среда, 15. јули 2020. Вести денес: 88
home Колумни

Она, кога на Заев ќе му се деси Титаник…

Она, кога на Заев ќе му се деси Титаник…

Чудна работа се ова датумите. Ви текнува на 1.јуни 2017-та година. Датумот кога Заев стана премиер на неговата ултра-неуставна Влада, гарнитура која уништи толку многу македонски светии, шклопоција која е и ќе остане позната како временска и национална непогода. Арно ама… Само три години потоа, 1.јуни 2020-та, датум кога половина Заева влада и партиска врхушка се зарази со корона или замина во карантин. Со помин да им е, но кармата е кучка, дефинитивно. Ама скроз, нели…

Очигледно, бабината клетва силно, сурово делува и не простува во Македонија, државата чие име, истите тие неуставци кои денеска толку многу се повикуваат на истиот тој Устав за да одат на избори, пустите го менуваа. А пред три години на 1.јуни 2017-та имавме експозе на неуставниот „премиер“ Заев во кое немаше ниту збор за промена на име, Устав, преамбула, историја, двојазичност, Договор со Бугарија, Грција итн. итд. и др.

Арно ама, не е лесно да си му во кожа на ЗЗ, јок, не е забенција кога по точно три години ќе ви СЕ ДЕСИ ТИТАНИК. Оти тоа беше овој 1. Јуни 2020-то лето Господово. Црн понеделник, ама вистински не ко оние нивните што ги крштеваат за пропагандни глупоштии. Умреа 7 луѓе и 90 се заразија. Денот кога некој „сам себе се убивал“, што би рекле неговите коалициони партнери од БЕСА компани, толку слични по не/дејанијата и не/идеологијата им. Ок, разликата е што тие неправат ништо против сопствената нација, ко „нашите“ другари. И другарки де…

1-ви јуни, ќе остане запаметен како денот на црниот БЛЕСОК и денот на светлиот ЗАЛЕЗ на СДССС. 2017-та и 2020-та. Она, кога ќе ги исфорсираш дилајлите во партија, ќе им направиш сурушка агенда, беспоштедно ќе ги ангажираш да ораат на терен и да тераат кампања во време на корона и ќе ги испозаразиш и „изгориш.“ Ама ќумур, реш…

Тоа и го стори чедото муртинско. Во сопствениот залет – по секоја цена да намали пораз на избори или втората му опција – така со избори среде корона да игра на неизлезност за да си владее до декември (двете логики на Заевци за брзи избори), познатиот црпнат Аврамеец ЗЗ ги жртвуваше сопствените деца. Макар партијски. Жртва е жртва…

Колку оксиморонски нели, кога комуњарски атеисти спроведуват старозаветни библиски тактики. Крш, крај на безидејноста, арам…

Она, кога притискаш на инстант избори среде корона. И добиваш, ама инстант корона. 50-50, нели…

Да, и додека сите нормални луѓе застана против нивната небулозна и идиотска НОВА НОРМАЛНОСТ и се потресоа од бројот починати и заразени, Зоки не ни трепна поради нив, ни пак за жртвата на сопартијците. Иииии, карактер, нели?

Ги изгоре бре, без трунка емпатија и сочувство. Дури и најзакоравените комуњари мислеа дека ќе се оправи по ова и ќе се повлече од идиотската идеја, факт обелоднет по социјалните ни мрежи, арно ама, муртинецот мува не го лазеше, а корона не го тангираше, ама ич.

КОВИД-19 на Барон Муртинхаузен не му пречи ниту во сопствениот двор. Можете ли сега да замислите колку му гори под нозете на црпнатиот лидер? Сфаќате ли до каде е отидена работата и колку му значи политичкиот спас кој очебијно не е само политички? Без срам, перде и трошка сочувство за сопартијците заразени и ќумур сторени поради неговите глупоштини, уставобранителот (читај уставосрамителот) гордо потврди – избори мора да има на 5-ти јули?!?!?! Па уште доктор изиграваше и симптоми на корона измислуваше?:

Алооо, па тоа е за само месец дена од сега?

Ама тоа не му смета, уште помалку му пречи на мизантропот ЗЗ. Подготвен е, очигледно, и корона да фати, ама да избега од саглам пораз што му следува. Со короната полесно ќе се справи, пресметал мајчиниот. Лудо, нели.

Велат, страв куќа чува. Кај ЗЗ, пак, страв луѓе со корона умира. Мање важно за него, нели.

Ми текнува на еден епитаф од Алан Форд, кој толку добро им прилега и ја доловува СДСССССовската и Зокиева  мантра. Одговара ко „саливен“ за вакви политички зомбија.

Таму на гробот стои „Јас лежам долу, а ти си горе. Сепак, подбро би било ти да лежиш овде, а јас да сум горе…“