понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Офуцана новинарска вуцибатина, како нов вид кетман или рибар на човечки души 

Офуцана новинарска вуцибатина, како нов вид кетман или рибар на човечки души 

Сашо Орданоски како медиумски кетман – рибар на човечки души

 

Го прочитав писанието “Пропагандни дибеци на прес-конференции“ напишано од Сашо Орданоски. Вчудоневиден, разочаран и згрозен сум. Најповеќе од размислувањето и пишувањето на овој, драп во штрафти (“ДА, да, да….можеби, можеби, можеби… не, не, не….ништо не се знае….ништо не е докажано…)новинар, колумнист, писател, режисер, сценарист. За млад извонреден новинар и објективен и компетентен аналитичар, пишува дека е “дибек“. Грозно.

Потоа зборува за пропагандни машинерии (блиски до опозицијата), осудувани за клевета, навреда и ширење лаги и се така во недоглед. Е, ова е немање домашно воспитување, дефицит на општа и новинарска култура. А морал и етика – граунд зиро. И елементарно непознавање на правото, особено кривичното: никој не е осуден, додека не добие правосилна пресуда. На таа фора, срушивте легитимна и легално избрана власт, веќе никој нема да ви наседне на истиот валкан трик. А сега, кој и каков е Сашо Орданоски, и зошто ја игра оваа денунцијантска улога, во валканата игра на власта?

Па, луѓе мои, тој е безгранично деструктивен, немерливо злобен и љубоморен, полн (до надуеност) со завист. Поданички и послушнички срамно напаѓа медиумски професионалци кои во ова тешко време ја ловат власта во лагите и манипулациите за моменталните неповолни состојби и за тоа ја известуваат јавноста.

Во наводно слободниот печат го напаѓа Митовски, а преку твитер, ТВ Алфа и борбата на целата екипа на медиумот со лагите и манипулациите на Владата, Кризниот штаб, гротескно смешниот Заев, и трагикомичниот лик на лажниот херој Филипче. Замислете, тие биле жморони, кои правеле оргии. Невкусно, до дегутантно.

Треба да научи, и да знае, дека ним, а особено на медиумските херои Александар Митовски и Коле Чашуле, мисла водилка им е “Срамно е да се молчи“ (Џоан Баез, во легендарната балада, “Саки и Вензети“ пееше “Само молчењето е срамно“), за недоследностите, манипулациите и конструкциите на Власта, во ова време-невреме. Ама може ли еден медиумски кетман, или ако сакате рибар на човечки души, да го научи и да го знае тоа? Изгледа, не! Јок! Многу е тоа за него.

Но може да знае дека, Александар Митовски, неговата малубројна екипа (Наталија, Милош, Борислав, уште еден Александар, Зоре, Јована) и неговите истомисленици од другите медиуми (особено Коле Чашуле и неговата “7“-ца), ги доживувам како неуморни, чесни и одговорни истражувачи на вистинските односи, состојби и случувања во и околу Македонија.

Во случајот на контекстот пандемија со корона вирусот и што сé власта сокрива, нé информира или поточно, дезинформира за тоа. Па нивно, на новинарите,  основно морално право е да се сомневаат, да не веруваат, да истражуваат, да прашуваат. Се во интерес на заштитување на здравјето и спасување на животите на луѓето.

Затоа што власта, Филипче и компанија, лажат за опфатот на граѓани кои се тестирани, манипулираат со бројката на респираторите и дали се или не се набавени. И сега, лажеа за тестови, мамеа за респиратори и тендери, манипулираа за докторката и се за неа и за тоа која штета ја направила и ние бланко да им веруваме.

Ете затоа Сашо Орданоски и измамничката ни ненародна власт, немаат ништо заедничко со демократската политичка култура. Тие се едно ординарно постмодернистичко мижи-да-те-лажам, кажи-излажи, и особено, мисли едно, кажи друго, направи сосема трето. (Да набројувам ли уште бре поданику, послушнику и кетману ни еден?) Не знае сиротиот Орданоски дека кога го напаѓа овој храбар и одважен новинар, истражувач, аналитичар и известувач, и неговите истомисленици, го доживуваме како крвник на вистината. Како злобник на етиката. И како убиец на хуманоста.

И сега, за волја на вистината, зошто овој таканаречен новинар со сомнителни морални квалитети, сам, без никој и со ништо да го предизвика, ја погани професијата за која мисли дека и тој и припаѓа? Има зошто, драги мои. Добро знаеме чиј фан, поточно апологет е тој. За оние кои не знаат – на Зоран Заев, СДСМ и ненародната власт што ја практицираат веќе три години. Сега веќе, после покажаната и неспособност за кризен менаџмент и во вонредна состојба удирајќи по џебот и грбот на недолжните граѓани, се  и неумна, неука и нехумана власт.

Првин да го објасниме неговиот ракурс на гледање и позиција од која го гради својот став. Познато е и докажано дека секој гледа, и може да види, онолку колку му дозволува местото на кое се наоѓа. Тоа, особено важи за Орданоски.

Доколку некому се качите на грб, можете да гледате многу подобро. Особено, доколку оној кој  сте го јавнале е висок човек. Доколку пак некому се качите на глава, најдалеку можете да видите пред себе. Доколку пак му ѕиркате од некој друг дел од телото, вашите видици многу се намалуваат. Малку поради стеснетиот видик, и малку поради миризбата, или еве да не биде еуфемизам, поради смрдеата (на и во анусот туѓ, премиерски, министерски или лидерски, и не е битно). Доколку пак, се решите да му ги лижете петите, земјата ви е на дофат на рацете… подолу нема. Не, има! Само мракот е!

Уште попознато е, а и сигурно докажано е, дека мракот никој не го сакаме. Ама, ете Орданоски, често запаѓа во него. Така ти е, кога некои луѓе живеат на границата на лудилото, најдалеку што можат да стигнат е границата на амбисот. И тогаш, се појавува ТОЈ – Сашо Орданоски, и храбро зачекорува  “напред“ лепејќи етикети, зајакнати со грозни навреди. Е тоа напред на него е струполување надолу, до дното на амбисот.

Што мислите? Има ли шанса да го пробие? Па, дното на амбисот, разбира се! Како тргнал, можеби и ќе направи чудо невидено. Ама се плашам во тоа пробивањето пак да не заглави во нечиј анус. А таму најчесто заглавуваат кетманите. Да, Саше Ордановски, те доживувам како кетман, испилен од кукавичкото јајце на твојата автоцензура и новинарската непрофесионалност што ги влечеш уште од оној систем кој одамна го напуштивме, но не се спасивме од таквите како тебе. А фактот дека не си сам и осамен е најпоразителен.

Новинарско-колумнистичката-аналитичка -активиситичка  буламента, на која и припаѓаш, е мала, ама одабрана. За сите нив, пишував минатата година во моите колумни “Пизди 100%“, “Тапаѓоз/и“, “Империјата го возвраќа ударот“ и некои други. Сите тие, до еден (дринкери, лукративци, павкачи и шмркачи, со замаглена свест), ја контаминираат македонската јавна сцена. Дојде време за проветрување, дезинфекција и дератизација, да ги намалиме штетите, и еднаш за секогаш да кажеме: “Бронхи… лакше се дише“.

Тоа мора да биде прецизна вивисекција, за конкретно детектирање, аргументирано дефинирање и веродостојно портретирање. Бидејќи сите тие длабоко се навлезени во системот, и свесно-несвесно го претвораат во режим, мораме да покажеме смисол за истражување, умешност за давање на наоди, способност за анализа, како и ладна глава за заклучоци за отсликување на реалната состојба и предлози за надминување на незадоволителната реалност. За почеток, мал увод, за личноста(нивна), и нејзините(нивните) различни лица. Во таа смисла поставувам две прашања:

Прашање број 1: Дали пореметувањето на личноста е болест или состојба?

Прашање број 2: Дали пореметувањето на личноста е социјално или психолошко одредено?

И сега, да ве успокојам: не станува збор за пореметување на личноста како психопатија, туку како антисоцијална личност и на неа слични патолошки личности. Колку да се знае и некој да не биде во заблуда. Тука, пред се, над и под се, дури и ако сакате, околу се, се работи за нешто друго.

Најдиректно се работи за антисоцијално однесување на антисоцијални личности, кои ги кршат уставните, законските, правните, политичките, социјалните и моралните норми.

На тој начин директно ја загрозуваат околината и нанесуваат штета на трети лица, најчесто преку, субјективност, тенденциозност, нестручност, непрофесионалност, морален релативизам, неморалност, манипулации, социјално заведување, екцесивна зависност, коруптивност и активна и пасивна агресивност.

Сотир Костов

 

П.С.

Кога офуцана новинрска вуцибатина ќе се соочи со млад, интелигентен, храбар и одважен новинар, тоа е средба на грдотијата со убавината на новинарската професија. Чик, погоди, Ордановиќу, кој како ќе помине во таа средба?

Коронавирус