинистички копуци сега, очекувано си го побарале, неее. Јок, па човечето доби награда среде Берлин?! Ало, па тој е супер, за човекови права му ја дадоВа, еј?! Алооо, прекрасен човек е, па и на една екс режимска ТВ во живо пренесуваа, видовте. Епа, прав е тогаш, скроз…

Сепак, најсмешни беа инстант – патриотизираните „професионални“ македонски „новинари“, толку изнасилени спанковци кои ни кога име сменија мува не ги лазеше, ама сега „на копче“ и по принципот „позови пријатеља“  распалија по Софија, најверојатно во натпревар кој ќе биде следниот портпарол или шеф на кабинет. Такви 20-на минативе три години веќе се вдомија по кабинетите, кој од кој „попрофесионален“, ултра објективен и максимално непристрасен. Ајде бе сиктер, измеќари…

Прашајте ги и „странските“ им перачи ко оној Флоријанот зевзечки кој мисли дека Бибер се става во секоја комуњарска манџа од кујната на екс Бихаќка, како и друга редица ФАЦ-ови, мацови и други реминтенди на ВАЦ-ови кои последните две недели го перат задникот, ликот и неделото на врховниот им азган.

Да, стравот не е заебанција. Свесни се дека влогот е голем. ВЛОГО, би рекол црпнатиот им лидер. Последиците по паѓањето од власт, велат, ќе бидат сериозни и неминовни. По толку чепкање каде што не треба, тоа е тоа. А тие си знаат. Исто ко што знаат дека лагата за ДАТУМО си има свои консеквенци, ко и се’ во ЖИВОТО.

Ама дечки, џабе ви СВОЗ за Зокија и компанија. Бадијала СИТЕ ВО ОДБРАНА И ЗАШТИТА и сијасет сороспијски перења на филијалите од странство. Не си го потценувајте народот, особено кога правите финти адресирани на приматели, индолентни и инфантилни ко креаторите ви преценети.

И не глумете ко оној Никола Димитров кој се фали дека ја напуштил собата кога Каракачанов и Захариева не’ нарекле „некаква“ нација. Аууу, и тој се помакедончи. Ајт таму. Гарант, стоел мирно, на трепавици или правел склекови, што му кажале де.

Не се брукајте на заминување. Останете си горди комуњаро-неолиберали до крај.

Добро, уште да знаевте што е гордост де.

Се’, правете што ќе ви текне, ама не глумете Македонци, аман. Ко слонови во продавница за стаклени украси сте. Бевте најголеми Југословени, сега по ново – демек Европејци. Македонци, никогаш…

И сфатете веќе еднаш.

Македонштината, едноставно, не ви прилега…

Коронавирус