понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 9
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

Разорната моќ на „Fat Man“

Разорната моќ на „Fat Man“

Пред околу 1 месец, кога на поранешниот премиер му поставија прашање дали се плаши од нови бомби кои ги најави опозицијата, а кои ќе докажат дека тој стои на чело на октоподот, за монтирани случаи, кривичен прогон, притвори и нарачани пресуди кои можат да му ја завршат кариерата, тој рече дека бил „Бошко Буха“ за фрлање бомби и не се плаши од такви материјали.

Оваа гротеска во негов стил, се претвори во сериозни материјали, кои не се од видот на неговите бомби кашикари(бидејќи такви фрлал „Бошко Буха“) ниту пак петарди, или меури од сапуница, кои можат да пукнат, како што беше разговорот помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски за познатиот англиски автор Хју Грант. Петарда можеме да се нарече бомбата  за убиецот на Мартин Нешковски, кој беше експресно осуден на највисока затворска казна, иако тој ден се наоѓал на извршување на службена должност и тоа не го сторил намерно. Специјалецот Игор Спасов кој во време на „Режимот“ уредно ја извршуваше казната, по доаѓањето на бомбашот на власт, е пуштен на слобода, а сега е во бегство. Него не може да го пушти сам управникот на затворот „не може тоа сам да брка“. Случајот „Монструм“ пак беше бомба во најава. Од изјавата дека во случајот „Монструм“ има сериозни докази за вмешаност на политичари, каде што се пуштени и снимки од некои разговори, до исказот на суд дека за тој случај немало никакви докази и дека снимките ги предал во СЈО да послужат како индиции. Ова представува сериозна штета за правосудниот систем кој повторно треба да докажува веќе докажани факти, што е претерано несериозно и губи секаква смисла, а покрај тоа се нанесува серизна штета и болка на семејствата на загинатите.

Но сегашните бомби, започнувајќи од материајлите за „Рекет„ и „Меѓународен сојуз“ се со многу поголемо разорно дејство, дотолку повеќе што се поткрепени со видео материјали. Рекетирање на десетици бизнисмени Боки 13-ка „не можел сам да го брка“, а ниту со помош на Катица Јанева, иако тие се директни извршители.

Но за да биде трагедијата поголема, се појавуваат нови и нови материјали кои со сигурност водат кон врвот на власта и тука во секоја приказна е замешан бомбашот, неговиот брат, потпретседателката на паријата и уште неколку лика. Од тоа што го читаме, ПИ мерките врз осомничените покажале дека случајот е државен рекет во кој се вмешани премиерот и неговиот брат. Братот пак, тврди дека не се гладал со Кичеец, но никој од учесниците во овие настани не внимава дека материајлите се пуштаат дозирано и не е чудо да излезат фотографии од кои со сигурност ќе се утврдат фактите, како што тоа до сега се правеше. Во исто време додека Вице се гледал со Кичеец, како што слушнавме, Катица одела во вилата кај бомбашот, за што во предметот има докази, а ако бидат сокриени, некој ќе ги пушти во јавноста како досега.

Материјалите за поткуп на гласачите и фалсификување на изборите, кои ги пушти „Ла Верита“ каде што Вице давал од 10 до 25 евра од глас на ромското население, исклучувал и вклучувал електрична енергија по потреба уште не дошле на ред.

Но да се вратиме на последната бомба. Од неа јасно произлегува дека Катица знае кои постапки треба да ги тера, знае за одлуката на врховен суд според која ќе паднат повеќето од предметите од СЈО, дека бомбашот Заев директно преговарал таа одлука да биде донесена, што е спротивно на уставот, во смисла на поделба на власта, на кривичниот законик во смисла на мешање на извршната во судската власт и придонесува за рушење на системот. Понатаму, од бомбата јасно се гледа зошто законот е преговаран цела година и зошто е лош, како што тврдеа експертите, а како што тоа го демантираа сервилните представници на власта, кои ги има во се помал број, затоа што и во СДСМ сфаќаат дека се работи за корупција и криминал на векот и не сакаат да учествуваат во тоа. Многу од експертите се обидуваа да објаснат со огромен напор, што е лошо во законот и зошто не треба да се донесе, опозицијата предложи тоа да го направат независни експерти, за ЕУ перспективата на државата, но од бомбата јасно произлегува дека тоа требало да биде „трас-трас и готово“ се мисли на случаите на СЈО но и на новите постапки кои треба да се процесуираат. За секој случај ако не се донесеше законот, од бомбата произлегува дека самата одлука на Врховен суд е доволна. Сето тоа, било договарано со претседателот на Врховниот суд и било усогласено, а за тоа знаела и Катица Јанева, која се однесувала инфериорно поради тоа. Конечно, во бомбата јасно се кажува дека „целата јавност знае дека власта стои зад тоа значи ако на некој посебно од ЈО не му било јасно сега треба да му биде јасно кој стои зад одлуката на Врховниот суд.

Ова не е телефонски разговор, ова е снимен материјал во живо, кој на некој начин представува изјава на Зоран Заев, која поради јавниот интерес мора да се искористи како доказ, а истата не беше демантирана туку напротив потврдена.

Од Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски не се очекува ништо да преземе, тоа што тој треба да го направи е да си поднесе оставка, бидејќи е вмешан и во многу други незаконски дејствија, така што не ја врши професионално и одговорно неговата функција.

Без оглед на се, со ова што ни се случува овие денови, јасно е дека владеењето на правото и правна држава е сериозно нарушено со далекусежни последици, кои ќе се одразат и на процесот на преговарање со ЕУ (поглавјата 23 и 24), целосно е изгубена довербата во правосудниот систем, а таа тешко се враќа, а настаната е целосна правна несигурност, кај граѓаните.

Иако сите снимени материјали беа потврдени како точни, има индиции дека најразорните бомби од типот „Little Boy” и “Fat Man” кои беа пуштени на Хирошима и Нагасаки допрва доаѓаат.

 

Александар Даштевски

Парламентарни избори 2020