недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Колумни

Рашкомонијада и влада на лизинг

Рашкомонијада и влада на лизинг

Црпнатиот премиер пак успеја во притисокот врз „независното“ судство и обвинителство. Не бадијала два пати јавно и јасно си кажа пустиот дека другарчето му Рашко било невино. Да, и Чичолина била некогаш, факт. Па, за секој случај, ја спомна и Вилма. Нееееее, тоа не е притисок, јок. Тој така другарски си кажа став, нели?

И замисли само, чудо се случи. ЗЗ„ оком“ – Апелација „скоком“. И Рашко експресно си отиде дома. Довчерашната десна рака на Зочето сега си седи домче, нејсе што по првичните сознанија му најдоа уште неколку криминални дејанија, ама другарче го прати дома.

Не е заебанција, па токму тој го вовоеде во светот на мотористиката. Го учеше муртинецот најпрво како се возат квадови на 4 тркала, за да после Зоче кој ко малечок многу љубел мотокултиватори, премине и на мотори. Задачата на Рашко ја презеде Венко, кој исто така стана и потпрецедник на партија. Може па и Заев видел дека на генсекот многу му лепеле рачињата, па се загрижило и замислило  чедото за своите интереси и евра. Богами, 500.000 евра за кауција со плата на генерален секретар, тешко се прават.

А знаете, Зоки мрази конкуренција. Се знае кој смее да ги има најлепливите рачиња во владата, докажано. А на ЗЗ подобро брцни му во око, нација, име, историја, ама во џеб не му брцај…

И така, додека за патриотите и за припадниците на сегашната опозиција имавме филмски апсења во ноќни часови, со збунети жени и расплакани дечиња, па притвори во најлошите одделенија без греење и со услови ко во 19-ти век, за Раше имаше шеткање со раце во џебови, па посебна ќелија, храна од дома. Двојни аршини, неееее, така му се погодило на „програмерот“. К’смет…

И во целата оваа Заева РашКомонијада, северно разногласие во толкувањето на правдата, патриотите и натаму си чмаат по зандани, страховладата си цепа, си тераат и лажните процеси од СЈО на Катица Јанева која одлежува „ДОМАШЕН ЗАТВОР“, а Рашко програмерот, Димова Магарешка, Дончев Митаџиски, Боро Малборо, Дудуш Тепачот, Богоевски Кокаинџиски и цела една плејада криминалци со тапија уживкаат со микро казни или и без нив. Има разлика, нели? Пораката е јасна – еве што ве чека ако си ја сакате Макеоднија, еве што пак ве следи ако сте за онаа идиотската на „С“…

Чек, чек, ама зарем вие сериозно мислите дека ќе владеете вечно? Не знаеме што ви кажале и не знаеме како е  во „вашата земја“, ама во Македонија ВРИЕ. Не контате ли дека исто ко и Пасатите за вашите разгалени министри и вие сте на ЛИЗИНГ. Класична Влада на Лизинг. Изнајмени на одреден период, за да завршите дузина валкани работи кои никој нормален Македонец со трунка акл никогаш не би се согласил да ги направи.

Мислам дека и нарачателот на северџанскиот Лизинг порано ќе го раскине договорот. Не сфатил колку му се извршителиве расиплива роба, т.е. расипани и криминогени. До коска. Им треба сериозен ремонт и сервис, неисплатлив од гледна точка на употребната им вредност. Затоа, сега „Владата на лизинг“ ќе се обиде да остане употреблива со буквален лизинг на Бугарија и фелациско прифаќање на се’ и сешто само за да добие датум, кој само треба да го одложи датумот на нивното враќање на опозициски паркинг. Оти страв им е. Знаат дека од таму ги чека бесплатна вожња до една установа со високи ѕидини која ќе ги користи нивните каменорезачки услуги на подолг временски период.

Има еден стар виц кој опишува како комшијата срдечно и’ честита нов скап автомобил на комшиката проститутка. „Ајде честито ново ауто. Срча е. На лизинг ли го зема?“ –„Ехххх, да, ШТО НА ЛИЗИНГ, ШТО НА ПУШИНГ…“  Така и нашите политички проститутки, веќе четврта година…

 

ЕУРО 2020

Македонија