понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 57
home Колумни

Конечно ќе имаме автопат Велес-Прилеп-Битола

Конечно ќе имаме автопат Велес-Прилеп-Битола

КОНЕЧНО ЌЕ ИМАМЕ АВТОПАТ ВЕЛЕС-ПРИЛЕП-БИТОЛА!

Најавата на претседателот Христијан Мицкоски кој несомнено ќе биде идниот премиер на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со која се обврзува да го реализира деценискиот, долгонајавуван и долгопосакуван автопат Скопје – Велес – Прилеп – Битола нè израдува сите, почнувајќи од жителите на овој регион, стопанствениците, туристите, инвеститорите…како и сите претходни и сегашни локални власти!

Обврзувањето за реализација на овој проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со кој истиот од фикција ќе премине во реалност по изборите на 12-ти април и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи и иден развој во секој поглед и заживување на овој регион, кој да бидеме искрени заради отсуство на соодветна инфраструктура беше „слепо црево“ во овој дел на Македонија и Балканот! Изградбата на овој автопат ќе значи:

1.Скратување на времето за половина час до главниот град Скопје;
2.Поголема сигурност и безбедност во сообраќајот (секоја година сме сведоци на многу сообраќајќи и жртви на Плетвар);
3.Намалување на трошоците за транспорт на стоки и усуги, што многу значи за стопанствениците во регионот;
4.Поголем и побрз економски развој на Пелагонија;
5.Поголема привлечност за инвеститорите и намалување на степенот на невработеност во регионот;
6.Намалување на миграцијата на населението и иселувањето од регионот;
7.Поголема туристичка атрактивност на Пелагонија;
8.Подобра и поефикасна поврзаност со другите региони и соседните држави.

П.С: Со реализација на овој автопат Прилепчани, Битолчани и целиот регион конечно нема да се прекрстуваме пред да тргнеме на пат за Скопје!!!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Колумна на поранешниот градоначалник на Прилеп и претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески.