недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

СДССС функционери отпорни на корона и Таполегов неотпорен на антикорона

СДССС функционери отпорни на корона и Таполегов неотпорен на антикорона

Човек учи додека е жив. Секој ден. СДСС пак во еден ден не’ научија повеќе работи. Неверојатни и тешко восприемчиви за мозочно немиените обични смртници, ама гола вистина за нив.

Да, во еден ден хунтата на Зокија успеја да ни долови два толку есенцијални и битни моменти, кои ја дообјаснија нивната огромна желба и „предодреденост“ за власт. Ете каде лежел зајакот…

Не во Муртино, туку во нивната божествена генетска конституција. Функционерите на СДСССС да ти биле отпорни на корона. „У ствари“, нив бутур да не ти ги фаќал, ама од ништо. КОВИД-19 за нив бил играчка, ама „мачји кашаљ“ што би рекле северните соседи на северизираната и отапена со нечии глупоштии земја.

Ахааааа! Затоа тие ти биле предодредени да владејат. Сега, барем е јасно. Одлуката на Гуливер Спасовски, поткрепена од Заевите Лилипутанци во владата – ДА НЕМА КАРАНТИН ЗА ВЛАДИНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ПО ВРАЌАЊЕ ОД СТРАНСТВО ни објасни тоооолку многу работи. Фала за одлуката, конечно, сфативме…

Тие, отпорните на корона, ќе си шеткаат по светот, ќе си одат каде што си сакаат, а ние обичните смртници, ќе си тераме карантини без фамилии, со тестови, ќе дремеме по дваесет дена од ќеф. Па кој ни е крив што не сме родени со атеистички благослов од екс Бихаќка. Фер, нели.

И додека цел свет се мачи со барање вакцина и лек за короната, СДССС ги зезна сите. Ги скрши и испадна попапетна партија од сите светски научници, ги направи абдали. Абе мајмуни ги стори. Ама скроз…

Алооо, научници, СЗО и други дилајли, лекот за короната се крие во комуњарскиот ген, длабоко скриен во удбашката ДНК на функционерите на партијците на бизнис кооперацијата која го смени името, уставот, донесе неаргументирана двојазичност и е во фаза на менување историја и јазик на цела една нација.

А сите се прашувавме, како можеа, нели. Ете во што бил штосот. Ете како успејаа да го направат сето тоа без и да победат на избори. Оти биле надлуѓе, отпорни на се’, најотпорни на љубов кон националното и каква и да е емпатија кон сопствениот народ, без никакви чувства за патриотизам, историја, нација…

Ете каде чмаел Ничеовиот Übermensch, натчовекот чија основна карактеристика и според Фридрих е огромната волја за моќ. Кај нашиве комуњари, ја има на претек…

Можеби нивната натчовечка способност да бидат  отпорни на короната, пак, потекнува од тоа што се миени? Контра мозочно немиениот , друг дел на народот, кој Стево милува да го нарекува стока, а Заев има пуста желба да го „онадува“, се ноаѓаат оние од ск Бихаќка, мозочно миените… Хммммм, тука ли лежи лекот  за антикороната???

Еурека! СДССС ги засрами сите светски научници. Пак. Мозочно „миените“, оние испраните во мозокот не ги фаќала корона. Уште пак ако сте оперирани од емпатија и немате никакви скрупули за сопствениот народ, КОВИД-19 е смешка за вас, нели. Секоја чест, браво за СДССС што открија лек. Ваууу, неверојатни се, нели?

И додека функционерите на СДСС се отпорни на корона, видовме во исто време дека еден од нив е нетпорен на антикорона. Ама многу. Знаете, онаа првична фама која настана по појавата на вирусот, дека алкохолот е лек за короната, па го нарекоа антикорона. Изгледа, некој се’ уште живее во филмот на овој лек или, поверојатно, тое му е изговор.

Да, станува збор за скопскиот очув Таполегов, кој за сите пари се истресе глупости за нечие лудило и ненормалност, без исав, толку аполитично, кооперациски и крајно дилетантски. Добро, веројатно, не е тој виновен што џигерот одамна е изгорен и не трпи антикорона. Или сепак, тој е крив. Нејсе, но името му лежи, како само им светнало на кумовите…

Знаете, ономастиката (наука за потеклото и значењето на имињата) вели дека Петар значи камен. Нашево е помало, ама каменче си е каменче. Нека ми простат сите останати носители на ова прекрасно, библиско име, но кај очувот градски се погоди.

Колку случајно, нели, името се поклопува со македонскиот синоним за крајно алкохолизирана личност. КАМЕН, цццц…

Феномен. Истовремено, толку отпорен на корона како фунционер на СДСССС, а толку неотпорен на антикорона. Вистински парадокс на две нозе.

Да, карма из а бич, дефинитивно…

Коронавирус