сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Колумни

„Нова“ Влада спремна за понада

„Нова“ Влада спремна за понада

По долго неочекување, се „роди“  и новата Влада на Зокија. Неочекувана, исто како и неговата „чиста“ победа на изборите.  Зачинета со „паднат“ ДИК, чиј дигнат систем го „стана“ и Заев?!  „Легитимна“ Влада, ама „до коске“…

И си се роди болничка, пустата, на стаклени нозе. 62 гласа од 61 минимум. Постаклени, здравје…

Затоа, најверојатно, нејзиниот рок нема да биде долг. Башка, од прв ден оваа Влада е спремна за понада. Сиротата, од „роѓење“ е на апарати. Да, климава ко и коалицијата од која е склепана. Набрзинка и од немајкаде. Триото составено од пијаницата Заев (зборови на коалициониот френд Ахмети), опозиционерот Али (според Зокија) и неговиот заколнат опонент Тачи, двојка позната по меѓусебното гаѓање со дрва и камења. Добар спој, а? Трио фантастико, би рекле постарите…

И како почна прикаската недоветна? Со промуќурните зборови на Зоки Праведникот: „Кој не почитува закон, ќе се соочи со закон.“

За жал, ова не е од рубриката „Верувале или не“. Да, „премиерот“ Заев зборуваше за „поштовање“ на ЗАКОНОТ. Уууу, јако, се наеживте, нели.

Чедото муртинско кое три пати е аболирано (БЦ за „Глобал“, Иванов за „Пуч“ и Лошила за „Поткуп“), чија блиска околија милува да пали аута, рекетира, сее и одгледува мара и која има цела колекција на Луј Витон ташнички, сега ќе ја опраи Македонија и ќе донесе закон. Цццц…Оти криминалецот најдобро знае како да се справи со криминалот. Абе ајде…

Добро, не била Македонија, тој пак бладаше за некоја си Северна. Наводно, дотичен северен протекторат сместен во Западен Балкан кој гравитира во Југоисточна Европа. Она, кога светските моќници со придавки ги делат, бележат и маргинализираат државите и регионите. Класика. Ви текнува дека од еден континент направија два (Европа и Азија), не па држави и региони ќе ги секирале. Државички ко нашава, уште помалку…

Но, една работа ме загрижи. Многу…

Зокиевата најава за забрзана европеизација. Оти, ако ова досега беше европеизација, тогаш во истата таа Европа треба да има некој новокомпонован тренд на откажување од националните вредности и историјата?! Хмммм, не сум чул за таква појава, вистината е сосема поинаква, но антинационалните дејанија се единствениот белег на владата на ЗЗ во минатите три години. Тогаш, поведени од искуството – што не очекува во следниве?

Епа, како лузери со 49 пратеници, без победа во 2016-та насила сменија име на државата, донесоа непотребна двојазичност, почнаа да роварат по историјата, го сменија Уставот и преамбулата, рекетираа се’ живо и диво, ја кутнаа економијата на колена, си исподелија тендерчиња, стипендии, исповработија се што е партиско, неинвентивно ги секнаа фондовите за иновации, го урнисаа и онака лошото здравство итн. итд. и др.

Значи, сега као „победници“ со 46-ка и минимална 62-ка во Собрание, гарант ќе се допотрудат да не „доевропеизираат“. А патот кон ЕУ води преку Бугарија и Грција. Таксират. А тие толку братски и соседски со раширени раце не чекаат. Поздравете се со уште многу национални светии, со јазик, историја, нација, химна, знаме… Ќе ги продадат евтино, не се сомневајте, Зоки е мајстор за тоа. Докажано.

Најавува „забрзана европеизација“, паралелно со „ред, правда и дисциплина.“ Од досегашното искуство ова во превод значи: Нови неосновани апсења, затвори, сеење страв, ултра рекет, тендерчиња и продавање на се’ што е македонско за багатела.

Знаете, сами си го баравте/ме.

Епа, аирлија влада…

Коронавирус