недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Колумни

Садо-мазо „љубави“, епизода втора

Садо-мазо „љубави“, епизода втора

Од кал да е, ама бугарски премиер или прецедник да е. Ова е основното мото на македонскиот шеф на државата кој нема-нема, па ќе падне во сериозен „љубовен“ транс кон некој висок бугарски функционер. Висок буквално, башка фигуративно. Таксират, но идилата со „високиот“ Бојко „љубави“ траеше кратко. Да, и него, заедно со бугарскиот лузер на годината – Каракачанов, ги фати македонската клетва. Па, разбирливо, љубовта од интерес пукна, како северна тиква…

А Стево наш да ти бил пробирлив, ама многу. Не се давал евтино. Само за датум. Оти, тогаш кога на Боле му рече „љубави“, с’штиот беше премиер, палеше и гасеше, а Стеки, освен омаловажување на „стока“ (читај сопствен народ) да ти милувал и моќ. А „љубави“ тогаш ја имаше, на претек…
Арно ама, чедото Борисово трасна од земја, што доведе до инстант ладење на западниот му обожавател со северни манири, кој сега имаше кусо време за да најде замена. Оти, без љубов, животот нема смисла, нели?

Опциите биле две во моментот – Стефан или Румен? А Стево, како многу промуќурен лик веднаш сфати дека Радев го востоличи Јанев, не обратно. Па, ако може цел живот да муља и лаже дека не е од СДС, партија која исто како и него се дичи со „Стокхолмскиот синдром“, чуму да не сфати и кој е помандрак од двајцава? Фер…

И така, би нова љубов. ЉУБАВИ де, извинете. Епизода втора.

А вкусот ист. И тој ко и првиот – Бугарин. Обата физички слични, височки и по става и по функција, на страна и физикалци – првиот избацивач, вториот војник. Двајцата функционеришта од првиот ешалон, едниот премиер, другиот прецедник. Уште подобро, колега. И уште една сличност, пак е садо-мазо љубов, и овој те блокира, малтретира, куди, лажира историја, ти бара тоа што не треба, уништува иднина на генерации Македонци, а ти „скакаш“ насмејан и мазохистички околу него небаре е најголемиот доброчинител за Македонија…

Како и да е, со романтика не мањкале. Се возикале и леткале со авиончето Руменово по светот, а Стеки нон-шалантно му „тепал“ на ТИ среде прес-конференции, промовирајќи јавно блискост надвор од сите светски протоколи. Па нема-нема, исто надвор од сите дипломатски правила – трчкал зад источниот му колега ко анамче (да се знае кој е муж), се смешкал, се топел, без преведувач ќутел ко залиен кога новата му „љубави“ зборувала дека говориме на СШТИ јазик, а тој пустиот се црвенел (РУМЕНел де) и едвај чекал да влезат во авионот и едно гласно „љубави“ да му рече. На само де. Да не пукне брука ко со Бојко кога го фатија жив како јавно му „тепа“ и ѕвезди му симнува.„Нема потреба од превод“ гукна Румен, Стево преќутно одобри. Познато е дека љубовта ги зборува сите јазици…

Да беше ромео-стевовскава „дешавка“ срцепарателна в Битола, ќе го крстеа ВТОРОСТЕПЕНИО или ВЉУБЕНИО. ОК, за првиот прекар, сериозен проблем околу авторските права би имал со Вицето на Зоче и со Артан Груби, кој сепак, освен како Второстепенио би минал и како Нежнио, толку чувствителен на орлиња…

И Стеки, супер е што си „тепате“ со комшиите, арно што давате македонски дресови по Папи, туку еднаш, за промена, вистински да го облечевте тој ист дрес и макар еднаш, само еднаш во животот да се излажевте и да изигравте со ЗЗ за МАКЕДОНИЈА? И за најпромена, еднаш да покажевте барем трунка гордост, чест и достоинство претставувајќи ја ВАШАТА ЗЕМЈА, наша МАКЕДОНИЈА???

Знаеме дека нема шанси. Затоа, ние мозочно НЕМИЕНИТЕ се гледаме в сабота пред влада, новото корзо за вистинските Македонци вљубени во една и највистинска љубов, во Македонија, онаква каква што ја знаеме и искрено сакаме.

За голема жал, овде нема абер од бендис за вашата Северна. Премногу е промискуитетна за наш вкус…

ЕУРО 2020

Македонија