четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Колумни

Поштарот Заев и Фројдовиот комплекс

Поштарот Заев и Фројдовиот комплекс

Пискотници се слушнаа од Екс Бихаќка до Брисел. Два дена траор во Македонија. Црна се чума зададе. Прво во еден ден Дунавка му раскина на Ване, а Бугарија и Грција на Заев, за следниот ден Ването да и’ возврати двојче на Дунавка, а ЕУ пак да му раскине на лузерот Заев. Ване-Дунавка = 1:1, а ЗЗ малерот загуби со 3:0. Компензира со трите први девојки де…

А, знаете ли како функционира Заевата замисла за подобра и попросперитетна иднина на Македонија? Ок, не е Македонија де, од неа се срами црпнатото чедо, но како Зоче со урокливото оче за се’ што е македонско замислува дека функционира светот? Епа, според „математиката“ на муртинскиот алаш-вериш далаверџија, трансакцијата се сведува на просто „на ти го – дај ми го“ принцип. А муртинецот даде многу. Не беше негово, ниту на татко му, ама го даде. Даде име, Устав, преамбула, двојазичност даде. И ЕУ мораше да му врати, нели?

Па не бадијала, суртуците од СДССССС формулираа идиотско и патолошко референдумско прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“каде немаше ни С од северната им глупоштија. Башка, лесно е да тргуваш со туѓи светии и идентитет. Арно ама, не било баш така. Истата таа дволична ЕУ, за која најискрено нешто и не ме трогнува помислата за влез во неа, си барала „стандарди“. Правна држава, независно судство, некрумпираност, почитување закони и главно, да не крадеш ко улав.

Тоа, пустата и себична ЕУ не го барала заради тоа што ќе не примела, оти тоа било научна фантастика, туку затоа што инвестирала во себе. Арогантно, самобендисано, но вистинито. Чуму Германци да се мачат, кога може да му дојде обликувана, средена, измесена работна сила. Швабо ќе троши време за да ги учи на култура на живеење? Јок, нека се научат таму, во Малиот Шенген, подоходовно било…

И сега, разочараните СДСССС-овци, Зоче, Стево и компанија пак ќе се помакедончат, па ќе плукаат и ќе ламентираат за лошата ЕУ, па како тие се утепале од работа, како „испорачале“, па ред било на Брисел… Чек, чек, чек.

Не ние, тие рекоа самите, јасно и гласно: „ИСПРАЧАВМЕ!“ Така вели ЗЗ, така говори Пендаровски, така стои во сооопштенијата на Владата на Артан Нежни, така пишуваат и јуришницте на СДСССС?! Аха, потсвесно или не, ама Фројдовиот комплекс си работи. Се издадовте, суртуци северни. Не дека не знаевме и дека сега ја „ја откривте Америка“, зошто таа ве откри вас…

Оти, ипорачуваш нешто што ти дале да го пренесеш или што ти го побарале. Не испорачуваш нешто што тебе ти текнало. Поштарот испорачува пакети, ама не се негови. Така и нашиве комуњарски поштари на кои „некој“ им дал „Договор за добрососедство“ (читај за блокади) и Преспански договор (читај капитулација), а тие шапшали створени според ликот и неделото на создателот црпнат, не ни го прочитале пустите, туку побрзале да го испорачаат, да бидат услужни, да бидат корисни, најкорисни, идиоти…

И нека не ве чуди што поштарот Заев им се извини на Грците за „македонска репрезентација“, поголемо извинување им должи на Македонците за малерот што го фрли со присуството на напреварите. Да, знаете дека поштарот ѕвони два пати, а ЗЗ звоца по цел ден, нон-стоп, 24/7 одѕвонуваат неговите гафови.

Самиот изјави дека имал повеќе татковци, ја читал „Село ПОД седумте јасени“, си кажа и дека во 90-те сменил вера од протестант во православен, смени и име на државата, три пати имал прва девојка, а датум за преговори со ЕУ донесе едно 5-6 пати. Да бил Шехерезада, ќе терал повеќе од 1001-на ноќ, а царот Шахриајр ќе се обесел од мака и досада. Да, макар било и од Едиповци со Електра кмплекс, кои и е.аа мајката на татковината, многу е.

За жал, со години сведочиме на една Аланфордовска северна бурлеска со лукративни владини биљмези водени од премисата „Подобро да испаднеш будала (читај Заев), отколку да испаднеш од авион“ наспроти кои е еден народ кој вели „Ајде да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами…“ 

Коронавирус