сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Она, кога ФАБРИКАТА ќе проработи несакајќи, по навика…

Она, кога ФАБРИКАТА ќе проработи несакајќи, по навика…

Интересен феномен денеска ја обзеде Македонија. Да, чудна ситуација, несекојдневна и толку безобразна, а мина толку лесно и со толкав „помин“, ко што велат во турските серии.

Една госпожа излезе и плесна зелена. Среде корона. И преживеа. Башка од МВР. И никому ништо…

Јес, Славјанка ќе да беше. И остана де.

Да беше некој друг, некој клет вмровец на пример, еееееее, тој ќе го јадеше за сите пари. Ќе се вклучеа оние критичарите на дугме, Џабири, Јоциња, Сашковци, Политиковци, Тричковци итн. итд. и др. Многу се, само за да ги наброиме ни требаат  две-три страници. Долг платен список има СДССС, нели. Па ќе тролаа, кудеа, онанираа, расчеречуваа. Ќе блескаа де…

Така, ќе ја отераа лажгата у Тричку лепу материну. Вака, имаат блокада. За греота…

Е, Славјанка депјути министерка да ти плеснала нешто многу зелено, толку фејк њуз да ти ширела, ама со тоа немало проблем.

Ех, да беше едно друго време пред само  три години, гарант цел кампус шатори ќе никнеа пред влада, па макар и корона била. Нив и онака бутур не ги фаќа. Ви текнува колку се пијанчеа и дуваа пред влада во оној „слободарскиот“ камп? Па, живи и здрави се и башка сите советници владини или општински станаа.

Арно ама, сега нема кој лош збор за Славка Комуњарска да каже. Таков јунак мајка сдсссовска не родила…

Отииии, сега никој не плаќа за тоа. Фер. Не се сомневајте, да се најде некоја амбасада или Сорос да се преобрати, ќе ја плукаат и неа и ЗЗ и СДССС и Гуливер. По потреба де. Вака, калма ќе владее, оти невладините се во влада.

А Славјанка? Не грижете се за неа. Тоа што го стори таа е толку нормално. Секојдневие СДССССовско. Се вика фејк њуз или лажни вести. А тие, пустите, да ти ги измислиле уште пред тие светски термин да станат. Иновативни се, а ако не верувате – видете само кој зема пари во најнеинвентивниот „у свет“ Фонд за иновации…

Ви текнува на инвентивната ФАБРИКА на БЦ? Одамна беше, многу вода протече од нејзиното востоличување. Пола „колеги“ наши беа таму. Башка, уште се. Само сега е Фабрика 1001.

Ви текнува како СДССС направи кариера и на што ја темелеа шарената дееволуција?

На лажни вести.

Лагата за Мартин Нешковски.

Лагата за Никола Младенов.

Лагата за малта Тамара.

Лагата за Смиљковско Езеро. (Нека ми простат сите што ги спомнувам)

Па Чаушот и лажните „лажни лични карти“.

И така до недоглед. Макар што ни со овие лажни вести не победија на избори во 2016-та. А сега, па и сега тераат само благодарение на Короната. Инаку, ќе ги сменеше народот за цели 3 дена. 12 април…

Така што, Славјанка си лаже по навика, драги мои. Тоа им е фабричка грешка. Генетика ознашко-удбашка. Најдобар репрезент за кажаното е Зоки ЗнАЕВ ДЕКА ЌЕ ИЗЛАЖЕ. Да, познат како Барон Муртинхаузен. Ви текнува, нели, според  чиј лик и недело се пресликани. Она, кога идол ти е чедото црпнато…

Па ДЕПЈУТИ МИНИСТЕРКА на МВР да ти излажала без везе дека ПОВЕЌЕ ОД ТРОЈЦА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВОЗАТ ВО АВТОМОБИЛ. Па загрижила два милиони луѓе, се туфкале илјадници семејства, некој не спиел…

Ту, ту, ту. Чудно ми чудо.

Па Зоки (ЗнАЕВ ДЕКА ЌЕ ИЗЛАЖЕ) лажеше дека нема да го смени името и уставот, излажа и други 1000 работи, а задње дека нема да враќате рати кредитни (каматите солени испаднаа фазла), дека на сите ќе им намали плата на минималец (се предомислија по притисокот на јавноста), но и дека ќе дал 14.500 плата за сите што ќе немаат работа, а тоа испадна само 9 илјади дека биле (Нина Групер го издаде несакајќи)?!

Затоа, знаете ли како ќе познаете министер или заменик од СДССС дека лаже?

Му се мрдаат усните…

 

П.С. Молкот на медиумите провладини и отсуството на неВЛАДИНИТЕ нека не ве зачудува. Интересно, што со само микро пермутација на буквите НЕВЛАДИНИ  стануваат НЕВАЛИДНИ.

Упсссс…

 

Коронавирус