недела, 1. август 2021. Вести денес: 90
home Колумни

Политички амеби

Политички амеби

Португалската министерка Закаријаш направи голема беља, но од друга страна, малку дарвиновски и ни помогна во класификацијата на безрбетните ни владејачи. Даде добар пример за бескрајното ниво на „бескичмењаштвото“ на македонските властодршци. Ок, и онака знаевме дека се безрбетници, но такви има многу. Закаријаш ни помогна да сфатиме дека и во класата на безрбетниците, овие нашиве се на самото дно. Да, политички амеби. Едноклеточни, најпрости.

Уште една сличност со амебите е тоа што овие суштества немат форма, исто како и комуњаро-дуистичките експоненти. Ја менуваат според потребата и околината. Ко ова „нашиве“ – дома арогантни агресивци и чаламџии, надвор импотентни безрбетници со наведнати галвчиња. Се „штелува“ според потребата…

Као поинаку, освен како амеби, да ја објасните не/реакцијата и молкот на МНР и владата кога една португалска политичка маргиналка ќе ве нарече Бугари? Како поинаку да го толкувате исказот дека сме биле некакви „северомакедонци“ и дека јазикот до 1944-та ни бил дел од бугарскиот? И џабе ја пере колегата министер Силва, та не знаела, та згрешила, та не можела да знае се’?! Алоооо, Силва, кога нешто не знате, молчите, не тресете залени. Или, сакаш да кажеш дека сите сте суртуци и тресете зелени ко Заев? Ууууу, „Je suis Zoran!“, а?

Ок, не се сомневаме дека повеќето и сте Заев, ама дајте бре луѓе, не ни навредувајте тоа малу интелигенција што ни остана. Јест да сме земја со идиотска северна придавка, која  е дел од Западниот Балкан кој пак гравитира во Југоисточна Европа, ама не сме до толку суртуци, нели? Знаеме дека дипломатијата не функционира така. Да, Закаријаш не е Љупчо Николовски, па да ни триете путер на глава. Таа многу добро си знаела што си кажала и чуму си кажала, бркајте работа со вадењето и прикаските. Замислете само, една португалска министерка немала попаметна работа па плетејќи си така, снемала вуница и си измислила од ќеф и во голем творечки немир од немајкаде и од „ведро небо“ и светнало дека нашиот јазик бил дел од бугарскиот до таа и таа година?!?!?!?!

Цццццц, сиктер. Јест да сте колонијалисти, ама ви минало времето кога сте јго откриле патот до Индија. Замислете само, и Америка е одамна откриена, а во меѓувреме токму Америте излажаа дека стапнаа на Месечината во 1969-та… Добре, им учинивте на блгарските ЕУ побратими, признајте си. Ко земји на дното во ЕУ по економија и стандард, редно е да се држите. Фер, ќе ви вратат со поддршка за некоја р’чка со Шпанија, гарант.

Туку, ај што оваа вашава тресна, туку образложението на Заевци дека немало да пуштат протестна нота затоа што демек било случајна грешка она што го плесна Закаријаш, е уште појако. За проценка се махери, исто ко за тендери. И така, македонските политички подлизурковци водени од мантрата „лизни-мазни“ побрзаа да го направат она што најдобро го знаат. Да се излигушат. Амеба ко амеба, така си се движат пустите животинчиња.

Уште една сличност, Во средините што се потенцијално смртоносни по клетката, амебата може да стане неактивна, оформувајќи се во топка и лачејќи заштитна мембрана за да стане микробијална циста. Клетката останува во таа состојба додека не најде подобри услови. И комуњарите од СДСС исто, кога ќе се почувствуваат загрозени и ќе снемаат власт (читај загубат на избори) се трансформираат во НВО, во експерти, во критичари на власта, твитерџии, комичари, пејачи. Најмногу во плачковци… Амебата во живот ја враќа водата, сдсссовците, пак, нечија потреба да уништат уште нешто во Македонија, за што ги клонираат и протуркуваат на власт. Промена на знаме ли, територијална организација, промена на име на држава ли, Устав, двојазичност ли, ништење на македонско малцинство итн. итд. и др. Нарачателот само треба да посака, списокот на услужни дејнсоти им е долг, а завршува со завршетокот на Македонија и Македонците. За што се зезнале и прецениле, ама многу…

Не бадијала, амебата првично ја именувале како Протеус анималкуле, по грчкиот бог Протеус, кој можел да си го менува изгледот. А нашиве биљмези со променлива форма, факт е дека почитуваат Грци, макар и не им признавале име, малцинство, историја, докажано. Ко што спомнавме и тие ко амебите, низ кариерата и животот се влечат и провлекуваат на истиот начин. Лигавејќи се. Овие нашиве амеби некому…

И да, амеба потекнува од зборот амоибе, што значи промена. На идентитет, име, устав, знаме, општини… А знаете ли зошто амебите се катастрофа во математика? Па, кога треба да множат, тие делат. И, случајно, пак исто ко СДССС, само што амебите се размножуваат делејќи се себе си, а комуњарите делејќи го народот…

 

Коронавирус