петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Колумни

РЕАЛНОСТ(ВМРО) ИЛИ ЦИРКУЗАНТИ(ПЛАТЕНИЦИ)

РЕАЛНОСТ(ВМРО) ИЛИ ЦИРКУЗАНТИ(ПЛАТЕНИЦИ)

Одредени партии, медиуми, новинари, поранешни “вмровци” и организации свесно(поткупени), но секако во најголем дел(мислам на нивните следбеници)несвесно на овие избори одработија агенда создадена од Зоран Заев со основна цел задржување на криминалецот и СДС на Власт, но суштинската цел беше темелно подривање на останатите здрави корени на македонската држава.

Суштината на стратегијата која што беше поставена како цел пред гореспоменатите актери беше за време на кампањата па и малку порано отворено да говорат за македонштината низ призма на примамлив националроматизам па на тој начин дури и тврдо леви тоест “анархистички” движења во своите ставови почнаа да наликуваат на родени тврди конзервативци, секако лицемерни.

Други пак се колнеа во Бог убедувајкиго народот дека водат на сите анкети и од кога ќе победеле тоест кога ќе формираат Влада ќе ги спроведат сите свои надреални ветувања во пракса, секако се со цел да прелажат што повеќе луѓе или подиректно кажано што повеќе да го ослабат ВМРО.

Овие мали и штетни Заеви привезоци кои без никаков товар или одговорност која што би ја имале во иднина, говореа се и сешто, имаа крајна цел да ги ослабат позициите на ВМРО, или најдиректно кажано да ги ослабат позициите на Македонија. Па од таму во политиката секогаш треба да го следиме финалниот производ тоест во случајов кому му одговара ослабено ВМРО или попрецизно кажано ослабени македонски позиции и зошто ?
Помагајки на Заев овие привезоци дикректно помогнаа на сите непријатели и историски поставени цели против унитарниот карактер на македонската држава и државни граници.

Кинејки од ВМРО, се кине од најчистото државотворно македонско ткиво кое со традиција и жртва посветено се бори за македонската унитаност и суверенитет, ВМРО е единствената опција во која како македонци можеме да се понадеваме за добра иднина на Македонија.

ВМРО има свои јасни цели и принципи, не отстапува од истите и затоа се разликува од сите други политички понуди во државава, се боревме и ќе се бориме секогаш, лекциите се тука за да ги научиме, грешките за да не ги повторуваме.

Секогаш кога СДС формира Влада, позициите на македонската држава и унитарност се повлекуваат према назад, најлошто е тоа што совршено тешко се враќаат во првобитната положба.

Дарко Костовски

Коронавирус