среда, 28. јули 2021. Вести денес: 0
home Колумни

Падишахот Заев нека си ја чека пресудата од народот на избори

Падишахот Заев нека си ја чека пресудата од народот на избори

„Лагата е религија на робовите и господарите, вистината им припаѓа на слободните луѓе“ ..овој своевиден апел на револуционерниот ум на вечно неподобниот Максим Горки од средината на триесеттите години од минатиот век, пред некој ден доби статус на непореклива вистина за македонското општество денес!

Аудио материјалите со милозвучниот „додека дишам“ глас на Зоран Заев кои осамнаа на youtube, конечно и еднаш засекогаш, направија јасна дистинкција помеѓу господарите, робовите и слободните луѓе од почетокот на текстот. Точно лоцирајќи ја потчинетоста на шарената “револуција” кон потребите на пеколниот план за разнебитување на Македонија, Зоран Заев ја откри тажната и потресна вистина за евтиноста на постоењето.

„Сите невладини организации, студентски пленуми и се што е финансирано од Сорос, се мои“ вели Заев, заокружувајќи го опфатот на  својот „граџански“ пашалак, кој почнува да блее во ритам на „Хајмо звиждаљке“, пред секој нов рушителен поход врз се што не размислува како Падишахот од Муртино.

Четириесет и осум часа по аудио снимките…молк. Нема реакција од раководството на соросовата фондација во земјава, да се огради, или барем да се обиде да ја заштити својата чест, нема соопштенија од силните невладини организации кои исчезнаа во својот робски менталитет на потчинетост, ги нема ниту експонентите на ЛГБТ заедницата со крици на вџашеност да го демантираат  сопствеништвото на Зоран Заев врз сите нив. Толку за робовите и нивниот сопственик.

Да се позанимаваме малку и со слободните луѓе, оние кои никогаш нема да го простат она „Не ги е.ам ако не гласаат за мене“ јасно и недвосмислено искажано од Зоран Заев во една од снимките. Понекогаш менталниот капацитет не стигнува до помислата дека оние што не ја заслужиле неговата „милост“ во инкриминираната реченица, можеби се токму оние кои наседнаа на шарените муртински лаги и го поддржаа дезорентираниот падишах во својот самоуништувачки поход против Татковината!

Измамени, излажани, разочарани и бесни и тие злокобно молчат. Го чекаат денот во кој со гласачко ливче и пенкало ќе си ја ослеснат совеста и ќе му платат за денот кога си го прегризале јазикот.

И на крај, како врв на слободата на духот и оправдан револт од доживеаните пцовки, доаѓа огромниот дел од народот (оние што држат до својот дигнитет и достоинство) што веќе се трансформира во победоносна енергија, како своевиден граѓански суд, на денот на изборите, за на падишахот од Муртино, да му ја прочита својата пресуда, за сите изговорени лаги, за сите сторени предавства и сите безочни навреди…и да му го покаже патот кон буништето на историјата!

Денот незапрливо доаѓа…

И тој тоа го знае.

Рашела Мизрахи

Коронавирус