недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 71
home Колумни

Преку Стојко до/од Заев

Преку Стојко до/од Заев

Нема, нема, па Зоче ќе го покаже своето вистинско, црпнато лице. Не му треба многу на лабилниот премиер, кој во нормална држава максимум би бил ситен џепарош. Ок, им се извинувам на џепчиите за навредата. Се’ што треба за да го извадите кловнот од муртинската кутија е да бидете чесен. Тоа мноооогу го иритира ЗЗ, најмногу. Интегритетот е на второ место. Да, и патриотизмот би бил, доколку го разбереше…

Само, една работа не е логична. Како тоа испадна Заев да биде почувствителен на рамковни, понежен на нив и од Артан Нежниот? Дали дека од Алија и Артан власта му зависи? Аха, зајакот лежи во поврзаноста.

Вака некако одеше прикаската: Зоче не би бил на власт без Алија, чиј измеќар е Нежниот. Ако не е на власт, „другарче“ ќе треба да враќа долгови. Пред законот и пред народот. Ако ЗЗ враќа, ќе треба да банкротира, а потоа да оди во една установа со високи ѕидини каде нема да вози мотор туку ќе го возат. А неговата мака ја делат многу социјалдемократи од северна. Не е само Рашко, ни Димова, ни Дончев, ни Дудуш, Боро Малборо, Богоевски, ни госпожата реформаторска од „Игра на т/дроновите“, ни Таполегов. Многу се, а меѓу нив и оние Заевите вмровци, Ниновци, Муковци, Александровци и други чеда возљубени во сопствениот лик, џеб и недело.

А знаете ли што го извади Зоче од кожа? Не е непослушноста и интегритетот на Стојко. Да беа други времиња, ќе глумеа демократија, па као тоа разногласието е добро за власта, па како така требало, бла, бла, бла…

Арно ама, ова се други времиња, кои опасно мирисаат на промени. Опојно. А промената подразбира одговорност за Зоче, Венко, Обиџуко, Лошила Кацарска, Вилма Црнковска и цела една плејада неодговорни копуци кои умираа, заразуваа, затвораа, судеа, си правеа ќефови. И сега, чувствуваат дека ќе треба да одговраат за сторените недела…

Може сфатил со Рашко, дека раката на правдата е спора, ама… А доаѓа и недела, убав ден, ден за протест, голем, ко скроен за почеток на катарза, зародиш на една тооолку потребна пролет…

Реакцијата на чесниот Стојко е само уште една од многуте ластовици, неосомнен знак дека пролета доаѓа. Стојко е само еден добар пример дека на многумина им е преку глава од Заев. А кога и на „своите“ ќе им дојдеш преку глава, ееее, тогаш дефинитивно не ти се пишува убаво, „Другите“, одамна покажуваа дека се свесни за твојата инфантилност и дилајлизам, ама кога твоите тоа ќе ти го плеснат „у фаца“, јавно и без пардон и ќе покажат дека веќе не ти се плашат, е тоа е асли порака дека столчето ти се тресе, клати и дека кај и да е ќе треснеш. Ама јако. А дека ништо не  е случајно и дека и „меџународна“ одамна не го обича ниту пие нафта, покажаа и Транспаренси, Франс прес, Галуп, Економист, Репортери без граници, УНЕСКО, Фридом Хаус, итн, итд. и др. Шлаканици во низа, затоа и скафандери носат биљмезите, маска тоа црвенило и срам не ги покрива…

Преку Стојко до Заев. Едноставно. Човекот со интегритетот и професионалност јасно покажа кој е ЗЗ со реакцијата на неговата акција. Индолентен и ограничен муртински мангуп, алаш-вериш шибицар кој залутал во политиката. Корисен идиот алијас премиер со пет броја поголеми кондури. Или опинци беа… „Преку Стојко“ и од Заев. Џабе откази и разрешувања Зоче, бадијала ти се. Сфати веќе еднаш нечовеку, аман. Преку Стојко си им на сите…

 

ЕУРО 2020

Македонија