петок, 14. август 2020. Вести денес: 6
home Колумни

Пироманијата на Второстепенио и Тивкио

Пироманијата на Второстепенио и Тивкио

Си била една мафија. Со голем елан, таа орно си харала и орала низ една држава што се викала Македонија. Сеела страв и терор, а жнеела рекет. Ја нарекувале Заева Ностра, по примерот на Коза Ностра (наша работа). Оваа другава Ностра или работа, знаете чија била, нели…

Слично како сицилијанската и македонската банда дејствувала со длабоко пуштени пипци во политиката. Така, никој не ги чепкал. Дури ја имаат, нели. После доаѓаат на ред часовите по клавир…

Урнек за пипците им бил октоподот на Бранко, оној кој новиот врховен мафијаш не го сакал многу-многу и имал страшни комплекси од него, па затоа и расчистил со неговата стара банда.

Имало и разлики со направијата од Палермо. Муртинската мафија била појака. Да, чудно, но таа не плаќала рушвет на власта, било обратно. Сите им плаќале ним, а тие едно евро по едно веро, направиле империја. Пустите си имале и свој прв човек во власта македонска, така што не капело, поплава од евра доживеале арамиите…

Имале сличности и со албанската мафија. Како неа, така и нашата мафија била цврсто семејно поврзана. Имало повеќе придобивки, сиот рекет останувал во фамилија, башка било тешко да се инфилтрирате во неа ако не сте дел од стеблото. Проверена албанска финта. Ви треба само големо семејство, а тие го имале…

Како сите мафијаши, и нашиве имале слабост на скапи автомобили, алкохол и психотропни супстанци. Едниот дури и јавно си кажал дека по долго седење во кафеана се прават грешки, признавајќи ја својата љубов кон алкохолот.  Имале и авто-ергела и цели полиња со марихуана…

Интересно,но не биле познати по порокот наречен убави, лесни жени. Јавноста ја копкала и чудела оваа работа. Едни мислеле дека тоа е поради блискоста со Бокија и Павлета, други пак се сомневале во друга слабост која била компензација за исклучување на жените од прикаската. Можеби, пак, добро се криеле…

Арно ама, се случила една „бомба“, која разјаснила се’. Пустите мафијаши имале уште попуста слабост, која ги преокупирала и доминирала, па не оставала многу-многу простор за другите. Се викала ПИРОМАНИЈА.

И така си палеле, палеле, лом направиле. Медумите оделе со наслови „Скопје гори“, па „Битола гори“, па „Штип гори“ итн., а на пироманите им се полнела душичката.

Пироманијата се дефинира како неодолива компулзивно-импулсивна желба да се подметне пожар во некој објект или шума, ама нашиве пиромани си милувале автомобили. И кај нив, како и кај останатите пиромани, патолошкото задоволство растело со посматрањето на пожарот и на луѓето кои се во паника и страв. А страв втерале, дефинитивно.

Работата ја раководеле двајца. Во мафијашките кугови ги знаеле по битолските прекари, иако не биле од таму, ама многу соработувале со тамошните, кои им биле и најдобри поданици.

Главен бил Второстепенио, брат на човекот од власта, а негова десна рака бил братучед му, познат како Тивкио.

Второстепенио го знаеле и како вицепремиер на државата, а Тивкио по тоа што секогаш траел, дури и кога давал црвени картони и изим за палење на нечие возило.

И додека тие уживкале во криминалниот и рекетарски оган, кој букално и фигуративно го запалиле во државата, на најизвиканиот меѓу нив му требало нешто повеќе. Брзо се заситувал пустиот, барал поголема возбуда, чезнеел по посилен адреналински „шат“…

Се мислел, мислел, па му светнало….

Еурека! Викнало црпнатото чедо, кое во мафијашките кругови го знаеле како Агим. Прво, затоа што многу им се упикувал на Албанците и второ затоа што тоа име било ономастички пандан на неговото вистинско. И Агим значел раѓање на денот, зора нели…

Епа, Агим решил да ја запали државата. Ако биде, нека биде. Смислил нешто „јако“, му смислиле де, да не се лажеме, оти за мислење многу-многу и не го бивало, никогаш…

И така, влегол „ОЛ ИН“ и удрил таму каде што најмногу боли. Насила и недемократски го сменил името на државата. Ќарил и симпатии од еден рид, па корисниот мафијашки идиот станал мулти таск. „Учинувал“ каде ќе стигне и кому ќе стигне, усреќувал Грци, Бугари, Албанци, сите. Само Македонци не, разбира се. Тоа никако…

Арно ама, и покрај тоа што ја запалил атмосферата во Македонија, која вриела, пироманот политикантски удрил во ЅИД. Не очекувал такво нешто, но полека полека дури и тој ја сфатил вистината.

НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!!!  Му одѕвонувало во главчето. Нон-стоп, без престан. И на јаве и на сон. Немало спас. Па возел мотори, земал рекет и колекција на Луј Витонки правел, па ордени црногорски принцови му давале, со Столтенберзи и Порошеновци навечер од  досада муабетел, па на плантажите со марихуана копал, па од нервоза за колку да се занимава со нешто – протокол сам правел и дузина знамиња утнал, ама пустото не минувало…

Ни Второстепенио, ни Тивкио не можеле да му помогнат на врховниот пироман Агим.

Колку и да се трудел, огнот што го запалил гаснел. Веќе само тлеел…

Денот на гаснењето на огнот што пироманот Агим го запалил имал и датум.

15 ЈУЛИ 2020-ТА…

Коронавирус