понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 183
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Колумни

Политички оксиморон: СДСМ „уставобранителска“

Вест од рубриката „Верувале или не“ - СДСм наеднаш почна да го брани Уставот?! -Вауууууу, ауууу, машала, неверојатно! Ова беше логичната реакција на пучанството кое минативе години се навикна истата таа комуњарска констелација да го користи Уставот како тоалетна хартија, да го гази, валка, погани, заобиколува и расчеречува. И наеднаш, Ковачки „изазваним“, социјалдемократите синокрвни се истопорија во јавноста, ја вклучија „Фабрика 106“, или која и да е, и удрија по ВМРО-ДПМНЕ за „тешко“ непочитување на новокомпонирано светата им книга. А соодветна аналогија на уставобранителниот наплив на „ЗА“-евци би бил педофил кој се повикува на повелбата на ООН за правата на децата или зоофил кој членува во „Анима мунди“...
Политички оксиморон: СДСМ „уставобранителска“

И тоа го дочекавме, ала доктор Џекил и мистер Хајд преобразба на политичката ни владина сцена. По принципот „та-даааам“ на Чигаљ Макс (оти ова за нив е „игра живота и смрти“ затоа што кога не се на власт не „живеат“), партијата која на следните избори треба да се води од аланфордовската максима „Ние ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме“ доживеа целосна, асли трансформација во нејзиното почитување на највисокиот правен акт на државата. Сега устите им се полни со „владеење на правото“, дури ќе помислиш и дека се искрени…

Срцепарателно, но Уставот наеднаш им стана многу битен. Солзи ни надојдоа, не растреперија и разнежнија. Не натераа да се запрашаме – што е следно, ќе добијат ли наплив на патриотизам и ќе се борат за враќање на уставното ни име? Па, да се потестиме, техничкиот Оливер и вице-Мила последниве денови престанаа да верглаат Северна, Северна, Северна, и наеднаш, им текна дека сме Македонија. Индикативно? Јок. Пи-арот предизборен им работи? Да…

Како и да е, ова е вест од рубриката „Верувале или не“ – СДСм наеднаш почна да го брани Уставот?!

-Вауууууу, ауууу, машала, неверојатно! Ова беше логичната реакција на пучанството кое минативе години се навикна истата таа комуњарска констелација да го користи Уставот како тоалетна хартија, да го гази, валка, погани, заобиколува и расчеречува. И така, требаше само еден квалитетен предлог со професионалец од опозицијата за технички министер, за да СДСм ја смени прикаската и да стане инстант „уставобранителска“.

Абе, експресно им светна – тоа да ти била најсветата книга, „штиво“ од кое нема отстапки. Јес, Уставот наеднаш стана Библија за атеистичко-опортунистичката банда од екс Бихаќка. Оти, кај нив, се’ си е по потреба де. Така било и ќе биде.

И наеднаш, Ковачки „изазваним“, социјалдемократите синокрвни се истопорија во јавноста, ја вклучија „Фабрика 106“, или која и да е, и удрија по ВМРО-ДПМНЕ за „тешко“ непочитување на новокомпонирано светата им книга. Партали летаа по нивните „професионални“ медиуми, сите од Тричко до Најчевска орно се вклучија во офанзивата и правда насушна делеа.
Нејсе што кога Уставот вистински и ачик се черечеше и име се менуваше, збор не зуцнаа, ама сега им текна дека некој ја допрел светињата и грев голем сторил. Абе табу прекршија вмровците. Јаз’к да е, нели…

Ало, дечки, па само во последните две-три години десетина пати му се изнајававте и изнаонадивте на тоа свето книжуле, чуму сега толку вредно ви стана? Како по толку време ви текна дека, воопшто, тоа постои и го имаме?
Сепак, пропагандата им машинерија забаботе на „најјако“, пискотници се слушнаа од екс Бихаќка до „Илинденска“ бр. 2, па многумина тазе „разоШарани“ во тешка дилема паднаа, може ли од комуњар лукративен уставобранител да стане?

И од некаде се чу гласот разумен, кој приспомна „Кх, кх, кх, абе чедата опортунистички во тендерите возљубени од избори бегаат, причина си најдоа ајваните, вајстина е!“
Некој друг потсети дека истите тие биљмези дури и Преамбулата на тој Устав, што сега толку го милуваат, без проблем ја сменија.
Трет кажа дека постереферендумски со закани, уцени и затвори „светата“ книга без проблем ја изменија и уставното име го унакажаа и испоганија и друго со додавка контра јужната страна налепија…
Четврт спомна, аааа, да не е до моментот што истиот тој професионалец знае како да им ги извади сите криминални дејанија од владеењето им, бааги „мрсно“ со афери и скандали?
Петти рече, да не ќе да е до моментот што народот ќе ги спореди Ковачки и Спасовски и од човек со екстра кариера и без љага ќе дојдеме до најнеуспешниот министер кому му се случија Рекет 1, Рекет 2, кому му избегаа Груевски и Спасов и кој ли не, во чие време Бејрут на улиците го видовме. А го наградија со технички министер, башка…
И така, едно по друго се редеа сеќавањата на народот мозочно „немиен“, кому му „текна“ за кршењата на унитарноста уставни, де прво договор со Бугарија, па Договор со Грција пред Референдум да има, па и тој само конусултативен, а потоа и небитен за чедото муртинско, па Закон за двојазичност. И што ли не…

Е сега, уставобранителите новопечени, кои станаа Власт токму кршејќи го флагрантно истиот тој Устав и деловникот на 27 април 2017. година, каде и вистински уставобранители имаше (ама од страв ги испозатворија), сега решија да го бранат?!

Парадоксално, ама од зародиш неуставната творба на Заев сега се повикува на Уставот кому ја е..а мајката. И така, би СДСм уставобранителска… Или би пародија оксиморонска, она, кога нешто не ти „стои“, ама ич, „скроз.“

Соодветна аналогија на уставобранителниот наплив на „ЗА“-евци би бил педофил кој се повикува на повелбата на ООН за правата на децата или зоофил кој членува во „Анима мунди.“

Така си е тоа и ќе си биде, се’ додека си имаме работа со гарнитура која се води од прикаската дека е подобро да испаднат будали, отколку од Влада.

А време е, крајно, дечките што се дрзнаа да ни ја менуваат историјата, да ги испратиме во истата…

Коронавирус