среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 7
home Колумни

По поразот, Стево ќе мижи, ќе се замонаши или ќе амбасадорува?!

По поразот, Стево ќе мижи, ќе се замонаши или ќе амбасадорува?!

Нацијата во дилема. Повторно. Што ќе прави Стево откако ќе загуби на избори?! Дилемата ја наметна самиот претседателски ни кандидат. Онака, „ничим изазваним“, ко што велат северните ни соседи, овој пат од самите северотопијски чеда изговорено. Така, додека си говореше тој пред партијците во Карпош и си плесна: „Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи!“ Знае ли Стеки нешто што другите не го знаат, па колку и да го потиснува, тоа толку многу го притиска и пече што не може да го закопа на екс Бихаќка, па мораше да го рече? Јап, изгледа ова анкетиве што ги лиферуваат провладините гавази и не се баш така розови. И така, Стево си се закани. По изборите, има две опции – или ќе мижи, за да не ги гледа многуте сопартијци по државата или ќе се замонаши. А, да не планира селидба човекот? Нешто амбасадор, ово-оно..

Тамам сите ја испофалија „мирната“ кампања, во која помалку парадоксално – на толку мир повеќе вриење во народов македонски никогаш немало, падна и првата закана.

А како поинаку да ја протолкувате изјавата и заканата за непојавување пред очи до „граѓаните“? Нејсе, што сите тие од ред до ред беа сдсмовски чеда и сопартијци кои кандидатот не ги признава за свои (оти, демек, бил натпартиски и консензуален) но ова беше бааги грубо и неприлично. Дури и за Стево. Да, помалу слично и соодветно на прикаската за „стоката“ произлезена од истиот ни лик.

Е сега, пошто ова не беше „стока“ народна, туку избраните „слободари“, Стеки им свика машки и деспотски и онака умилно им кажа што треба да прават. Аха, така слободарски и демократски им свика – гласајте и сторете се да победам или да не ве видам! Тоа би бил најкусиот превод на и онака директната порака. Поачик , здравје…

Позната прикаска е дека стравот куќа чува, а кај СДСМ фотелјата. Кажаното, пак, од Стекија покажува дека фотелјата му и не е баш така загарантирана, ко што сакаат да не убедат медиумските, анкетарските и „аналитичките“ му обожаватели.

Факт, тоа го сфати и матичната му СДСМ која тој упорно не ја признава за своја, па „расте“ и бројот на посетители на „средбите“ со граѓаните му. Случајно, нели, комуњарите им свикале на сопартијците. Исто така случајно ко носењето десетици автобуси на конвенцијата во Скопје, нели.

Да не се лажеме, зголемувањето на „бројноста“ не се должи на тепачката на граѓаните за присуство на Стевовите средби поради циркус-серијата патетични изјави на тетките партиски кои бараа да ги посвои, или ко оној посинокот кој му порача дека е новиот Борис Трајковски, пу-пу, скраја да е. Причина, гарант, не е ниту гаферот Зоки и неговата ултра-продукција на заевизми и солени лапсузи, чија десна рака треба да биде кандидатот им, барем според желбата на тапираната прилепска плавуша. Јок, по старата шема, екс Бихаќка со директиви ги мкне од дома сите што можат да одат, па и да не можат, некој ќе ги донесе. За вработување во администрација, за синови, ќерки, внуци итн. Да, сликата мора да се фингира. Оти работата е врвка.

Па така, изваден од кожа, кандидатот „консензуален“, си ја кажа маката, и јасно и гласно им порача на сопартијците кои глумеа граѓани, што треба да сторат за да тој победи. Се’, треба да сторат се’, инаку, не им се пишува добро. Во превод, да не му излегуваат пред очи…

Епа, ваквиот говор, драги мои, едноставно му лежи и одлично му прилега на еден документиран сноб. Фантастично продолжение на неколку години старата прикаска за стоката од другиот табор. Чуму, поинаку од „стоката“ би ги третирал своите подјармени партијци? Па тие си знаат што им е работа, а ако заборавиле, тука е Стеки за да ги потсети. За секој случај, за да не ја однесе ѓаволот шегата комуњарска. Или фотелјата прецедничка. Чиста работа…

Сега, главниот проблем во северотопијската влада е што ќе прави ако и кога ќе загуби? Опциите се три – ќе мижи, ама многу. Втората би била да се замонаши и да фати патот кон Света Гора, бидејќи многу сопартијци непризнати во државата има, па премногу би мижел, на секој чекор, нели. Третата, поверојатна,е да му подготвуваат или веќе му подготвиле амбасадорска функција, во НАТО, Вашингтон ли? Награда за кандидатурата за која никој во СДСМ не се согласил. Нит Рада, нити Оли, ни Нино од Димитрови. Оти, резултатот го знаеја, па принудени и во тесно, со докажан губитник тргнаа. Логично…

И сега, за да ги мотивира своите сопартији, симултано со заканата за непојавување пред очи им ја пушти и „патката“ за главната причината за глас за него. Оти така, ќе ја отвореле вратата на ЕУ?! Истата врата со која ги лажеа своите за „ЗА“ на референдумот, онаа врата која никако да се отвори поради нивниот непотизам, тендери, катастрофа судство и уште покатастрофа обвинителство? И така, по заканата, во стилот на топло-ладно играта стара, сега ги замоли да гласаат за да сме влегле во ЕУ, небаре, со Стеки ко шеф на Северотопија, Европјаните ќе се смилуваат и ќе прогледаат низ прсти за тоталната неспособност на владата на „ЗА„-евци?! Главната реформа која ја очекувал Брисел, да ти бил Стево на местото на Иванов? Машала…

Ало, Стево наместо да се молиш и истовремено закануваш, јави му се на Мукоски. Тој се „одбира“ од врати, дефинитивно, нели…

Љупчо Цветановски за Денешен.мк