сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

СДССС тарапана во време на корона

СДССС тарапана во време на корона

И таман помисливте дека сте го виделе врвот на нечија евтиноќа и политиканство, а тие секогаш успеваат да ве изненадат и демантираат. Мајстори се, нема што. Танцуваат и блескаат, ГМО комбинација на Патрик Свејзи и супер нова…

Уште еден доказ дека нема и нема ни да се има дерман од чедава возљубени во парите, моќта и власта, несветото тројство на СДСС, е веста дека среде вонредна состојба и црвена фаза во битката со коронавирусот, дилајлите антинационални најдоа за сходно да трошат пари за да го сменеле ликот на парите кои ги немаме ни за лек?!!??!?!

Алооо,  знаеме дека сте политиканти, ама дали сте бре нормални?

Во време на корона, Владата на опортунистичкиот Гуливер востоличена од лукративците и Лилипутанци по човештина од екс Бихаќка, без срам и перде си донесе две толку есенцијални, толку неверојатно „битни“ одлуки за опстанокот на нацијата, граѓаните и државата…

Блазеси ни. Да не беа тие одлуки, гарант и немаше да опстанеме, нели.

Како поинаку да протолкувате што со сиот ум, во време кога полицајците, лекарите и војската гинат на терен без или со никаква опрема за заштита, на владина седница се носи итна и безобразна одлука за исплата на плати за СЈО и за промена на името на државата на банкнотите!

Побитна работа во државата нема, не е битно што не очекува финансиска провалија и аждер кој се кани да ги проголта платите, пензиите и илјадници работни места, најбитно е да ги нахранат своите подизведувачи на антиправни ѓурултии од СЈО и нај, нај, најбитно им е да го сменат името на државата на банкнотите?

Е сега, комуњариве демек ќе и праат ќеф на Грција?! Пак ли? А и таа заглавена во пандемијата нема ни да примети што Заев и северниот им сосед им „учиниле“. Јок. Не ќе да е до и за Грција.

Па што бутур ги зафати антинационалниве и корисни идиоти недоквакани?

Аха, даааа, ви „светна“ ли?

Ја користат маглата и зафатеноста со короната за да никој не ни примети дека некој пари и име сменил. Стара комуњарска финта. Сигурно пукаат од мака зошто короната не дојде порано – кога беше референдумот и смената на името, уште полесно ќе ја протуркаа идиотштината, не ќе мораа толку да уценуваат, затвораат, лажат итн. итн. итн…

Супер дигресија им е коронава, абе фантазија и нирвана сдсссовска – сега можат да направат што си сакаат, башка со вонредната состојба си ги имаат и овластувањата. И никому ништо. Ни лук јал, ни корона мирисал, ќе си средат се’ за до избори, бонбона бизнис колку сакаш. Милина…

Нема да не зачуди ако покрај тоа што ќе штанцаат нови пари со северната глупоштија, ги шанцаат и за да во матното ги има повеќе. За кого, тоа се подразбира.

А гарант не е за полицајците, лекарите и војската. Видовме кој им дава заштитна опрема на ординации, амбуланти, здравствени домови и затвори – прекрасни хумани дечки, Филипче не ќе да е.

Порано блескаа, сега пак одлично танцувале.

Игра, денса, танцува малу – па оп трк во тарапаната на екс Бихаќка да исштанца некое милионче. Па трк назад – глуми држава и одговорна влада на Илинденска. Абе, мултитаск. Да, замислете го само Спасовски како со чекичарот Заев денса во „Валканиот танц“. Кој е Патрик Свејзи јасно е, нели…

А ако се прашувате чуму антиталентиве политикантски толку бедно и евтино играат и танцуваат ко со две леви нозе, сетете се само дека сценографот и режисерот им сега нема време за нив. Играат „на своја рака“ и ко што знаат и умеат.

Мецената има и свои проблеми. Тој се занимава со коронавирусот, не ко нашиве со штанцање пари и танцување по нервите на народот.

Да, невидено, дегутантно, антинационално и крајно нечовечно. А толку добро им прилега.

СДСССС ТАРАПАНА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА…

Коронавирус