вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 89
home Колумни

Правни шарлатани глумат уставобранители?

Правни шарлатани глумат уставобранители?

Решил Заев при крајот на мандатот, конечно и да го испочитува Уставот. Според него министер за внатрешни не може да биде воено лице, ама кандидати за амбасадори со двојно државјанство може. Првиот го предлага опозицијата, и стоп! Тоа е неуставно. Вторите ги предлагаат тој и милиот му Димитров, и тоа може. Уф! Да не заборавам да ја спомнам гордоста на Димитров како министер за надворешни, што оџа испраќа за амбасадор во Кина. Ашколсун бре министре. Уште не сме опоравени од шокот, срамот и понижувањето што ни ги приреди  со Нивице и тој срамен договор, сега еве на најбројната држава во светот и најголем економски џин, со голема дипломатска почит и испраќаш оџа со двојно државјанство. Замислете ем оџа, ем двојно државјанство, ем професионален дипломат-амбасадор. Три во едно. Тоа ти се викаат уставобранители и легалисти.

Менуваат мислење за сенешто и секого. Кога-како ќе им текне. Според потребите(на власта), интересот(на коалициониот партнер) и желбата(барем да беше музичка) на оџата. Оџа и модерна дипломатија на 21от век. Сенки над Балканот, море и над Азија и Кина. Сакаш “Црна рака“, а може и “Бела Рака“. Невидена политичка имагинација, уште помалку видена дипломатска креативност.

Што и да биде, како и да се развиваат работите понатаму, барем се уверивме дека Заев и неговата политичко-дипломатска камарила не сакаат професионалци, стручњаци и експерти. Слушам коментари во стилот никогаш не било полошо. Не е точно! Ова е најдоброто што го добиваме од оваа власт. Врвна транге-франге(давај-давам, ти-на-мене-јас-на-тебе) дипломатија. Ти на мене стипендија за усовршување на керчичката ми, јас на тебе дипломатски статус, ни-помалку-ни-повеќе амбасадор. (Алорааа, Антикорупцискааааа, да не вампиревте во корупциска.)

На сет глас велеа дека се борат проти заробена држава. А знаете ли што тие направија? Направија да не постои државата. За институции, Устав, Референдум, изразена волја на граѓани, Закони и законски постапки и да не зборуваме. Разбира се, само кога избираат претседател на Собранието на Република Македонија (спротивно на одредбите на Уставот на РМ и деловникот на Собранието), државен јавен обвинител (спротивно на истиот тој деловник и Законот за обвинителство), кога згаснуваат СЈО, ја одземаат неговата надлежност и од ракав ја доделуваат на Јавното обвинителство (прекршени сите одредби, од Lex superior до конкретните закони за СЈО и ЈО). Море доста беше. Станува сериозно. Ризикувам да ме прогласат за терорист. Квотата на уметници-терористи ја исполнија, па сега ќе не замолчуваат нас политичките аналитичари  – “блебетала“(“агресивни националисти“)  со стаж поголем од четврт век.

Сотир Костов

 

П.С.

Извинете, ама не можам а да не се доискажам. Без увод пишував за аномичната свест на Заев и Димитров. Поточно за нивната не-свест и не-свесност која, во своето конкретно пројавување, ја храни аномијата на сета нивна камарила, за која сите ние, секој божји ден сме сведоци. Да драги мои, направија тотална конфузија и судир на уставните со законските норми, законските со законските, на законските со политичките, и на сите нив со моралните норми. Ама не секирајте се….. се е како што треба. Само така ќе се сртуполат во бездната во која незапирливо итаат.

 

Коронавирус