сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Колумни

Пукање по сите шевови

Пукање по сите шевови

Навистина е непријатно кога човек гледа што му се случува на светот, посебно на западната цивилизација, но уште повеќе било кога гледаш што се случува во сопствената земја. Навистина ме навредува, кога било каква критика за лошо, неспособно и дилетантско работење, дал тоа биле институции, поединци, министри, некој ќе каже дека не е време, или дека сум требал „да го слушам Филипче“ и слично.

Алоооо, евтин дневно политички Па Ар, мене не! Ќе слушам доктори и специјалисти, ќе ја слушам полицијата, ќе си слушам препораките на професионалци, нема да слушам наметнат форсиран култ кон личност со политичка кариера полна со скандали, која власта ми го наметнува ко авторитет, во моменти кога се знае дека дента ко ќе прекине вонредната почнува кампања за избори. Фала, не!

Искрено, мислев дека полесно сево ова ќе се преброди. За жал, не е баш така. Не му се верува колку е маргинализирана во моментов ЦУК (Центарот за управување со кризи). Таа институција во моментов треба да е главна, да е пали гаси. Но, тоа докажува како се однесуваме кон одредени институции во мирновременски услови, затоа ни крахираат кога треба.

Актуелната власт не успеа да донесе никаква помош од страна. Дури и го нападнаа лидерот на опозицијата, зошто интервенирал кај Премиерите на Словенија и Унгарија. Прво го направија лажго, па ги вреѓаа Јанша и Орбан, па направија медиумски сплетки еден куп… мрдната работа. Велат од Кина помош не требало, си ја зедоа, иако пропагандистите ја навредуваат Кина секојдневно. На Турција и лепнаа санкции, Турција на испочитува и прати донација. Веќе не знам што да мислам искрено. Однесување на мали деца. Незрело, неодговорно, панично, авто деструктивно.

Министерката Нина Ангеловска пак се занимава со јавниот и државниот сектор. Оваа плата не, наредната ќе ја кратела. Млада дамо, престанете да примате нови, сеедно по кој годишен план. Прекинете договори на десетици илјади ново примени и ново вработени/ангажирани. Тие се примаат ради зголемен обем на работа. Па, нели повеќето седат дома? Ги поистоветувате тие кои работат посветено 10,20,30 години, со оние кои сега пред избори ги примате на договор или определено? Арам да ви е! Знаеме сите, тие ви требаат како гласачко тело пред избори. Во време на тешка криза ја толчите државната машинерија, за да си обезбедите сигурни гласови. Уживајте, сега добивте анти гласови, 10 пати повеќе. Само напред!!! Избори ќе има за две три месеци, попара ќе ве направи цел државен сектор, за памет. Тие луѓе не седат дома по свој избор, туку по ваша наредба како извршна власт. Обврските си ги завршуваат и од дома. Одат на работа по принцип на ротација, институциите живеат. Работат за скромни просечни плати. Сакате солидарност? Ок! Порамнете ги платите на ниво на просечна плата. Скратете ги големите плати. Сите нема земат максимум 26.000 нето, а тие помалите колку што им е, толку. Што, линеарно намалување ли?! А бе свесни ли сте дека огромен дел од луѓето преживуваат едвај и со тоа што го имаат? Арам да ви, е неспособни едни!

Интересен ми беше статусот на новинарката Катерина Синадиновска од Капитал: „Штотуку објавената прогноза на Светска банка за македонската економија во 2020 е пад на БДП од 0,4% ако пандемијата заврши до јуни или 2% ако кризата трае цела година. Во обата случаи, веројатно ова е прв пат кога предвидувањата дома биле далеку покатастрофични од оние од Вашингтон. Значи доста кукате, кратите плати, отпуштате… сите ќе преживее(м)те! Ако го преживее(м)те вирусот, се разбира.“ Ова е директен шамар за се она што го вели Заев, Ангеловска, Спасовски. Два отсто максимален пад на економијата, или толку блага рецесија, е на ниво од не повеќе од 100тина милиони штета, која се решава со пари од резервите или евро обврзница, репрограмирање на долг кон доверители или ребаланс на несуштински трошења, набавки, патувања. Заев зборуваше за 1.3 милијарди, 2 милијарди, 600 милиони… и прво што им текна удри по платите. Така ли?! Ако. Тие по кои удирате ќе ви памтат! Благодариме Синадиновска за релевантната информација од Светска банка. За да не не’ плашат и закануваат на празно.

Драг мој народе, да не ги заборавиме „воените профитери“. Оние кои во време на криза се злобни себични и ја цицаат крвта на народот. Зборувам пред се за банките. За крвопиите кои решија да лапаат дупли ќар ради одложување на побарувањата. За оние кои во цел свет спуштија камати на 1%, во одредени земји и на нула, само за да пласираат пари во економиите, нашите хиени не молзат. Јас лично имам станбен кредит, 2.7 првите три години, со 5.2. Кога ќе ги исплатам, ќе вратам скоро дупло од тоа што сум зел. По 10.5 отсто плус куп скриени трошоци на картичките на годишно ниво. Народе, време е народот масовно да им „лупне“ шамар и дента кога ќе се појави банка која ќе работи разумно, а не „зеленашки“, сите да си ги затвориме сметките и да ги оставиме на цедило. Вие сте злобни луѓе. Класични лихвари. Молам бога следната власт да ве растури здраво.

Тука се и големите угостители со огромни објекти, со огромни профити кои во време на криза одма ги избркаа работниците. Дечки, вие кои ве отпуштија, најдете нова работа, одма, не се враќајте кај хиените. Само кажете им ги на народот. Веќе во нивните објекти не влегуваме. Толку од нив. Бркате од работа во време на криза? Не можете една две плати да исплатите? Чао!

Секоја чест за угостителите кои турбо се преадаптираа и почнаа испорака до дома. Браво. Вие сте ѕверови, вие ќе опстанете секогаш и секаде. Таквите кои одма смислија план, агенда и се приближија до муштериите, ќе продадат некому и песок во пустина. Браво!

Немојте да им заборавите ни на овие кои во време на криза ве реметат за заостаната сметка. Мобилни и ТВ оператори, некакви испорачувачи на услуги. Оние кои за каснеше од некој ден во наплатуваат пенали и слични, или кога сте во карантин праќаат опомени. Знаете и самите како со нив. Дента кога ќе можете, чао чао и за нив. Нека скапат. Кон душман, милост нема.

Сега нешто убаво и позитивно, доста за хиените и крвопиите.

Не заборавам повторно да ги пофалам хероите на нашето време, екипата од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ. Ударната тупаница, Ненад Лазаров, Александар Каревски и Бојан Трајковски, доктори специјалисти и борци за подобро здравство. Момци кои гризат уште од студентски денови и кои имаат и образ и авторитет кај огромно мнозинство на млади колеги, кои периодов добија многу сопки од мрчатори, думани, хиени, профитери и оние кои се загрижени за нивното столче, и за да нивната неспособност не излезе на виделина. Дечките работат од идеализам, работат затоа што знаат како, и ги работат она што неспособните директори и министерството не можат и не знаат како. Го кренаа народот да развезува опрема, да донира пари, да помага како знае и умее. Се разви солидарност. Душманите нека ставаат сопки и нека се нервираат. Ако! Ќе помине сево ова. Нив нема да им биде заборавено,а момциве веќе си ја купија вечноста и образот.  Гледам сега ќе помагаа и на полиција. Алал. Браво!

Ќе повторам повторно, сево ова ќе помине и заврши. Народе, чувате си ги нервите, здравјето, духот. Ќе помине кризата, но не заборавајте кој ве толчел кога било најтешко, кој ве лажел, кој ви направил штета. На таквите чим можете, растурете ги. Трговци, политичари, преваранти… без милост. Нема прошка! Оние кои беа големи во кризата, оние кои гледавте дека помагаат, дека се големи како личности, наградете ги. Нема веќе да потенцирам кој, што, како. Веќе се ви е јасно! Си знаете како со секого треба. Ќе се врати животот на улица, ќе им објасниме, на сите ….по список!

 

 

Александар Ристевски

Коронавирус