сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

СДССС хејтерска кампања во време на корона

СДССС хејтерска кампања во време на корона

Во време-невреме кога Македонија и светот се борат со злото КОРОНАВИРУС и сите, кој колку може и умее, даваат свој придонес во справувањето со заразата, СДСССС и натаму не пропушта да поентира, каља, девалвира и најважно, да не прифаќа критика.

Да, безгрешните фејк-демократи не знаат да прифатат сугестија и критика, макар била за подобро. Не можат, и што е право не знаат, да излезат од своите зачаурени позиции, заборавајќи дека ова не е време за политиканство и партиски поени, туку за заедништво и обединување во битката со заедничкото зло наречено Ковид-19.

За жал, медиумско-твитерско-фејсбуковските им пера жестоко хараат по просторот со невидена мера на омраза и гадости. Бљак се хејтерчињата соросоидни од човештина оперирани. Побљак здравје…

Факт, наследниците на методот Преки Суд и резултатот Голи Оток не се калапени за заедништво и обединување, па научени да шират пизма и лажни вести со кои кариери партиски направија (Мартин Нешковски, Никола Младенов, малата Тамара, Смиљковско Езеро итн.) не успеваат никако да излезат од востановената фејкерско-хејтерска матрица. КАМПАЊА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА. Тоа па тоа, рамбоамадеусовско едно те исто, удри по другите, лажи, куди, девалвирај, дефокусирај, прави се паметен. И кога очебијно не си…

Алооо, хејтери, не сте бре на избори, макар доаѓале наскоро. Главната работа во животот не е да дојдете на власт, туку да живеете, да живееме, да преживееме, сите. Во моментот, за тоа се бориме, нели?

И дај врзете си ги тоа кучињата медиумски и пропагандистички, од кои стомакот ви се превртува наутро, напладне и навечер, акмаци неписмени кои така жолчно навежбани во овие денови тешки и вирусни шират само дополнителна зараза на омраза (не дека некогаш знаеле и поинаку) и кудат по опозиција и секој кој ќе даде совет или ќе критикува.

Демек, супер сте реагирале, а? Абе чеда безгрешни вљубени во моќта, власта и парите, не реагиравте, тоа е факт, а ако признаете нема да пропадне светот. Ту-ту, ако паднете од власт, страшно. Ќе „пропадне светот“ ако не се избориме со кијаметов, не ако вие не останете на власт. Тоа второто ќе ве боли само вас. Да, некој ќе се пресели во Шутка на определено време, некој ќе остане без тендер, ама живи и здрави да сме, тоа се’ минува. Ќе ви помине и на вас. Ќе научите на грешките за доброто на сите, не само ваше биљмези…

А дека блескате, демантот од жариштето Дебар пристига. Да, факт е дека поради катастрофалната реакација на властите така лесно мина автобусот со заразени патници од Италија, не поради граѓаните, не поради опозицијата, не поради оние што не го милуваат Филипче. А, да, и докторица Цаца ви е супер, многу „промуќурна особа“, срам невиден…

Сега, во ова таксират време-невреме, секој што ќе ви укаже на грешка станува мета за отстрел и ширач на лажни вести, па наместо да го послушате советот и да се запрашате дали грешите некаде, а не сте безгрешни, вие на дугме контролираните хејтерчиња во хајка ги пуштате и дефокусирате. Или ќе речете не, тие сами тоа? Па врзете ги де, укинете им некој фонд непрокопсан. И не се крстете во оние советници од ридот. Тие сега имаат попаметна работа од совети за вас. И тие мака си имаат своја. Хмммм, на тоа ли се должи хајката на хејтерите неконтролирани, оти на своја рака работите сега, а?

И аман, Заев нека престане да се фали и да се понаша ко Тито, па од него мерки владини да дознаваме за кредити неплаќање, за небркање работници и каква ли не добрина владина. Доста со тој евтин комуњарски популизам, луѓе доста е, прекинете со политиканство. Демек, сега сите ќе речат, ауууу, абе овој се опраил, абе супер бил, може име , устав, историја и јазик ни зеде и урниса, ама лелелеее, сега се’ ни даде, ни помогна пустиот. Абе ајде, преевтина прикаска, премногу дури и за Тарантино…

Аман, тргнете ја тоа дилајлата антинационална од екраните, само народ нервира. Никој не сака да го види, а не мерки владини од него да слуша. Скријте го некаде, не е полезен во ситуацијава. Колку и да можеби се ОК дел од мерките (а треба многу, многу повеќе), од негова уста ко ќе ги чуе народот мозочно „немиен“, не допираат до никого.

Чоечето три пати аболирано е само претседател на партија, дајте му на техничкиот Оливер нека се кити со перјата вонредно-владини, не не’ гњавете со чедото муртинско и неговите „дарови“ за народот, небаре во џебот муртински брцнал и од негови пари раздава филантропот зевзечки…

Да. Телалот Заев и неговото право. Гласникот на владата која сега има ПРАВО ДА ПРАВИ СЕ’ што сака, благодарение на Ковид-19. А неговото ПРАВО го видовме и гледаме. Замислете само, во земја со вонредна состојба, со сите затворени граници, аеродроми, со делумен полициски час и ограничео движење и собири, судењата си тераат без проблем?!

Не мора да си Ајнштајн, ни Тесла. Тука најдобро се гледа кој што и мисли на државата. Па да бевте макар трунка малку полуѓе и загрижени барем трошка од она што го тврдите, немаше партиски пи-ар да терате и вмровчишта „клети“ да судите до последен ден,  држејќи го како можен извор на зарази судството и судниците.

Што сакате да кажете, дека Кацарска судиите и Рускоска обвинителите се некои ГМО мутанти, надлуѓе отпорни на вирусот? Добро знаеме дека дел од нив се нелуѓе според емоциите, емпатијата и чувството за правичност, но не се имуни на Ковид-19.  А што со оние „другите“ што не ви се на платен „списак“ – адвокати, обвинети, сведоци и невини судски службеници, колатералка ли можат да одат на вашите потреби од пресуди? „Мање важно“, а? Оти, кога и да е, избори ќе дојдат, а знаете дека по нив м’цки што ќе можете ко опозиција да влијаете на судската власт, нели?

И кажете им на оние стартезите ви сурушки со фабричка хејтерска грешка да престанат да плукаат по секој што ја критикува СДСССС и владата и да не онанираат на фактот што сте имале извршна и законодавна власт. Тоа не е баш за фалба, тоа го донесе ситуацијата грда со короната, не дека сте најубави. Најдобри уште помалку. И да, ако некогаш било – сега е вистинско време за експертска влада, а не тука со ингеренциите дарени од корона да се фалите. Никогаш не ни победивте на избори за тоа!

Последните месеци на владеење, дарени сега од короната, искористете ги умно, исперете се барем малку за сите антинационални и нечовечки глупоштии сторени во минатите три години, иако, реално, ни Вардар не ве пере.

Аман, не заминувајте си ко што дојдовте…

Коронавирус