среда, 5. август 2020. Вести денес: 15
home Колумни

Одекот на тишината

Одекот на тишината

Како шлагворт на денешнава колумна ми се зборовите, кои деновиве ги слушнав, од еден мој пријател, познат интелектуалец, убеден атеист, аполитичен, активен учесник во „шарената“ – Како можев да си дозволам да бидам во друштво на овие луѓе? Како можев да ги следам, подржувам, одам на митинзи, да го дадам мојот живот во нивни раце, да гласам за нив, ги читам нивните пораки, да го трошам на нив моето скапоцено време, одобрувајќи ги и промовирајќи ги нивните ставови, и пред моите пријатели ги воздигам во небесата, ставајќи ги рамо до рамо со Боговите? Како можев да бидам слеп, за животот да ми зборуваат оние кои живеат во лажни вредности, за убавината-неморалните, за финансии-клептомани, за среќата-несреќните, за љубовта оние кои на првата „препрека“ нова среќа бараат!? Како, зошто!?

На мојот драг пријател му одговорив со цитат од „интелектуалецот“ Ферид Мухиќ и неговиот предговор на „Пофалба на лудоста“ од Еразмо Ротердамски. Можеби коалициониот партнер на Заев заборавил што напишал во 1990 год, па да го потсетам, „тоа е приказна за маршот на полудените-кои сопственото лудило го прогласуваат за врвна мудрост и добродетелство“. Можете да претпоставите како се чувствувал овој „великан“ на Македонската филосовска мисла, вклучувајќи се во големиот марш, како тој го нарекува „лудата анабаза“.

Оваа кратка исповест, на мојот драг пријател, доволно зборува сама за себе. Нема да ја коментирам, но ќе се обидам да најдам одговор и решение на прашањата, кои верувам си ги поставуваат многу наши сограѓани.

Пародијата „Мисија Струмица“ заврши, псевдоглумците ја претворија во најцрн ХОРОР, дури и оној смешен КЛОВН кој даваше темпо на представата се разоткри дека е жална човеколика, клептоманска, креатура. Време е да ја спуштиме завесата и ги упатиме кон местото кое го заслужуваат, на полињата на Идриз-беј, во царството на заборавот и таму од каде како стаорци се појавија, во канализацијата на цивилизацијата. Премногу зло, чемер и јад ни нанесоа! Ниту една генерација, за време на владеење на една ваква булумента, не памти толку несреќи, понижувања, распродажба на сето она што е свето за еден народ. Крикот на тишината на народот наш беше првичен одговор на бласфемијата која ја нанесоа на националната гордост, моралните вредности и идентитетски обележја. Крикот предизвикан од неверување, бес, шок, тага, очај, немоќ. Тишината која завладеа, нашите властодршци, како и вообичаено, погрешно ја разбраа. Подигравањето со народот го споредуваа со онаа псевдопсихолошка метода “Луѓе кои блеат во кози“, а периодот на нивното владеење го нарекуваа „Кога јагнињата ќе стивнат“ (секоја сличност со култниот филм е намерна). Занесени во мирисот од неподносливата реа на сопственото распаѓање, ја заборавија народната мудрост, за султанот кој најмногу се вознемирувал кога му пренесувале дека „народот молчи“.

Не, тие не можеа да го слушнат злокобниот шепот на народот, задушен од дивото месо во неговото грло. Никогаш не сум се посомневал во мудроста на мојот народ, преку неа сме опстоиле векови, не продаваа на Ат пазар, не раселуваа, угнетуваа, се боревме едни против други за разни цареви и идеологии, опстанавме, ќе опстанеме и понатаму. Верувам дека го преминавме „Крикот на тишината“ се разбудивме од грозоморниот сон, за кој долго глаголевме дали е сон или јаве. Дојде времето кога треба мудро да извагаме со кого и кој ќе го подржиме. Од нашиот избор зависи правецот на единствениот живот кој го имаме и иднината на нашите најмили. Од нас зависи кого како пример на нашите деца ќе им го препорачаме. Решени храбро и гласно да проговориме за вистинските вредности, јавно во очи да им кажеме за сите нивни лаги и измами. Носители на промените кои сакаме да ги видиме, во нашите животи да ги пуштиме работните и вредни луѓе, лица со жар во срцето кои имаат желба на сите нам да ни биде подобро.
Стравот и неправдата која ни ја наметнаа е предизвик, тест за нашите способности да изградиме, дизајнираме подобро и поправедно општество.

На 15-ти јули ни се дава ретка прилика, сите заедно, независно на кој Бог се клањаме, да ја реализираме никогаш досега во светот не изведена, единствената револуција во името на човекот, македонскиот граѓанин – Давајќи го својот глас за ВМРО-ДПМНЕ!!!

П.С Деновиве постојано во мисла ми се стиховите на големиот чилеански поет Пабло Неруда „Можете да ги исечете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“

На денот на Светите Апостоли Петар и Павле (Петровден)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

Коронавирус