сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Колумни

Северна на МАКЕДОНИЈА нeма да ӣ пропишува закони

Северна на МАКЕДОНИЈА нeма да ӣ пропишува закони

Насловот е одговор на македонскиот народ и моја честитка по повод 8-ми септември – Денот на независноста на Република МАКЕДОНИЈА. Истовремено е и универзална порака до власта дека како минува време така гневот и отпорот сé пожестоко ќе расте во одбрана на суверенитетот, независноста и сите други атрибути од државно значење, име, јазик, идентитет, историја.

Одговорот е јасен, прецизен и недвосмислен, упатен кон сите оние кои на својот народ и татковината во последниве три години им направија толку големо зло, што со сите сапуни, прашкови и детергенти не можат да го исперат својот образ извалкан со смрдлива кал. Се однесува во прв ред на премиерот, неговите министри, коалициски партнери, сателити, вазали и малодушни самонаречени елитисти кои наместо глави со здрав разум на своите рамена имаат лимени барабани по кои удираат петто класни тапанари со што вашиот разум и расудување сте ги ставиле под кирија за многу ефтина наемнина.

Одговорот се однесува посебно и за министерката за правда која грубо го нападна ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Одговорот важи и за сите заслепени подржувачи на капитуланскиот Преспански договор.
Секако, овој одговор го заслужувате и затоа треба да го доживувате како казна. Од сега па натаму, во вас никој нема да гледа, туку ќе гледа низ вас како да сте воздух и тоа загаден, опасен по здравјето на граѓаните на Република Македонија, погубен за народот македонски и загрозувачки за опстанокот на татковината.

Можеби казната ви изгледа блага, но како минува времето ќе станете свесни дека оваа пресуда е најтешката робија што ја изрекува народот. Ќе се затворите дома, ќе ви е срам да излезете пред комшиите, пријателите, познати и непознати. Нема да ви се оди на свадби, родендени, имендени, училишни приредби, прослави, спортски и културни натпревари. Кога ќе тргнете на работа нозете ќе ви се враќаат назад.

Нема да ви изрекуваме казни, не затоа што не заслужувате, туку затоа што сме различни од вас. Ќе живееме оддалечени едни од други, пукнатината ќе се шири за жал, но и за осознавање. Вие со вашите гревови и срам, ние со нашата чест и слава, ќе се среќаваме, ќе минуваме, ќе се разминуваме, дури и ќе се поздравуваме, само што вие ќе венеете како цвеќе без вода, а нашата идеја силно ќе свети како топлото сонце македонско.

Таквиот живот ќе го исуши вашиот дух, а утеха ќе барате само во полните стомаци и дебели задници.
Со текот на времето ќе исповедате и покајание, како што тоа го направи вашиот духовен татко, осведочен непријател на ВМРО и на сé што беше патриотски определено.

Имено, во една прилика, во пресрет на изборите 1998 год. зачудувачки призна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додавајќи дека најголемата негова грешка во неговата кариера е што не сфатил колку ВМРО е длабоко е врежано во свеста на македонскиот човек.

Народот наш македонски секогаш бил умен и свесен за степенот на својата одговорност. Никогаш не го гледал само пилето, туку и седалото. Затоа и скорот во победи е на страна на ВМРО-ДПМНЕ и тоа 17:6 со два референдуми исклучително изгласани во корист на татковината и скоро 300.000 собрани потписи за предвремени парламентарни избори од потребните 150.000, кои пак со вашата “демократска“ совест брутално и противуставно ги прогласивте за неважечки.
Нема причина да се сомневаме во правилното расудување и одлуката на македонскиот народ на претстојните парламентарни избори дека ќе даде огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, прво за избавување, а потоа и среќна иднина.

П.С. Господине претседателе, Христијан Мицкоски продолжи да газиш цврсто со високо крената глава и со бистар поглед кон иднината и да стигнеш до целта што ќе ја израдува македонската нација и сите граѓани. Не се осврнувај на нападите од ништожници. Тие тоа го прават затоа што не можат да бидат како Тебе.
И во оваа прилика ќе ве потсетам:

Ако тргнеш да одиш дома и ако застануваш на секое куче што ќе залае никогаш нема дома да стигнеш.
Истовремено Ви ги пренесувам честитките мои и од моите сопартици за величествената објава дека на секој оној што ќе каже дека ВМРО-ДПМНЕ не е со народот ќе му ставите крај на неговата политичка кариера.
Да си со народот е голема привилегија и одиш по ѕвездени патеки. Без народ си без душа. Без душа си кукла со која може да управува и тригодишно дете.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОВЕНЧАН СО СВОЈОТ НЕПОКОР.
ДА ТАТКОВИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, СЛАВНА И ЗАСЕКОГАШ ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

 

Ламбе Арнаудов