среда, 23. септември 2020. Вести денес: 49
home Колумни

СДСС ќе си го затвори Заев?!

СДСС ќе си го затвори Заев?!

Секое утро во земјата која комуњарите се обидоа да ја преименуваат започнува со една тешка патетика. Едно те исто, небаре Рамбо Амадеус им ги пишува соопштенијата на екс Бихаќка…

Отии, само во Македонија повторувањето е мајка на лагата. Само во оваа наша уникатна, ендемска татковина, партиите постојано ја верглаат истата лага за да им поверувате. Затоа што од друга страна, сто пати кажана лага станува вистина. Па сдсссовците ова си го врзале во крпче и лажат ли лажат, повторуваат ли повторуваат, корнат. Башка што се гледа дека се „повтарачи“, од авион…

Така, секое утро ни почнува со ново соопштение на СДССС (М и Македонија воопшто не им прилегаат) во кое се вергла за правдата, законите, нивното почитување, бла-бла-бла-бла…

И утрово, уште нерасонети, во 7.00 наутро пуштија: „Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата!“ 

Уууууу, се потресовте, нели. Ве растреперија, гарант… 

Ај, дискутабилно е дека имало, уште повеќе дека ќе има правда, но ми се допаѓа муабетот дека секој кој се огрешил од законот ќе се соочел со лицето на правдата. Бидејќи, продолжуваат да верглаат „повтарачите“:

Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните. 

Епа, одговорна партијо, тогаш очекуваме да го укинете Кацарска судството и Рускоска обвинителството, да го смените чича Јовески и тој пустиот АКМИС да престане „случајно“ да ги  дава случаите на патриотите кај едни те исти клети судии на „дугме“.

Ах, да, и да го лоцирате името и адресата на Луј Витон торбулето на Бокија, да го повратите од  семејните обврски Дончев за да објасни еден рекет, како и екс генсекот ви Рашко, да го прашате Дака чија мајка бара во тетовско, Павле да објасни за „белото“, стипендијата да ја врати Димитров, Рада Пелинска да ја плукне конечно бомбоната со бизнис флејвр, Таполегов павер елементите, а и оние апашите од побратимската ДУИ да не ги заборавиме…

Не е на одмет и тајкуните кои цела црна историја ве финансираат, паралелно со главната Сороспија, да ги ’рчнете за приватизацијата, банките, антигони и целата плејада недејанија од минатото која ги создаде чудовишните парајлии од иднината….

Ах, да, и пуштете ги патриотите од 27 април. И онака не направија ништо, ајде доста го плашите народот со нив. Завршивте работа, или имате уште национални светии за продажба? Гарант имате, арабаџии политикантски…

Да, и дедето што ја скубна Пелиинска кој доби 4 години, контра моќникот кој уби сопруг и бебе кај Млечен и доби условна казна.Абе ајде правдољупци, сиктер таму…

И најбитното, Зокија да го вдомите во некоја КПУ.

Логиката е едноставна, ако ветувате дека секој кој се огрешил од законот ќе се соочи со лицето на правдата, Зоки ваш е одличен избор за старт на прикаската. Многу пати се огрешил, а само три пати е фатен со рачињата му во медот. Факт е, три пати аболираното чедо црпнато од нивата муртинска ќе ви биде одличен пример дека навистина го мислите тоа што го кажувате. Знаете одлично дека Катица може вода да му носи, со цистерни. Гарант и американската амбасада ќе го поздрави неговото затворање, веќе воспоставија таква пракса…

Епа, аирлија спроведување закон!

 

 

 

Коронавирус