недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Последниот танц на Зоки и Стево

Последниот танц на Зоки и Стево

Крајот неделото го краси. Дефинитивно. Па така, во сенка на ултрасурушката глупост и зезанција со утката на Дома си е дома, ама во Германија, која комуњарските дилјали набргу си ја сменија со, „веровали или не“, дома во Франција, Зоки и Стево го изденсаа последниот им танц. Валкан, се разбира…

Ама кога те бива за танцување, те бива. Само што поимот „танц“ ќе си го замените со МАНИПУЛАЦИЈА, и се’ ќе си дојде на свое место.

И така, нашиот праводљубив прецедник, пандан на уставобранителот ЗЗ, без проблем си потпиша нова, осумдневна вонредна состојба. Хммм, па нели бре пред само неколку дена немаше никаква потреба од ново „ванредно стање“? Тоа си го кажа самиот Стеки, цитирам: „Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба.“ И наеднаш, два дена потоа, имало?

Ќе се вадат дека морало за да така оваа владина дилајла гарнитура дотурка до кампања, па да биле исполнети законските норми, устав, амандмани, челнови, па бла, бла, бла… Џабе. Факт е дека прецедникот, по теркот на неговиот муртински лидер,  си го погази дадениот збор. Добро, зборот на Зоки обично трае 2 часа, Стево издржа цели два дена, ууууу. Карактер, нели.

И така, за да му учини на Зокија и неговите марионети на Илинденска бр.2, демек шефот на државата си го стори тоа што си мораше и си прогласи нова вонредна за која пред три дена немаше потреба. Ко попче… Или ко Зоки, оној кој немаше име да менува, Устав не чепкаше, па Тиранска платформа не спроведуваше, кој нема да ни донесе премиер Албанец ако му се укаже шанса итд., итн., и др.

Арно ама, по самракот во кој прецедникот стави параф на ново ванредно стање, утредента осамна со една вест која потврди дека ова беше последниот танц на најизвиканите денсери од СДССССС, и дека тандемот Зоки и Стево ќе ги раздвои 15.јули. Гарант, во познатиот комуњарски манир, ќе ја прогласат за црна среда, или крвава. Да, аберот за разделбата беше најновата анкета, која покажа дека Зоки оди во пензија, а можеби и некаде на друго место, а соденесерката му ќе мора да глуми некохабитација со новата влада. Велат, на Вила Водно веќе се вежбале во правење р’чки, иако реално, тоа дејание е еден од основните квалитети на ликовите возљубени во партијата од екс Бихаќка. Сиромав „независен“ Стево, ќе мора сам да ги тера битките наСДСССС, чиј член упорно не признава дека е, ни за жива глава…

А резултатите од танцот на Зоки и Стево (решете си кој е Фред, а кој Џинџер), придружени од тандемот Филипче и Караџовски (кои понекогаш наликуваат на танц на човек со кутре?!), следен од танчерите Спасовски и Рада (не се мирисаат, ама одлично денсаат за пари), во тактот на поддршката на манжаретките Љупче и Костадин, видовме до кое дереџе не донесе. Не само во однос на корната, туку и економски и можеби најболно, национално.

Да беше по жељата на црпнатото чедо, избори ќе имавме пред два дена, на 14-ти јуни, во максимална корона касапаана. Се ќари малу време за битка со короната, за да се добие шанса по 15-ти да дојде некој кој нема да танцува туку, конечно, ќе се справи со неа, ќе ја реши, а потоа со неа заедно да ја извадима од карантин и МАКЕДОНШТИНАТА.

Шанса, ако до тогаш коронава стивне, да се стави крај на она вицот, кој за жал и не е виц, кога ЗЗ гледа девојка со книга и во битка за гласови ѝ приоѓа и прашува:

– Што читате?

– Стивен Хокинг, за универзумот и точката на сингуларност.

– Која е таа точка на сингуларност?

– Тоа е место во вселената каде што не дејствуваат никакви закони.

– Ахаа, значи Хокинг дошол во Македонија?

Коронавирус