недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Нови дворски игри со стари дворски будали

Нови дворски игри со стари дворски будали

Зоки Бемве крајно немирно спиел деновиве. Го утепале кошмари. Видовте, така ненаспано баклава со неизвадена фолија сече човечето. И во Бемве маичката спиел. Џабе. Маки, големи. Па удрил контра. Глумел смиреност, дури и на одмор заминал за да фолира дека е кул. Ама пустиот, сон не го фаќало.

Отиииии, влогот бил голем. Илинденска или Шутка. Не е заебанција, лесно уште помалку. Џабе намештаљки на избори, тесно е, не завршија работа. Таксират муртински. Кијамет голем го навасал. Ни „белкото“ на домаќинот брајчински не помагало…

Еурека! Му светнало. Да беееее, лекот бил едноставен. Башка класика. Само требало да му текне.

Јок, не е дијазепамче, ниту хелексче, лексилиумче уште помалку. Се вика „позови пријатеља“. Множина.

Да, за мирен сон на Зокија работат многумина фејкери, солено платени за тоа. Дел така и си ја купиле слободата.  Цела армија бандити кои се активираат на „дугме“. Зајо само ќе притисне, а тие скокаат. Ко кловнови од кутија на федер.

Иако, се користат само за итни случаи. Така барем пишувало во упатството. А овој, поитен здравје.

И ненаспаниот Зоранчо го притисна копчето црвено. А тие испоскокаа како навиени. Едвај чекаа. Цела сурија напатени „вмровци“.

Да, наеднаш се истопорија и Нино и Љубчо и Ице Конески и Љубе и Сашо и Пеце Богојо и компанија… Многу се де, треба три страници да им посветиме само за да ги наброиме. Печурки по дожд, фејк вмровци по избори. И то класика., Ги знаете добро. Башка, кој повмровец од повмровец, абе души чисти, кој од кој попатриот, помакедонец, пофејк…

И така, Заев ги истопори своите вмровци. Убо кажа Зеколи. „Вмровците на Заев.“ Една слика -илјада зборој, три збора – илјада фацки напатени. ДУШЕГРИЖНИЦИ на копче. Гревови, што би рекле, башка јаничари, башка петоколонаши, на страна и квислинзи.  Видкун вода да и  носи, со цистерни…

Сите толку многу загрижени за судбината на ВМРО и за Македонија, абе да се расплачеш од емоции збрани. Гарант и тие ко Зокија не спијат навечер, од истото тоа ВМРО…

И ај, знаевме сите што ќе кажат. Она што им го напишал Коста Петров, разбира се. Па залелекаа бапчорките, запискаа орно, во хор. Се наеживте и растреперивте, нели.

Арно ама, еден изненади. Скроз.

Оној со правописна грешка во името, кој најави дека адвокати ќе му ја враќаат титулата почесен прецедник. Ту-ту-ту. Лесно де, адвокатчето му ќе поднесе, Зоки ќе се јави кај Лошила Кацарска, таа ќе и шепне на Рускоска и ТРАС-ТРАС – Љубчо ќе добие инстант тапија дека е доживотен прецедник на ВМРО-ДПМНЕ.  Та-даааам!

Само, не контам, кој мој ќе му е на фејк војводата таа титула? Колку да таласа и да ремети, фер…

Не знам и само што е поентата на комуњарските јагниња во вмровски кожи? Што е поената, кому овие Заеви вмровци ќе повлијаат? Контра ефект, сеир само ви фаќа народ. Или некој ве подје.ава и се зеза со вас? По навика…

То ваљда,  Зоки Бем-ве народот, бем-ве јазикот и бем-ви шуторогатите има лоша трас-трас навика, па сега од досада и ќеф си го притиска „дугмето“  и си прави бем-ве со корисните фејк вмровски корисни идиоти. Се забавља црпнатото чедо. Вклучи-исклучи, пали-гаси, па пак и пак и пак и пак…

Она, кога тераш идиотски нови дворски игри со изветвени, стари дворски будали…

Коронавирус