петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Од Чарлиеви ангели до Гомнари и Ороспии

Од Чарлиеви ангели до Гомнари и Ороспии

Од „Чарлиеви ангели“ до „Гомнари и Ороспии“, да драги читатели тоа се овие од СЈО, тоа се зборови на онаа притворената екс главна специјалка, Катица Јанева.

Се сеќавате како започнаа, со оние театрални фотосесии, театрални прес-конференции, па после почнаа да се појавуваат на јавни настани, песна направија за нив, маици печатеа со„Чарлиевиве ни ангели“, театар за без пари сместен на Рузвелтова.

Се возеа со џипови, скапа гардероба мислиш по модна писта шетаат, ама бродов почна да тонееее. И како викаат, рибата смрди од главата, а не од опашката. Е така и во овој случај, ама оваа „риба“ не смрди, штипе на очи бре.

Оваа главнава, екс специјалкава, притворенава, Катица Јанева, оваа што ни ја преставуваа како Тито, уствари да ти била поблага верзија на Хитлер. Бркала од канцеларии, наредувала да се иде против законот, навредувала, ајдеее мајкатааа!!! Катица од Гевгелија онаа што се бламираше на јавните настапи, у ствари да ти била тајно жарче. Ама и мора да признаеме дека во сето ова има една убава работа, а тоа е дека главнава специјалка во џипот и го возела „МАЧЕТО“ на колешката, колку убаво, колку слатко звучи ова, „и го возев МАЧЕТО“.

Па добро бе, за што ве плаќавме, за мачки да возите – „мачки да ве јадат“, да глумите манекенки и да јадете по скапи ресторани?

Ама не смееме да ги заборавиме и оние што безрезервно ве поддржуваа, оние што раце ви бацуваа, маици со ваши ликови носеа, оние што викаа „на небо е бог, на земјата СЈО“, оние што вештачки ве инсталираа, оние кои сега во моментов се кријат како „п*чки под кошули“ кога ќе ги прашаат за вас, за СЈО.

Не смееме да ги заборавиме, бидејќи тие го направија целиот овој хаос, целото ова безредие, поради нив Македонија стана „див запад“, криминал, убиства или народски кажано, државава ни стана „распашана команда“.

Е тие сега нигде ги нема, ве напуштија, прво ве кренаа до небо, а сега се срамат од вас. Ама народот нема нив да ги заборави, ќе ги казни, им се ближи „судниот ден“, народот нема да им го заборави криминалот, малтретирањето, ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО, понижувањето…

Но ајде да се навратиме на вокабуларот на ЕКС специјалкава, притворенава, РЕКЕТАРКАТА, која патем, од малкуте разговори кои излегоа во јавноста, слободно може да заклучам дека се изживувала со секој од обвинетите во случаите кои ги воделе.

Ако истата оваа ЕКС специјалка, на својата колешка и вика „гомнарке и ороспио“, може само да замислите како им се обраќала на луѓето кои ги викала на распит.

Па дома на децата е недолично да им се обратиш со тој вокабулар, а не на колешка на работа, која до пред тоа ја величиш, ја земаш во тимот и ја преставуваш како професионалец.

Ама кога ќе подразмислам малце, што се има кажано на телевизија и каков и е речникот, овој вокабулар не ме ни чуди, толку и е капацитето на женава.

ПС: Толку ниско паднавте, што дури ми е жал, но што сте дробеле тоа ќе си сркате

 

Ристе Здравков