четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 6
home Колумни

Покајничка траги-пародија

Покајничка траги-пародија

Не е време за шега, но оваа е поучна. Има еден стар индијански виц. Оној, кога малиот Индијанец прашува: -Тато, тато, а како ние ги добиваме имињата? –Епа, кога ќе се роди детето, таткото излегува надвор и прво што ќе види, е тоа е името на детето. Така брат ти Орелот во лет го доби името, исто како и другар ти Пума во скок и сестра ти Млада месечина. А, зошто прашуваш, Две кучиња заглавени во коитус???

Да, ѓаволот одамна ја однесе шегата во уште поодамна траорната и апатична Македонија, но само таа и ни остана, па ако е според индијанската логика, кога би се родил денеска, Венко поради насила изнудената му оставка би го крстиле Изнуденко. Тоа е она што прво се гледа до и во него, изнудено покајание, лажни скрупули, фиктивна чест и фејк интегритет. Филипче поверојатно и не би бил Изнуденко, туку Изнуденче, оти во СДСС деминутивот е на цена минативе години. Во смисол на милување нешто малодушно, малечко со дефицит т.е. кусок на гордост, достоинство, чест, емпатија кон народот, скрупули, љубов кон татковината. Македонче, Стојанче, Коче, Филипче. Чуму не и Заевче…

Арно ама, резилот тука не застанува. За титулата ултра најрезил лик, водата на Филипче му ја помати токму Заевче, а тиња додадоа директорите на ЈЗУ. Иако, сите се бореа за исто. За пусти фотелји. Венко за дадената од Заевче, директорите за оние во кои ги смести токму Филипче, а Зоче за својата. Оти, падот на другарчето му моторџиско најавува почеток и на неговиот пад. Прво другарче, сопатник во идиотските мото-авантури кога умираа по 30 луѓе, а тие вртеа кругчиња, башка втор човек на СДССС. Да, Венко е и потпреЦедник на социјалдемократите од северна или северџан нумеро дуе. Па сега Заевче ќе биде главен истражител, ѓоамити Хорацио или Грисом од ЦСИ. Ок, не може, тие се чесни…

А кој знае колку мислеле и ги тупеле главчињата за ова ступидно боливудско сценарио. Прво, нема да дава оставка. После ќе ја даде, ама зависно од истрага. Па нееее, ќе ја дал, оти имал интегритет. Арно ама, Заевче не ја прифаќал оставката на Филипче се до крај на истрагата? Цццццц, за греота…

Прво прашање: Зошто Филипче не даде НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА  ако имаше толку интегритет, туку сега Заевче ќе решава дали ќе ја прифати?

Второ: Како очекувате аморален лик ко Заев да прифати оставка од макар и демек морални причини. Кој луд очекува најнеетичкиот политичар во историјата на Македонија да направи нешто етичко?

Трето и најважно: Сценариото ви е глупаво, патетично и крајно навредливо за интелигенцијата на народот, кој ниту пие нафта, ниту ви верува…

И, Заевци, никој не заплака од среќа кога Венко Изнуденко си даде оставка. Револтот, бесот и гневот се поради луѓето кои отидоа да се лечат за да завршат живи изгорени, а вие суртуци немате абер од одговорност. Нема ќеф во тоа ни доколку Венко навистина се покаеше, макар насила заплачеше и три пати од Заев се откажеше…

Сепак, она што не го разбирате е дека тој толку природен чин на оставка ќе даде чувство дека во државата некој се’ уште има некакво чувство на одговорност. Не е важно што е од стоти пат, не е битно што истиот тој Филиче кумувал на дилот на Заевче со Коче, филуван од Стојанче за бараките кои испаднаа темпирани бомби од пластика, стиропор и кислород ко катализатор, катакомби во кои живи гореа млади и стари. Чувство дека не сте толку расипани. Реално, та нема да смени ништо посебно, сите знаат дека пак ќе ставите некој СДСС заслужен министер, кој нема абер ко Филипче. Никој нема да прави журка, ниту  наместо 6.200, така ќе имаме 620 починати од корона, ко што според број на население имаат соседите ни…

Да, сите се свесни дека со задоцнетата, изнудена оставка на Филипче, мото-сопатникот на Заевче, ништо нема да биде ок, никој не мисли дека работите ќе се вратат на свое место, ни мртвите ќе воскреснат, ни живите ќе ги добијат назад парите за кредитите кои ги земаа за да се лечат во приватните болници… Но, што е следно? И Стојанче Ќерамида оставка ќе даде ли? Им тргна, а? Па ако Груби демек ќе дава, чуму истото да не го стори и паралелниот му премиер Заевче? Тоа е тоа, лажно ќе се покаеш за гревовите кон народот, две литри зејтин, три свеќи, ќе дадеш најобична оставка од позицијата на која никогаш не ни требало да бидеш и се’ ќе си биде тамам? Абе, нирвана…

Другарчиња, прочитани сте. Ко дигитален буквар на Царовска. Знаеме многу добро на што се должи демек оставката на Филипче и на директорчињата од ергелата на ДУИ, кои патоказ му беа. Глумите одоворност и политичари, а причината се вика ГЛАСОВИ. Локалните избори и не се баш така локални, нели? Друга, поголема тежина имаат, а? Или, што би рекли Кумановци, дојдеа е нож до коску, знаеф ги Заевци анкете и расположење на народ…

И оној прецедникот Стево, кој не ни знае дека знае карате и при секој говор и изјава за медиуми ката „Хејан шода“ за жолт појас што презентира со рачињата, па и тој оставка да даде, џабе ви е. Ве лажат, со лажно покајание и со проста, изнудена, лажна оставка, криминал и толку многу зулум не се простува. А, знаете чуму не ви веруваме, ама ич? Има една прастара, добра поговорка, која вели: „Оставката е квалитет на светите души.“ А вие тоа не сте, дефинитивно, докажано, ама скроз…

 

Локални избори 2021