недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Колумни

Сатрапски СВОЗ за Заев

Сатрапски СВОЗ за Заев

Замислете, Мицотакис имал фантастична идеја за решавање на македонскиот проблем со Бугарија??? Уууу, се потресовте, наеживте и расплакавте, нели? ОК, ова не е заебанција, ниту виц, ова се „надежите“ на Заев Корисниот кој, верувале или не, се крсти во „конструктивните идеи“ за решавање на спорот со Бугарија од „добронамерниот“ Киријакос, син на Константин и брат на Дора. Многу семејни прикаски во една, а? Хмммм, а која е историјата на нивните фамилијарни злодејанија кон Македонија? Не кон северната глупоштија на Заев, кон МАКЕДОНИЈА. Епа, неговиот татко е претседател на Нова Демократија од 1990 до 1993-та, владејачка партија во Грција при осамостојувањето на Македонија, кога се востоличени најголемите бељи кон нашата држава. А што ја краси сестра му Дора Бакојани? Епа, ветото во Букурешт во 2008-та, кога Македонија требаше да стане членка на НАТО, а кое вето не чинеше име, продукт на милата му сестеричка. И сега?

Е, сега истиот тој Мицотакис се скршил од „добронамерно“ мислење и да ти смислил фатастично, прозаично и најубаво решение за северниот му „љубен“ сосед со Бугарија, Македонија на чија тешка судбина целата му фамилија прави кариера минативе 5 децении??? Уууу, многу реално, потресително, душегрижнички и очекувано од еден ваков сатрап, а? А Зочето, е тоа да ти верувало дека е така? Цреп ко цреп? Јок. Уште полага, најлага, ко вестите и пропагандата им непрокопсана за Тамара, Нешковски, Младенов, Смиљковско, Диво насеље. Лоша, грда комуњарска навика…

Вистината е повеќе од едноставна, се гледа и од авион, па и од вселената. Единствената човечка творба видлива после Кинескиот ѕид. Ова е СВОЗ за Заев. Сите во одбрана и заштита на ликот и неделото на црпнатиот североиден премиер.

Замисли само, сега Киријакос и Радев ќе го спасуваат најкорисниот балкански идиот. Има и зошто, се’ е само не македонски. Знаат дека кој и да дојде по него, прикаската со северна почнува да се урива и распаѓа. Факт. Иако, и Зокиевата корисност (не за по дома, туку „меџународна“) е урнек со мнооогу подалечен домет од балканскиот. Треба да го клонираат, оти рецепт за толку успешен корисен антинационален идиот треба и мора да се зачува. За следните генерации сороспии…

И ве чуди ли што бандата на Зочето краде ко улава и секој ден ги фаќаат со рачињата во медот? Јок. Ве чуди што целата партија (каква и да е и колку да е кондомска) ја закити со свои полтрони и сиајсет мали Франкен-заевштајнчиња, кој од кој понеспособен и позокиев изум, а тие толку среќни и дилајли пустите?  Пак, јок. Изненадува ли што и во таа забегана СДСС се најдоа луѓе што рекоа НЕ на Заевите идиотштини. Јок и тоа. Ве фрапира делењето тендери и  аздисот со градењето хациенди со камења ко Баргала или комуњарски 8-ми чуда кои стопираат пат на цели села? Најјок…

Сепак, и од Заев да е, ама многу е. Премногу. Она, кога Петре Таполегов и Немила Царовска правеа глупоштии за да го отргнат вниманието од скандалите и аферите на шефот и не беше така страшно. Класичен дефокус, дигресија или стара комуњарска СДССС тактика. Таполегов руши триумфални, Александровци, универзални ли, Немила спојува историја со географија или дигитализира и ослепува деца македонски со таблети и лап-топи, било-поминало.  Знаевме и знаеме дека ништо од тоа нема да се обистини, тие се СДССС диско-апарати за сеење магла, малку поскапи, ама ништо што тендер со дрон не може да го „подмачка“…

Проблемот е кога Киријакос и Румен те спасуваат. Е, тогаш е јасно. Тоа значи, дека Зав заглавил за сите пари (мнооооогу, тешки милиони), па мора да повикаат пријател однадвор. А кого прво повикуваш во светот на „Евро за црквата, евро за Вицето?“

Епа, две во едно – најголемите сатрапи и најголемите ти должници, фацки кои не можат да ти се оддолжат ни следните два милениуми, ликови кои не можеле ни да замислат ни да сонуваат дека некогаш ќе се роди и најде еден таков биљмез, антмакедонисти кои за навек ќе го благосиљаат суртукот муртински од ридот им дарен, чеда грчки и бугарски кои ќе остават аманет и следните генерации да благосиљаат едно те исто црпнато презиме. Неизмерен и неочекуван ЛОТО-дар за секој Грк и Бугарин. Добивка наречена ЗАЕВ…

ЕУРО 2020

Македонија