понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Колумни

Он-лајн маски за дишење

Он-лајн маски за дишење

Најновата, најидиотска мерка од истоепитетската влада само ме потести со кого си имаме работа. Она, кога со маски ја маскираш неспособноста…

Да, задолжителното носење маска в планина толку многу личи на ова фантазмагорично, толку измамничко и нелогично владино устројство.

Добро, што е право-право е. Подобро и не можеа, оти не ни знаат пустите блефери. Она, кога блефот дека знаете да работите и дека воопшто и работите нешто ви е во основата на егзистенцијата. Ама, на секое можно поле. Било тоа здравство, била економија, било образование, било право и правна држава, биле национални чувства…

И така цел век, што велат. Си лажувкаш и си се лажувкаш дека правиш нешто, дека си сериозен во истото, блефираш ли блефираш, до коска. Проблемот е што од толку блефирање, истите и се убедени дека прават нешто и дека знаат да го прават тоа. Биљмеска автосугестија ли е што ли е, ама им делува на чедата толку многу хипнотизирани и возљубени во ликот и неделото на чедото им црпнато…

Следствено на  идејата и „работата“, и  резултатите од таквата направија се тотално логични. НИКАКВИ, исто ко и сработеното, исто ко и фантастичната замисла на смислувачите непрокопсани…

Таков им е и „клиничкиот центар“ во кој сега ги лечат илјадниците заразени од ковид -19, монтажен. Она, склепан набрзинка и по потреба, ко и сите пропагандни лаги и устројства на корисните идиоти. За една употреба, оти на лагата и се кратки нозете, ко лагата за Нешковски, за малата Тамара, за Младенов, за Смиљковско, за личните карти за гласање, за правдата на СЈО, за прекрасната обвинителка Катица, за медиумскиот тајкун Боки, за чесниот крадец  Дончев, за уште почесниот Рашко, за најчесната Ременски, за НАТО не брани, ЕУ не храни,  итд. итн. и др.

Со кој си таков си, вели онаа старата. Па така и Супер Филипчо и оној отпорниот ко куче што постојано се мота околу нозете на министерот се претопија со околината.

Така, прифаќајќи го принципот на блеф и евтин, најевтин Завизам ил беше популизам, се решија за најдобриот приод. Она, кога ќе направиш нешто, а сите ќе знаат дека си го направил. Што повидливо, тоа подобро, да видат дека работиш.

А што би било повидливо од сите граѓани насила маскосани на секое можно место, а?

Тууууу, ова Владава работи, ама многу, се гледа, се бори со ковидов без застанување, јако, а?

Па видете, сите носат маски, се гледа дека Зоки и Венко ја средиле државата, се борат мајчините, се кршат од борба за животот на секој свој граѓанин, кој толку многу им значи. Не спијат, не јадат, само и само за спас на нацијата и државата. Бравос!

Ајде, сиктер таму, за жив срам сте. Кај и да е, ќе не натераат и по дома да ги носиме, со наредба за он-лајн пријавување со маска на фацката на секој час преку вибер, ватс-ап, зум, сигнал ли, што ли… Ако биде, да биде, нели, така и треба во одамна Орвеловата Македонија.

Па ако некој може он-лајн протест за смена на лидер на партија да прави по препорака на Венко и Караџот, ако имате он-лајн нефункционално образование, притискате за он-лајн Собрание, чуму да не може и ова – он-лајн маски.

Имагинарно, нереaлно и нелогично, исто ко и државата во која живееме. Онаа што оние од СДСС си ја викаат на буквата „С “.

Некаква си лажна, ОН-ЛАЈН ДРЖАВА, измислена творба што пости само во умот на создавачите.

Јас, искрено, не знам за таква. Јас знам само за МАКЕДОНИЈА. Точка.

 

Затоа, пред реално да не’ умрете, и ко индивидуи и ко нација, носете се, он-лајн ли, како ли.

По ваш избор…

Коронавирус