понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Колумни

Одрод. Точка

Одрод. Точка

Си биле еднаш едни лукративни дилајли. Илјадници. Се ориентирале и насочиле кон север, оти така им кажале дека е доходовно. А тие си биле послушни. Многу. А размислувале, малку…

И си мрзнеле. И национално, и економски, и здравствено, и образовно… И секако. Ама си трпеле биљмезите. Оти им ветиле блескава иднина. На збор. А од него, ни абер. И така, скапале од мрзнење. Абе, премрзнале пустите суруши. Таксират северен ги фатил. Арно ама, еден ден, конечно, им текнало. И си рекле, з’ш мрзнеме свртени на север, ај да се свртиме кон сонцето, мош’ поубо ќе ни биде, а? И се поместиле цреповите кон светлината и топлината, кон народот. И замисли само, ги огреало сонце, истото она кое до вчера со брусалици го ништеле…

Ууууууу! Убавини. И им станало топличко. Па се прашале – кој мој јас барав на север?! Па ова сонцево наше греело, а? И така, по доооолго време, им текнало дека некој ги веслал со години. Хммммм, абеее, некој Зоран да не не’ лажел и муљал, а?

ЕУРЕКА!!! Да, им текнало, им светнало, мноооогу години по останатите им сонародници. Имале ли „касно палење“ ко Лада Самара, Москвич ил Југо? Заебала ли платинката? Ил до кондензаторот било? Да не се каблите, палецот? Или, сепак, свеќицата е, а? Јок. Бомбината ли? Не. Курцлуш ли, до капата разводна ли било? Јок, до главата под капата било. И буквално и фигуративно. Да, толку им сечело на пустите. Не е многу-многу за прошка, но подобро некогаш отколку никогаш…

Аха, гарант сите се чудевте кога новокомпонираниот директор Стојанче Ангелов три пати нагласи дека војниците што ќе учествуваат во обезбедување на болниците ќе бидат невооружени? Се чудевте, признајте. Имаше зошто така да срочи. Пораката беше упатена до оние што гласаа за промена на уставното име на Референдумот за северната глупоштија. Да знаеше да црта, генерал Ќерамида и ќе им нацрташе, оти поинаку и не можат да сфатат…

Арно ама, види чудо. Вчера, кога лидерот им ЗЗ излезе од краткотрајниот момент на патриотски занес, кој му стоеше ко пижами на слон, и прозборе за бугарските ослободители, заедничката историја , Гоце и јазикот, на дилајлите им текна дека со години следеле класичен и докажан ОДРОД. Иииииии, сфатија, алелуја! Види мајката, верувале или не, ама им текна. Помогна и Захариева која им чепна во Тито, ама Зоки го опраи финишот. Она, што и слеп ќе види. Она, што и морон ќе сфати. Епа, ајде сега, медаљи да ви дадеме, бива? Или пре би тендерче некое, признајте…

Чудо, а? Како тоа маѓепсаните поданици сфатија дека со години следеле еден обичен приучен демагог, асли корисен идиот. Корисен за некого, за комшиите, корисен за себе, но не и за Македонија. За Македонците, пак, никако. И им се отворија очињата заслепени од опортунистичките ветувања на црпнатиот одрод, та сфатија дека тој се утепа од ПОТПуШУВАЊЕ, не од ПОТПиШУВАЊЕ договори. Еден вокал чуда прави, иако и потпишувањето и потпушувањето се штетни за здравјето. Ако претерате…

И сеа, шу прајме? Ви текнува на оваа сентенца толку злоупотребувана од шарените карикатури кои со една мизерна „дваесче на ден“  ШАРЕНА ДЕЕВОЛУЦИЈА од луѓето направија МАЈМУНИ, а од државата ни ПРОТЕКТОРАТ? Шу прајте, а?

Правете што ќе правите, ама земете си го под мишка тоа одродот непрокопсан со IQ 32 и однесете го сургун некаде, ама подалеку.

Може препорака? Гарант и Гарминот во аутата ќе ве насочи натаму.

Најдобро, фатете на СЕВЕР, ви лежи насоката.

И да, „освестеници“, многу подобро е да издадеш книга отколку сопствениот народ…

Коронавирус