среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Пијандури

Пијандури

Кога вчера ја прочитав наредбата од СДСМ упатена кон нивните функционери, мислев дека е некоја заебанција или фото-монтажа, ама најискрено така помислив.

Кога тоа да ти било вистина. СДСМ на своите функционери им забранува да одат по кафани, да добро читате, ИМ ЗАБРАНУВА ДА ОДАТ ПО КАФАНИ. Алоооо дали сте нормални?

Прво и основно, викавте дека се борите против диктатура, ама диктатурата ви ја има зафатено партијава на големо, ЗАБРАНУВАТЕ во 21 век.

Второ, кој „Цреп“ го смислил ова, јако ве ЗА*БА.

Трето, со неидење по кафани не се добиваат избори.

Четврто и најважно, со само една реченица покажавте како работевте три години, па затоа и насловот на текстов е „Пијандури“.

Знаете како викаат, „Кај што има чад, има и оган“. Прво, од петни жили го браневте Шилегов за кафаните, па градоначалников Александар Наумовски и уште ред други фукционери. Нешто смрди тука!

После наредбава од СДСМ, една работа не ми е јасна, свикувате состанок, се собирате на „Бихаќка“ и што се разговарате? Во која кафана сте биле, во која да одите или во која планирате да одите?

Алооо „Црепови“ во кафана треба да одите после некој голем успех за државата, да прославите за тоа, а вие по се изгледа кафаните си ги сметате за ваши канцеларии.

Не е грев да отидеш во кафана, сите одиме и никој нема да ви замери за тоа, ама мислам дека ни самите не сте свесни дека со само една реченица си нанесовте толкава политичка дамка, а народски кажано: Ни Вардар не ве пере.

Ама 12-ти април е блиску, на 12-ти април нема да ви биде криво ВМРО, нема да ви биде крив Макрон, нема да имате изговор дека се местени изборите, нема да имате образ да кажете уште некој изговор за поразот.

На 12-ти април ќе бидете казнети поради секојдневното седење по кафани, а да се разбереме, кафаните ги плаќате со државни пари, не со свои.

Од кафана држава не се води! А ако подразмислам поубаво, вие име ни сменивте во кафана, се сеќавате на онаа средбата во Солун со тогашниот градоначалник (знам дека се сеќавате).

ПС: Се кладам дека нема да издржите до 12-ти април да не одите во кафана.

 

Ристе Здравков