среда, 24. јули 2019. Вести денес: 55
home Колумни

Очи широко затворени

Очи широко затворени

Македонија нити имала, нити може да има по корумпирана, по неспособна и по забегана власт, од оваа која ја предводи државата сега. Ова е нај антинародната и нај забеганата влада. Од првиот, до последниот во неа. Со се советници, директори и секакви други мешетари. Дури и такви кои се должни да ги гонат првите или да ги заштитат Уставот и законите. Со ретки исклучоци.

И сетоа тоа го гледаат и странските дипломати, но и државите кои тие ги претставуваат. Затоа нема датум (не било до името). А и речиси секој од нас кој го живее секојдневието тука, во Македонија, го гледа истото. А сепак, многумина како да гледаат со затворени очи, како да не ги засега нив, како да е некаде далеку сево ова.

Или, како што милува да каже премиерот наш насушен: “При уши се правиме слепи”. Барем најголем број. А, се додека се преправаме дека не гледаме ништо и мислиме дека тоа не не тангира нас, не може да не биде. Ниту нас како поединци, ниту пак државата.

Оваа сериозно апатична и депресивна состојба, ја надмина границата на издржливото. Ова економско, морално и етичко, национално и социјално пропаѓање и уништување на државата и на сите кои живееме тука, мора веднаш да прекине, да се спречи. Не заради датум за почнување преговори за членство во ЕУ, туку заради народот кој живее во Македонија.

Овој народ заслужува да има свое достоинство, од секој аспект. Заслужува да живее во нормални услови, со нормални примања. Да има работа и да биде награден за сработеното. Да живее безбедно и сигурно. Со образование кое ќе отвора нови перспективи и здравствени услуги како во секоја нормална држава. Да се движи по безбедни патишта и да има целосна комунална инфраструктура.

Народот има потреба да се радува на своите спортски клубови, да навива за своите репрезентации. И со гордост да се кажува дека е Македонец, од Македонија.

Овој народ има потреба да го почувствува правото, жеден е за правда и правдина. И заслужува да има правна сигурност, да биде спокоен дека чесно спечаленото, никој нема да му го земе. Народот заслужува да види дека секој кој се огрешил кон законот, секој криминалец, рекетар, нарко дилер, педофил, убиец… ќе одговара за сторените злодела и ќе биде осуден за нив. И да види дека недолжните нема да бидат малтретирани и омаловажувани.

Народот не сака да гледа политички прогон и реваншизам, туку сака ефикасна, услужлива и чесна администрација, која ќе му биде помошник на секој човек, на секој кој има потреба од неа. И во канцеларија и на шалтер и во ординација.

Едноставно е.

Време е сите да ги отвотиме очите.