сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 21
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Патолошки лажговци во време на корона

Патолошки лажговци во време на корона

Кој лаже, тој краде, вошки има и на таван спие… Ова е една од народните верзии за опис на ликот и неделото на лажгото, барем онака како што нашите стари го виделе. Има повеќе варијанти, но со слични зборови и идентична конотација.

Минале многу години од моментот кога некој народен бард ја смислил и сковал реченицата која и ден-денес на шега се користи, а реално, ништо многу-многу и не се променило. Како и секогаш, народецот наш бил мудар и воочувал работи кои биле и ќе бидат трајни и исправни, ама засекогаш.

Се менуваат само дел од именките во народното сказание.

Новокомпонираната верзија би била: Кој лаже, тој краде, милиони има и во хациенда спие… Се’ тече и се менува, само ова не. Од независноста до сега, тоа е константа за која „панта реи“ не важи. Јок. Исклучок, попостојан здравје.

А мора да признаете, случајно или не, но „новокомпонованата“ одлично им одговара на актуелните властодршци. Ко „саливена“ за нив, абе бонбона, исто како и бизнисите кои нон-стоп ги тераат врз грбот на народот.

Нашите северни соседи, пак, велат: „С ким си, такав си.“ И тоа сосема неслучајно е фантастично отелотворено во СДСССС. Во партијата, во која лидерот е познат како Барон Муртинхаузен, лажењето е очебијно главната и најпожелна доблест, насушен услов за прогрес во телата им партиски и база за министер во влада (иако не сте победиле на избори де), главна, одлучувачка особина. Она, кога врхушката е создадена според ликот и неделото на Зокија.

И чуму некој би помислил дека некаква вонредна состојба и коронавирус нешто би смениле? Зошто чедата возљубени во светот тројство на СДССС – ПАРИ, МОЌ И ВЛАСТ, би биле поинакви? Само и само поради некој си вирус кој и се заканува на нацијата? На истата она нација на која толку безобразно и хунташки и го сменија името на државата, уставот, историјата и што ли не, па уште се прават паметни дека растурајќи ја и помогнале за иднината? Јок, ова е извонредна ситуацијa за нив, дефинитивно.

Потврда за констатацијата пристига секојдневно. Најпрво си порачаа респиратори, кои според цената беа златни со дијамантски делови, ама бонбоно-корона бизнисот им го сопреа медиумите кои не сакаат да ги регистрираат. Не дека се неподобни за нивните криминали, нееее, туку дека не биле професионални као професионалните фалбаџии од другите, нивни медиуми. Оној непресушен извор на пратеници и министри за СДССС. Пре ќе да е бунар, не извор…

И тамам си помисливте, дека фатени со рацете во медот со признанието дека тендерот за респиратори не чини па го поништија ќе почнат конечно да одат по толку им вергланиот „ПРАВ ПАТ“, тие пак ја фатија првата кривина.

Е сега, како тоа истиот тест за КОВИД-19 може да го наплаќаат „само“ четири пати повеќе од приватните? Епа, приватните клиники не се толку приватни како јавните им, каде личниот интерес и бизнис отсекогаш цветал и ги полнел комуњарските им џебови длабоки. Можеби и тестовите за корона ги прават во златно-дијамантски епрувети?!

Не заборавајте дека зборуваме за таленти. Докажани, исто како „малата “ дупка од само 2 милијарди во буџетот, која така апансас се појави. Па нели бре противничкиот табор крадеше, иако денар до сега за тоа не докажавте и покажавте? Ама, рачињата некому изгледа лепеле ли лепеле, многу. Не Рекет, не Леонардо, не Диамед и редица други скандали покажаа нечии афинитети, скроз…

Сега, дефанзивно ќе врескаат и колнат да се намалеле платите на администрацијата, а за дупката која ќе го спречеше истото тоа намалување ќе молчат ко залиени. Исто ко и за мерките кои им ги предложуваа експерти и опозиција, кои сега испаднаа дека биле одлични, ама немало кој самобендисан владејач со комлекс на виша вредност роден да ги спроведе, оти ќе морал да признае дека е неспособен и не го бива за ништо…

Платите намалени треба да ги спасат, затоа што не знаат каде да ги најдат, неподготвени за ништо и со лепливи рачиња клети. А за мораториум на каматите за граѓаните ќе ги нема никаде, оти тоа не им значи ништо, па тие немаат проблем со пари, бродови се…

На страна, ми текнува кога ги прашавме пред една недела  дали ќе се задолжат со 700 милиони евра. Знаете како ни вратија од Влада? „Информацијата ви е целосно невистинита!“ Уште да не истепаа, нели. Ни помалку ни повеќе.

А во право да ти биле луѓето, за прв пат биле искрени. Тие да ти барале 1.2 милијарди евра, ама им дале „само“ 600 милиони. Душички напатени лажговски. Ги издаде кој друг ако не лидерот им Заев, по чиј модел се правени во СДССС & Компани. Фројдовски комлекс или не, ама си призна чедото црпнато од нива што барале и колку милиони „само“ добиле, ко портпарол на Влада да е, оти во последно време тој е задолжениот да соопштува. Небаре така ќе добиел политички поени. Не дека продаваат евтин полулизам за на избори, кога и да бидат. Никако и ич непроѕирно. Транспарентно, ко што би рекле самите. Да, провидно „до коска.“

И така, тие одбранбено ќе врескаат и кудат, ќе лажат и мажат и секому кој ќе се покаже ко опасност за нивните бизниси ќе му го с’скаат чопорот на оние канибалистички настроени медиумски гавази, во чиј виртуелен свет СДССС се најубавите, најодговорните и најчесните.

Во меѓувреме, кучињата ќе си лаат, а карванот со корона зачинет со тендери и бонбона бизниси ќе си врви.

А ние? Ние ќе се молиме на Бога кијаметот коронски да мине што побрзо и побезболно, со лесно и со што помалку заболени и жртви. На тендерите и бонбона бизнисите сме навикнати, тие веќе и не ни пречат. Гарант и ќе ни фалат кога ќе паднат од власт. Имаат и „добар“ пример – идолот и спонзорот им Сорос си ги продавал земјаците на нацистите во Втората Светска Војна…

Факт е, за жал, дека останува само молитва.

Отиии, со ваква патолошки лажговци и неспособна, ултра-бизнис ориентирана влада, само Господ може да не чува…

Коронавирус