четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 209
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Колумни

Новоненормални другари, да не избрзавте малку?

Новоненормални другари, да не избрзавте малку?

Млади на купче на секое ќоше. Млади по планини, помлади по паркови, најмлади по игралишта… Каква пуста корона, глупости, па ова  е нашата нова ненормалност. Ако не верувате, прашајте го Филипче и другарите му од екс Бихаќка.

Да, Македонија вчера доживеа вистински БУУУМ на дружба на млади, кои едвај чекаа да заврши полицискиот час за да се соберат во вечерните часови. Па пиштеа полициски сирени во окупираните паркови и планини блиски до градовите, полицајци на сите страни се мачеа да го вратат редот, да ги раздвојат ајваните, родители пискаа, некој не слушаше. Ве тера да се запрашате, дали е можно некој да е толку НОВОНЕНОРМАЛЕН и да мести некого?

И поважно, кој е сега виновен? Младите што се млади и зелени, желни да го живеат животот со полни гради, што се полни со енергија и се уште не научиле што е тоа одговорност, оти лекцијата ги чека во школото на животот?

Јок, ќе да е некој друг. Башка друг, башка другар. Едни НОВОНОРМАЛНО залудени чеда, кои напати наликуваат на мозочно испрана, забегана и потопска НОВОВЕРСКА СЕКТА. Аврамејци, толку бескруплозно подготвени за гола власт да ги жртвуваат своите најблиски. Да, некои политиканти кои ко „задњи“ суруши без исав пресекоа и од строг неколкумесечен полициски час до 19, со минат дводневен карантин пред само еден ден, избрзано и нагло „пуштија душа“ и укинаа полициски час. Знаеме дека сте новонормални, ама дека сте до толку ненормални, не знаевме. Искрено. Исав да се немало, ама скроз.

И што сега, што со оние кои толку време се придржуваа до мерки, деца не се гледаа со родители, тие пак со децата, внуци што не си гледаа или им мафтаа со солзи преку автомобилско стакло? Што со нас? Луди ли бевме, СТАРО НОРМАЛНИ ли испаднавме што се грижевме? Во превод БУДАЛИ. Или така барем не направивте сите поради тие пусти избори

Добро бре, мајку му  стара, ем млада, па можевте да не глумите толку, да не влезевте во тој НОВОНЕНОРМАЛЕН филм, да престаневте насила да убедувате народ дека се е ок, дека короната била реалност. Ало, за животи се работи!

Да, „супер“ Филипче влезен во НОВОНЕНОРМАЛНИОТ филм на чедото црпнато, срам да ти е. Срамота е се’ ова што го правите луѓе, срамота е заради идиотски избори да измислувате приказни и сценарија за некакви си нови трајни корона констелации, па грижа да глумите, колку ова било нормално. А сето тоа толку лудо и ненормално. Срамота е поради некаква си иднина политичка толку некрофилски да уништувате животи и иднина на луѓе.

Дај бре земете работете нешто, преземете мерки, тестирајте народ, не трошете ваше време и наши пари убедувајќи не дека цел живот со корона ќе живееме. Вие живејте си цел живот со неа во таа ваша НОВА НОРМАЛНОСТ. Бујрум, терајте си филмот. Но јас одбивам така да живеам, а да не живееме со корона треба прво да ја победиме, но не вака. Тоа сигурно…

И едно прашање – КОЈ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ за новозаразените по олабавувањето на мерките што не требаше ни на крај памет да ги олабавите? Укинувањето доаѓа по дружбите за Ифтар, чија инкубација е во тек и кои ќе ја разбукнат и веќе ја распламтија заразата. Гледаме кои региони станаа жаришта, иако и таму не се криви луѓето, туку вашиот политикантски однос и страв да преземете мерки за да не изгубите пусти гласови. Биљмези.

Една работа фрли ново светло и убаво го појасни вашето новоненормално дејствување. Изворот на идиотскиот поим НОВА НОРМАЛНОСТ. Сте го украле, по навика, сега од вашиот ментор и идол Џорџ Сорос. Мизантропот маскиран во филантроп го сковал во време на бегалската криза,а  вие поданиците му неотесани само сте си го позајмиле. Пуста навика. Копи-пејст. Ко и кампањата за Стево од Хилари, ко кампањата за ѓоамити ЖИВОТ од српска Двери, итн., итд., и др.

Да, работите се појаснија и избистрија, ова е фраза на Евреинот кој направи пари продавајќи го својот народ на нацистите во Втората Светска Војна. Неговото име на Унгарски (Ѓеорги Шорош) не случајно значи Црниот Ѓорѓи. Ви одговараат тоа црнилата, ви прилегаат, ко саливени ви стојат.

Аман, доста не’ зацрнувате, луѓе новоненормални…

Парламентарни избори 2020