понеделник, 23. април 2018. Вести денес: 0
home Колумни

Продажбата на Mерцедесот е валкана слика на реваншизмот на Заев

Продажбата на Mерцедесот е валкана слика на реваншизмот на Заев

Продажбата на мерцедесот е расипништво, а не купувањето на тоа возило.

Откако намерно го извалкаа блиндираниот службен Мерцедес за да го сликаат и да докажат наводно расипништвото и негрижа и одкако во него возеа највисоките гости што доаѓаа во Македонија, Владата на расипникот Зоран Заев донела одлука да го продаде Мерцедесот по три пати пониска цена. Одлуката да го продаде Мерцедесот се носи во темпирано време кога се спроведува судска постапка против поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица, токму во врска со купувањето на овој Мерцедес за непостоечко и конструирано кривично дело без никакви докази и факти.

Одлуката да се продаде Мерцедесот по три пати пониска цена е со цел да се врши влијание во јавноста и влијание врз судското одлучување како доказ за наводно расипништво, во недостаток на било какви докази за сторено кривично дело.

Зошто Владата го лаже народот? Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски потврди дека  Мерцедесот се продавал поради тоа што бил симбол на едно време кое сакале да биде оставено зад нив. Тоа значи дека мотивот за продажбата на Мерцедесот е симболот на времето, а не вистинските потреби на државата од такво возило. Државата имала потреба од такви  возила, но ќе обезбедела највисоко можно безбедносно ниво за транспорт за високи странски делегати или државниот врв. Како?

Одлуката за продажба на Мерцедесот е класична корупција

Ако е неспорно дека државата има само едно такво возило и дека има потреба од највисоко можно безбедносно ниво за транспорт за високи странски гости, тогаш се поставува прашањетпо зошто се продава тоа возило по багателна цена проценето од нелиценцирана фирма за тоа? Зошто од готово се прави вересија? Тоа што се прави е злоупотреба на положбата и расипништво. Како ќе се обезбеди безбедносен транспорт на високи странски гости, од каде ќе бидат изнајмени блиндирани возила и колку тоа  ќе го чини буџетот? На овие прашања никој не одговара.

Одлуката на Владата на Зоран Заев за продажба на Мерцедесот е штетна и ги има сите елементи на класична корупција. Кој ќе се офајди од ова коруптивна одлука? Ќе се офајди тој што по багателна цена ќе “купи“ такво специјално возило. Ќе се офајдат и тие што едвај чекаат да изнајмуваат такви возила, па и од некои соседни земји и за тоа да се плаќаат огромни суми на пари на народот. Тоа е пресметано расипништво и  злоупотреба на положбата со намера за прибавување незаконска имотна корист. Државата и во овој дел да се става во подредена и зависна положба.

Потребите на државата од такви возила се неспорни, но појако од тие  потреби е реваншизмот на Зоран Заев. Случајот во врска со продажбата на Мерцедесот е крунски доказ за неговата болна злонамерност.

Михајло Маневски