вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 66
home Колумни

ПРОБИВАЊЕ НА ДНОТО

ПРОБИВАЊЕ НА ДНОТО

Зоран Заев и неговите компањони од инсталираната Влада, со начинот на практикување на власта, Македонија ја претвораат во мултидимензионална црна дупка. И тоа црна дупка која се шири и ја голта секоја надеж, секоја капка живот.

За неполна година од нивното владеење, дојден е моментот кога секој еден нормален и совесен човек, бара начин како да се спаси, да замине и да не се сврти назад. Од “животот” кој се ветуваше во предизборната кампања, им преседна налуѓето.

И, додека на големиот екран, премиерот со личен пример ни јадокажува тезата на Ајнштајн, дека само две работи се бесконечни – универзумот и човековата глупост (вториот дел од тезата), зад екранот, картелот чиј член е самиот, сериозно работи на енормното лично богатење.

Така, во Валандовско и Светиниколско веќе се создаваат површините засадени со канабис, а се зборува дека сериозно се работи и на отварање на нови полиња во Штипско,Гевгелиско, Струмичко, Кочанско, Скопско…

Набрзо треба да очекуваме и донесување на Закон за легална употреба на марихуана за сопствени потреби, за да може “бизнисот” да тече. Нивните камиони и градежни машини редат часови без прекин во државните фирми, за граничните премини велат дека се приватизирани, а полицијата како да е ставена во улога на лична фирма за обезбедување. Обвинителство ја одработува улогата на страшило, а добар дел од судиите веќе се поклониле пред новиот Владетел и ревносно ги спроведуваат сите нарачани политички монтирани процеси.

Дека судството е легнато на земја, ќе видиме за неколку дена, кога ќе го ослободи од обвинението премиерот, кој е фатен жив како бара мито. Самиот Заев, давајќи изјава пред судот, веќе објави дека судот ќе донесе ослободителна пресуда за него. Бидејќи е „видовит“ човекот.

Според неговото поимање, патриотите, родољубите и обичните граѓани се терористи, додека вистинските терористи и “необичните” нечии сестри или браќа и другари, се експерти.

Долга е листата на експертскиот тим кои го „советуваат“ премиерот наш насушен. Тука се експертите Зоран Верушевски – пријател на „пријателите“ и Павле Трајанов, кои за своите „услуги“, месечно ги чинат граѓаните по околу 1.300 евра.

Експерт за странски инвестиции е Љубе Бошковски, кој за грст златници го продаваше името Македонија на странци. Значи со искуство е, веќе се докажал дека знае како да ги убеди странците да инвестираат.

Експерт е новиот надворешен соработник за внатрешна безбедност, командатХоџа, кој ќе му помага на премиерот за справување со тероризам (!?!) и разрешување на потенцијални конфликти (!?#@!) во селоТанушевци. Истиот оној кој го држел селото под опсада и на кого му се препишува убиство на македонски полицаец. Истиот, кој сега како советник на премиерот, се гордее што другари му биле тие кои убија осум македонски полицајци и ранија 37 во „Диво Насеље“. Дури се пофали дека со тоа уништиле 10% од нај способната македонска полициска единица „Тигри“.

Експерт за урбанистичко планирање е Мирослав Гр(кот)чев – македономразачот, чие најпознато архитектонско дело е “Лумикс”кое го грди главниот плоштад во Скопје, а помалку познато дело е урбанистичкиот план со кој Дебар Маало го загуши и го остави без место за паркирање. За да се екипира овој експерт, недостасува уште БранкоТричкоски.

Експерт е и доскорешната фризерка Лиле Делиџакова (на која истата оваа Влада и доделила неповратни средства за отварање на сопствен бизнис), случајно сестра на специјалната обвинителка Катица, која заради експертизата е новиот заменик директорна КХВ. И, бидејќи двете сестри се експерти, заедно ќе ја чинатдржавата околу 5.000 евра месечно, пари исплатени од буџетот кој го полни народот.

Го проби дното, претседателе Заев. И тоа е втората работа по која ќе бидеш запаметен од Македонскиот народ. Првата, секако е велепредавството кое се спроведува во Македонија, во сите правци и на сите нивоа.

П.С. Туку, фала му на Бога што не ја срушија оградата околу зградата на Владата. Сега е повеќе од потребна, не за да ги штити тие што се внатре, туку сите нас кои сме надвор од неа!

М-р Димитар Димовски

Член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ