вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Колумни

СДССС рецепт: Преку Гоце до химната?!

СДССС рецепт: Преку Гоце до химната?!

Две муви со еден удар…

Хммм, дали ова е ниетот на комуњарската збирштина на екс Бихаќка во имагинарниот Северистан? Со едно „решение“ да си средат два големи проблеми? „Могуќе“, башка, многу личи на нив. Проѕирно до бескрај, или што би рекле ајваните „транспарентно“…

И така врхушката на СДССС влезе во филм да го прави Гоце Делчев Бугарин. Не дека немаат скрупули, тоа на страна, туку толку им сече на дилајлите зинати по пари и моќ. Па така ќе сме влезеле во ЕУ?! Преку Гоце? Абе ајде, гитла…

Ви стребала вам ЕУ и систем во државата. Вам ви е најдобро и најубо вака, во беззаконие и хаос, главните одлики на Заевиот пашалак. Суперишка, лов во матно, фаќање тендерчиња, фондови за иновации, па унапредувања, па вработувања, па и – оп министерче некој ќе стане…

И една работа, простете на мала дигресија, не ли ви е чудно што многумина од „новокомпонованите“ и највисоко позиционирани СДСССовци личат на ЗЗ, а? Слика и прилика, Љупче, Костадин… Френеологија ли беше науката? Или ги создава ли црпнатото чедо според ликот свој. Да, има логика? Некоја муртинска, ваљда…

Иако, главна и најбарана особина и квалитатив за суперподобност кај секого е да го боли увото за државата, историјата, нацијата.  Е, тие се на цена сега на екс Бихаќка. Со злато ги плаќаат. Преку тендер државен де, нормално, нема североидите да бркаат во свои џебови…

Сфатиле, башка, генијалците СДСССССовски дека со бугаризација на Делчев ќе се спаселе од две маки, ќе „испунеле две обеќања“.  Докажано.

Првото до Бугарите, она за што Заев и Стево му гугукале и цмиздреле на Борисов, дека ќе го „средат“ проблемот со Гоце, само и само да не не’ кочат за ЕУ, која и онака ќе не мафта два-триесе години со преговори.

Другото е ветувањето до Албанците. Да, да. Ви текнува?

Па химната драги мои, онаа што Зоки мора да ја „мења због заради обеќања“ дадени до Алија, Касами и шира коалициска компанија.

Ако го стокмат Делчев за Бугарин, химната со „…Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…“ ќе биде излишна и „аут-дејтед“, па „добриот“ Заев ќе мора да је пензионира. За доброто на сите, се разбира. Северна класика…

Чинот на соопштување во Влада, гарант ќе биде со тажно, плачливо Зокиево фацуле, каде со тешка мака ќе ја испрати химната во историја. Ден кога дефинитивно ќе ја испрати и Македонија во историјата.

Ќе ја испрати???

Ако му дозволиме де. После се’, па нели е крајно време да ставиме крај на оваа распашана, североутопијска, криминогена, зеленашко- лукративна и антинационална банда?

Ајде, да ги пратимево историјата. На онаа грдата страница, каде Зоран Заев и компанија ќе му прават друштво на Видкун Квислинг, маршал Петен и остала петоколонашка багра. Да, истата таа историја што  Мутринско-Вишиевската влада насадена на Илинденска бр.2 толку милува да ја менува, банда стокмена само и само за да ги реши сите проблеми на соседите и креирана за да избрише еден МАКЕДОНСКИ народ, една МАКЕДОНШТИНА и една МАКЕДОНИЈА. Оти, без Гоце, Северна е гарантирана и зацементирана.

А тајмингот? Тој е секогаш вистински, нека  не не’ плашат со судбината на патриотите од 27 април. И за нив ова е насушно потребно.

Да, и есента е одличен термин за македонска пролет. Камо да беше до годишното време, до нас ќе да е, нели…

Гоце Делчев загина на турски пашалак. Ќе дозволиме ли неговите бесмртни лик и дело да загинат на Заевиот пашалак???

 

Коронавирус