среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Колумни

Поплава од предизборни кокичиња

Поплава од предизборни кокичиња

На средината на пролетта, Македонија ја зафати вистинска поплава на предизборни кокичиња. Сведоци сме на дузина најави и дејанија кои навестуваат дека наесен некој ќе паѓа, ама јако. А кои се кокичињата? Ги има многу. Највидли се зеленото, црвеното и едно во „каки“ боја, како асоцијација на гомнениците кои овие последните и ги приредија на државата и нацијата.

Кокичето на „зелените“ е најголемо и највидливо. Ова 20-метарско кокиче се гледа оддалеку, исто како и стравот на Ахмети дека трендот на осипување на влогот за ационерите во А.Д. ДУИ драстично се намалува, кој со пребегување кај Сла, кој со исселување и фаќање штрафта во странство. Знае добро „педагогот“ со швајцарска дијагноза дека во прилог не му одат ни бројките од пописот, кои толку многу ги поздравувавше и честиташе. Знае, затоа се тоталка нереални и фејк.

Затоа, „седокосиот“ удри на национализам, проверен рецепт која цели 20 години го држи на власт. Чудна коинциденција – 20 години на власт, а споменикот во Слупчане има 20 метри?!?! Дали некој потсвесно си изгради споменек на своето владеење, а не на борците на УЧК. Знае ли некој дека оди во опозиција? Да, Фројд и потсвеста работат, ама Алија најубаво покажа дека избори се ближат. Чуму поинаку би користел проверени предизборни методи за враќање на изгубените партиски синови, ако избори нема? А Ахмети, каков и да е, знае да процени пустиот. Дефинитивно, зелено кокиче број еден.

А како СДССССС покажа дека доаѓаат избори? Еееее, тука е нивниот „трејд марк“, кокичето кое е толку препознатливо за комуњарската банда. Се вика грабеж на народни пари и на државата, чин по кој толку добро се препознаваат кога се на заминување, ок, не дека и кога се на власт не им лепат рачињата. Па нели немало да има избори до 2024-та, ко што вели престолонаследникот на Заев, Таче??? Аха, па чуму тогаш крадат државни пари ко улави? Зошто му плеснаа 1,4 милиони евра на Заев за да прави ајвар, чуму задолжување од забегани 900 милиони евра? Првото за да му направат влага на малото муртинско диктаторче кое по поразот наесен спасителски ќе се врати за да демек ги врати на власт. Чуварот на тронот Таче ќе замине, со сведната глава ко што и дојде, најверојатно и со нов голем поклон кон монархот Црпко, а тој ќе го „одреши“ ќесето за да помага нови шарени дееволуции, НВО-ата пак ќе градат кампови пред вмровската влада, ќе се разбудат веројатно и заспаните амбасадори. Непребол… А голем дел 900 милиони евра, речи ги МИЛИЈАРДА, ќе добијат нозе и ќе фатат усвета по тендери, мендери и ненаситни северџански џебови. Да, парите и подготовката за опозииски пост се второто,  каки боја кокиче. Некој се спрема да паѓа од власт, се гледа и мириса…

Третото, црвено кокиче е собранискиот бојкот на опозицијата, акт кој одамна се чека, радикализација на дејствувањето зачинета со протести. Да, можеби требаше да се случат и порано, но подобро некогаш отколку никогаш. Во комбинацијата на разбудените Македонци доаѓаат и влегуваат и оние кои ги разбудија забеганите цени на живејачка, момент кој помогна и оние споровозните, удрени по џебот кој најмногу ги боли, да сфатат со какви дилајли на власт си имаат работа. Ок, и тие се суртуци што не ги здоболе промената на името, уставот и двојазичноста, но факт е дека цените до плафон и бугарскиот аздис до небо ги разбудија и заспаните македонски мечки. Време беше, макар во мај…

Велат дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор. А нам „возот“ се повеќе ни бега. Ајде, сите овие кокичиња нека бидат дел од венецот кој народот наесен ќе го положи на македонскиот олтар, време кога ќе им плукнеме в лице на антимакедонските ајвани. Време, крајно, да мрднеме и од компјутерот и ФБ и конкретно со каква било акција да смениме нешто, оти врие насекаде. Убав моментум за промена на застојаната, замирисана  состојба на духот во која се давиме во насобраниот срам, гнев и бес.

Пролетно загревање за жешка политичка есен. Ајде, ова да не биде само уште една фраза. Аирлија!

Коронавирус