среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 77
home Колумни

Сељачкиот чалам на Зоки Бемве

Сељачкиот чалам на Зоки Бемве

Си бил еден Зоки. Се родил во едно преубо село, чие име, благодарение на него, подоцна му омрзнало на народот во државата во која живеел.

Таа, пак, пустата, да ти се викала Македонија. И останала таква. За век и веков. За секогаш. Со идиотска придавка била и останала само во умовите на Зоки Бемве и неговите сурушки следбеници. А тие да ти биле копи-пејст на црпнатото чедо, лукративни битија кои во животот ги занимало само едно нешто. Парите. Денари, долари, евра, фунти, леки, круни, рубљи, пезоси… Не е битно, пара да е…

Ај што ти бил антинационално скроен, затоа што зборот ПАТРИОТ ко малечок го разбрал ко ПАРИОТ (пари од, со едначење по звучност на „Д“ на крајот), па затоа многу му лепеле рачињата. Па глобалисувал, поткупувал, пучеви спремал, имиња менувал, устави кроел, двојазичности носел, се’  и се’ само за да го наполни чекмеџето. А тоа пустото, веќе не збирало. На мака се нашол, па почнал имот и азно да сели во иностранство. Бил парадокс на две нозе, Едип со Електра комплекс, па и ебал мајката на татковината….

Проблемот бил што немало кој да го казни. Народот му, цела историја шиканиран, непризнаван, угнетуван и разнебитуван веќе немал сила, ни волја нешто да промени. Па си паднал во една тешка депресија. Апатија завладеала насекаде, саде тмурни и нервозни лица обитавале во државата македонска. Немале сила ни пенкало да подигнат, па така, постојано си ја цементирале  судбината и се засидриле со прамецот на страната контра јужната…

А Зоки Бемве со железните опинци само тоа и чекал, па аздисувал ли аздисувал. Така и сега, откако пискотници за избори се слушале од Вашингтон до Брисел, плачеле, кукале, цмиздреле и липале до бесвест, сега Барон Муртинхаузен се закотвил на одмор. О пусти чалам. Симболично, до Илинден. И ни помалку ни повеќе, го терал во прекрасната Преспа, која ја изгнасија со Нивици. Е, во Нивици брат му Ципрас не го пуштал, па морал кај Борјана од Брајчино да ојт, маки…

Само, сето то ок, туку некој да му кажеше дека како екс премиер и лидер на партија, дека е невкусно и ич не му личи со госпожата истоимена така озарени „со заби“ да се сликаат со Бемве маички (Бемве е сељачкиот изговор на BMW), арно ама, да знаеше нешто за етика, тоа немаше да биде Зоки Бемве, нели… Или, ко шо си е по парите, можит пустиот и да рекламира за некаква си „надокнада“. Ало, ЗЗ е ова, со него се’ е „могуќе“, не го потценувајте три пати аболираното чедо, од се’ вади ќар…

Еј, да бееее, имаат БМВ мотор од 60 илјади евра, тоа ќе да било. И некое ауто од таа ексклузивна марка, разбира се.

Епа, ајде тогаш, облечи си ги и Бемве патичињата, Бемве панталончињата или бермудите опашани со Бемве ремен, стави то Бемве очилата за сонце и бувни ја Бемве капата. Ах, да, и часовникот Бемве да не го заборавиш случајно…

Така, сите гарант ќе дознаат што возиш. А ко ќе го возиш Поршето на Вицепремиерот, тој комлет да ги носиш. За Мерцедесот и Аудито, сигурно имаш бекап гардероба и салтанати. Да, не дај Боже, некој да не сфати ил да заборави шо возиш и колку пари имаш, вака си е сигурно, цццццц…

Иако, BMW гардеробата најмногу му одговара на вокабуларот, стасот и стилот, несомнено.

Гарант не му ни текнало, ама Фројдовиот комплекс функционира и испливува на различни начини…

Бем-ве шуто и рогато, бем-ве народот, бем-ве името… Ви текнува?

Да, Зоки Бемве…

Коронавирус