вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 124
home Колумни

Мрачниот блесок на НИНАнајла Глупер, Ноќко МАЛЕровСКИ, Одродѓански и компанија…

Мрачниот блесок на НИНАнајла Глупер, Ноќко МАЛЕровСКИ, Одродѓански и компанија…

 

Човече влетува во УДБА и вика: Помагајте, ве молам, ми избега папагалот!

 -Господине, му свикува остро полицаецот на портирница, тоа не ни за редовна полиција, па ова е УДБА!

-Знам, знам, вели понизно човечето, но силно се оградувам од се’ што папагалот може да рече и ќе рече…

 

Шегата е краток опис на она што ќе се случува деновиве во СДССС и прецедничкиот кабинет по бисерите на Нинанајла Глупер, Денко кој се повеќе наликува на Ноќко Малеровски и Сребренко Одродѓански, на кои неминовно ќе им се надоврзат оној што тера се’ у Тричку лепу материну, Џабир Издерала, Јосип Броз Црничанец, Петре Тапчолегов  и остала елита партиска, возљубена во ширење на омраза кон ближниот свој.

Добро, фер е да кажеме дека во друштвото има и плавуши, кои едноставно, не мразат, ама не ни мислат многу-многу…

Како и во вицот за газдата на папагалот, така и врхушката на СДССС и Стево (кој и натаму тврди дека „никад не бил у партија“), ќе се оградуваат од наведените стратези и јуришници. Па тоа ќе бидат нивни лични ставови, па тоа ќе бидат изливи на емоции, па луѓето не мислеле така, па биле извадени од контекст, бла, бла, бла, бла…

Ќе се оградуваат ли оградуваат, а вистината е дека тие од кои ќе се оградуваат, исто ко папагалот, само повторуваат и кажуваат што мисли врхушката на партијата, т.е. газдите. Некој намерно, некој и поради Фројдовиот комплекс…

Освен лажното откажување од ѓаволот (во овој случај цела армија) хејтерската  банда ќе употреби уште едно, толку милувано им средство на дигресија. Се вика контранапад  со каљање на противникот, оти за нив безгрешните не може и не смее да се напише, или не дај Боже, да кажеш нешто лошо…

Да, секој непримерен лош збор за бандата и за нивните канибалски пулени и константни тресачи на зелени гарант ќе биде инструиран од некое вмровчиште, кому му наложил лошиот Мицоски, кој пак извршува задача од крадецот Груевски, кој пак е маша на тиранинот Орбан, кој пак е марионета на канибалот Путин, кој пак е под директна контрола на нечестивиот, кој пак е олицетворение на злото итн. итд. и др… Па ќе потсетуваат како било во „режимот“, како сега била демократија, па колку се тие тарнспарентни, т.е. провидни, т.е. проѕирни…

Едноставно, ќе притиснат на копчето и познатите „критичари на дугме“ ќе почнат да оргијаат по опозицијата, авторите, експертите. Отиии, за тоа се платени. Солено…

Затоа, очекувајте деновиве да има вистинска канонада и изблив на удбашки гнев. Наследниците на УДБА и ОЗНА имаат многу свои гомненици да затскријат и покријат, нема да им биде лесно.

Факт, црниот бисер на Нинанајла Глупер, која јавно им даде изим на газдите да отпуштаат вработени, башка што тоа е став на владата, не нејзин, па антинационалните бугарофилски перверзии на  советникот на Стеки, Ноќко Малеровски кој тргува безобразно со националните светии Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков, онанирањата на Сребренко Одродѓански со македоштината и останатата банда, не е лесно да се скријат. Жал да ви падне…

Не очекува жустар првомајски карантин преполн со изливи на гнасотија. Во најава…

Од хигиенски причини, игнорирајте ги.

 

Прогнозата е: Облачно, со услови за неумерен наплив на канибалски изливи на емоции, покачување на нивото на омраза и можност од поплава со партијски фекалиии…

ЕУРО 2020

Македонија