петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Колумни

Референдум за враќање на Македонија

Референдум за враќање на Македонија

Македонија пред Референдум. Неформален, но четврти по ред. Епа ајде, да биде 2:2 во односот – успешни и неуспешни референдуми, а? Не, не е преголем збор ниту претерување. Зошто? Затоа што овие избори не се само локални и од нив зависат многу работи. Она, кога будните Македонците решаваат за иднината на заспаните сонародници. Или, пак, беше обратно? Да, ова не се ниту евтини фрази, ни теории на заговор, ниту патетични прогнози и тра-ла-ла муабети, со Заевци работава е отидена предалеку, а со овие самобендисани и арогантни суртуци со IQ33 ќе оди уште мноооогу подалеку. Башка, видовме до каде не донесе бојкотот, време е за акција. Ако не на улица, на избори. А можеби и второто, ќе му помогне на првото.

Уште поинтересно, овој Референдум 2021 во себе соддржи не едно, туку многу прашања. Цела дузина. Не, не онакви манипулативни и суртучки ко што знае да ги смисли само СДСССС. Ова се повеќе од јасни прашања, без дуализми и двозначности во себе, без скриени северџански заврзлами и глупоштии. Се прашувате, за што освен за градоначалници и совети ќе се гласа на локалните избори/референдумот на 17-ти октомври 2021 година? Еве мал дел од референдумските прашања:

-Дали сакате Македонија да продолжи во северната, забегана и крајно понижувачка антимакедонска насока?

-Дали ќе допуштите локалните власти и натаму да ги водат безидејни човечиња со лепливи рачиња, кои „градат“ само на еден месец пред избори, клонови на нивните сопартијци од централната власт?

-Дали се согласувате специјалната рекетарка Јанева да си седи по дома со Бокија, генералниот Рашко да се шетка по улици, соселанецот муртински Дончев да летка по светот, фризерката Димова да си ги галка магарињата, затвореникот Кичеец да убива во сообраќајќи, Курто да тепа по канцеларии, полицајци да шверцуваат дрога, пратеници да шмркаат бело, три пати аболиран и бессрамен криминалец да продолжи да ви ја води државата?

-Дали сте согласни со вината на кабелот во тетовската модуларна болница, злосторник кој зеде 14 животи, а онаа медицинарската копија на ЗЗ, Филипче, без трунка срам и морал да си уживка, да се смее по митинзи и да се возика со моторчиња со идолот и партиски му шеф?

-Дали давате изим Заев да си се договара со Бугарија и во некој скор Дојрански договор да ја дозакопа македонштината, историјата и иднината?

-Дали дозволувате да ве вакцинираат по 137 пати, оти така сониле, а ако сте прележале корона, тоа е ваш проблем, исто ко и тестовите, лекувањето и не дај боже погребот?

-Дали сте за „ЗА“ за нови Шилегови спонзорства за сексуални кампови и извитоперување на нашите деца, кои како пример за успешен човек ги имат Заев и криминогената му компанија и околија?

-Дали  ви е супер Царовска да продолжи да ги уништува очињата и животите на нашите дечиња со хипер-дунстерска и дневно политички мотивирана дигитализација и тотално забегани програми со кои од младината создаваат копи-пејст машинчиња без потреба од размислување?

-Дали се согласувате со целосна казна за патриотите од 27 април, да си ги истераат до последен ден измислените и истресени од ракав казни од Лошила Кацарска?

-Дали ви е ок и натаму да ве претставуваат најнеспособните ликови во историјата кои по билборди се фалат дека ве внеле во НАТО (за што „само“ смениле име и Устав) и спровеле попис чии резултати беа познати уште пред истиот да започне?

-Дали ви е ќеф што правдата и инвестициите скоро пет години ја заобиколуваат Македонија и бегаат од неа ко Филипче од одговорност?

-Дали сакате да видите како Заевци ги презадолжуваат и вашите праправнуци и нивните деца?

-Дали сте мазохистички согласни Заевци да ве умрат, но не со корона, туку психосоматски од последиците на срам, блам и нервоза поради нивните настапи со безрбетност, неартикулираност  и чушка-френка пазар со Македонија и Македонците?

Не е баш локално, а? А, ако сте за „ЗА“ на Референдумов, ко оние „храбрите“ северџани на претходниот од 30-ти септември 2018-та, тогаш не мора ни да заокружувате и да се мачите ко нив. Овојпат, се’ што треба ако одобрувате така машносани со стокхолмскиот синдром, е да си седите дома, да бојкотирате и да делите ум на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, пред кооперација ли. И аман, дозволете Љупче Николовски да ви го натрие на глава путерот, за да не биде бадијала што со толку помпа го заплени….

А, ако сте ПРОТИВ, а сте, оти треба да сте некој од малкуте северџани за да не сте, се’ што треба е да излезете и со пенкалото да ги отерате онаму каде што припаѓаат.

Не, не претерав со референдумските прашања и значењето на овие избори, се’ е причинско-последичен однос на нештата, како што и секоја акција бара реакција. Не се лажете дека ќе биде лесно за да се вратиме на вистинскиот пат и кон вистинските вредности, штетата што ја направија Заевци и СДСССС е огромна. Но не и надоместлива. Ќе треба мноооогу работа и труд и по нивната смена, но мора од некаде да се почне.

А ако демек не гласате заради она на „С“, каде и да е, токму тоа исто на „С“ ќе ви го изгравираат на порти и ќе ви го истетовират на чело, заедно со некоја задолжителна вакцинација на секои три дена. Не мора за ковид-19, ќе им текне и нешто ново, тендер-21 ли, само оставете ги да владејат. Вистина е дека лошите политичари ги избираат токму добрите луѓе кои си седат дома на избори, докажано. Насоката што ја избирате е ние, конечно, да почнеме да се вадиме од бездната за која и самите имаме голем удел, а тие да се насочат кон една установа со високи ѕидини…

И да, факт е дека и најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Ајде, в недела, да почнеме со тој прв, локален, толку армстронговски мал чекор за секој од нас, а толку голем за Македонија…

Коронавирус