сабота, 10. април 2021. Вести денес: 48
home Колумни

Северна пародија: Попис среде полициски час?!

Северна пародија: Попис среде полициски час?!

Северната пародија на Заевци се движи кон крешендото. Не верувате? Епа, Попис во полициски час е една од најновите зезалици, специјалитети на кулинарските мајстори на бандата од Бихаќка.

Епа, верувале или не, ама оној отпорниот ко куче Караџовски, кој можеби бил и мечка,  се разбуди од зимскиот сон и сфати дека секој ден умираат десетина, а по 700-800 се заразуваат, па во паника се јавил кај менторот Филипче (оној советникот на Тодоров де). И така екс советникот на министерот смрт, кој сега „увелико“ одработува за „Животот“ на СДСССС, побарал од ЗЗ и Владата полициски час од 22 до 05 часот наутро?!

Неее! Полициски час среде Попис?! Па ова го можат само дечките од северната банда. Уште поинтересно е што сето ова доаѓа во исто време кога Зоки Муртински нуди влада за наводен национален спас во замена за смена на опозициски лидер? А министерот Смрт прифаќа со акламација? Чек, чек, оној истито Муртинхаузен кој пред пет дена се фалеше со доверба на влада? Хммм, оној со стабилната економија кој пред четири дена се задолжи скоро една милијарда евра? Зборуваме за Зоза Загрижениот од НАТО членката кој вчера со српски авион ги доби првите 3000 купени вакцини од Русија, а претходеа подароците од „диктаторо“ Вучиќ? Оној Баба Ванѓа Зоки кој најави драконски казни за обвинетите во „Титаник“ ли? И точно  дека е правдољубец. Многу љуби да ја одредува „правдата“, поправдољубец, здравје…

И не, не се контадикторни. Дилајли се. Исто ко оние дечиштата неспособни Николовски и Маричиќ кои си играат антикорупционери и министри, а ни за камај и жмурка не ги бива…

Зборуваме ли за истите оние биљмези кои сега откако го одбија, лажат дека не го планирале Фрчко за амбасадор во САД? Па нели ви текна дека никој не сака маже што тепа жени, деца по паркинзи, со 7.000 афери, со нерешен атентат на претседател, со сменето име и знаме во мандат, познат по коњи и Реј бан? Не, не ви текна, оти сте дилајли, и тоа е факт…

Ве исшамараа САД, преходно Фридом Хаус, пред нив Транспаренси интернешнл, па Економист, па УНЕСКО, па Галуп, пред нив Франс прес, пред нив ГРЕКО… Итд., итн., и др….

И знаете зошто нема да станете светски синоним за предавничка влада, а Видкун Квислинг ќе куртули и ќе си остане знак за препознавање на најантинационална гарнитура? Не, не се крстиме во Уставен за Северна, не џабе Лошила Кацарска ја насадивте таму…

Квислинг ќе се спаси затоа што Заевци ќе станат светски синоним за апсолутно најнеспособната влада, па предавството ќе падне на втор план…

 

П.С:

Ви текнува на филмот „Вечера со шутракот“, каде секој со себе си носеше по еден биљмез и победуваше оној со најшутракот?

Епа, кога би морале да се изберат од политичари , знаеме кого би одбрале за победа.

Само и само така и би биле победници. Инаку, во секој случај и на секое поле сте губитници, лузери.

А и ние со вас…

 

Коронавирус