среда, 8. јули 2020. Вести денес: 41
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

Реприза на „Среќна Нова ’49-та“, или беше ’94-та?

Реприза на „Среќна Нова ’49-та“, или беше ’94-та?

Кој е непреболот на секој Заевист и изгорен сдссмовец? Па удбашкиот „Сон во летната ноќ“ или реприза на 1994-та година, разбира се…

Секој поданик на црпнатото чедо најубаво заспива со мислата за повторување на единствената „фер“ и вистинска изборна победа во историјата на партијата. За нив непрежалената 1994-та година, толку „убав“ период за нив, лето Господово кога на избори победија без опозиција. Колку прекресно би било за нив повторување на истото дејание, вистинска удбашка идила. Абе чиниш нирвана.

26 години потоа, новопечениот уставобранител Заев ги реинкарнира идеите на СДСС за изборна победа и формирање влада како во времето на непрежалениот комунизам. Одиш на избори, а единствен таму те чека Заев. Во сакфандер ко Марсовец или не, не е ни битно, со заразени и жртви – уште помалку, битно е да победат, се’ друго е неважно.

Еднопартиски плурализам,  колку соодветен оксиморон за лукративните битија од екс Бихаќка. Враќање низ времето, кореспонденција со предците и минатиот систем кој толку многу го милуваа и кој толку длабоко е всаден во легално-правните наследници на комунистите, чиј имот и ден-денес го користат чедата возљубни во несветото тројство ПАРИ, МОЌ И ВЛАСТ…

Не случајно, „Среќна Нова 49-та“ има исти бројки како ’94-та, нели (1 9 4 9 =1 9 9 4). Годината кога ВМРО-ДПМНЕ  ЛДП се откажаа од избори поради изборни нерегуларности. Ама МеЏународна не реагираше, оти СДСС требаше да смени знаме, башка и име, во привремено. Привремено 25 години, БЈРМ, ви текнува. И да потпише договор со Грција?! Колку бедно се повторува ова историјава, нели…

А зошто би реагирала МеЏународна кога си има такви марионетки? Па протекторат е поим за независна држава кога СДССС владее, исполнуваат се’ што ќе им се каже, а цената не е битна, битно е да владејат. Па газат по национални светии, име на држава и Устав (2018 и 2019.г), знаме (1995.г), територијална  поделба (2004.г), двојазичност (2019)… Имаат долга традиција, грда ама толку богата со антинационални дејанија.

Е сега, можете ли да замислите што се ветува Зоки за да му дозволат да истера сам избори?

Па можеме, чувме од неодамнешната епистоларна преписка со европратениците, кога чедото црпнато им вети дореализација на договорите со Грција и Бугарија.

Аха, на ред се јазикот, историјата и националноста. Мал влог за Заев да владее уште четири години.  „Сиќа“ за Барон Муртинхаузен, Гуливер и Лилипутанците од СДСССС, а толку голем и болен влог за сите останати во државата. Минорен издаток за муртинскиот далверџија од ат-пазар, кој во пакет со светото македонско тројство ко изборен гратис ќе понуди и илјадници заразени од КОВИД-19. Овој пат толку Аврамејски, жртвувајќи ги своите сдсссовски чеда кои ќе мораат да излезат и да гласаат за „лидерот“. И да се изпозаразат, ама за каузата…

Да се надеваме, дека овојпат МеЏународна ќе се плаши од практични причини.

Надежта е во нивниот прагматизам, страв дека проширувањето на заразата ќе значи и понекоја зараза за нив, па ќе му врзат некоја воспитна на аздисаниот црпнат миленик. Аха, на тоа и наведуваше неговото исплашено и нервозно фацуле на прес-конференцијата по лидерската кај Стево кој „ко сидро ја влече државата напред“ (цитат од „Збирката црни бисери на ЗЗ“). Јес, фацијалната експресија го издаде немирот и „опасноста“ да нема брзи избори.

Факт е дека со досегашното владеење Заев не доведе до работ на нервите и на националната провалија. Верувам дека со „новата“ влада, доколку некако, макар и сам на избори ја добие, ќе направи уште еден, огромен чекор напред…

Парламентарни избори 2020