среда, 5. август 2020. Вести денес: 23
home Колумни

Нова СДССС нормалност: Црпнатиот палјачо контра Папата

Нова СДССС нормалност: Црпнатиот палјачо контра Папата

Замисли само, македонскиот политички Едип да ти бил контра Папата кој лично го црпна од нивата и го направи те градоначалник, те пратеник, те лидер… Го направи човек. Оној БЦ кој потоа го „доправи“ и го амнестираше за 8-те милиони во мега-аферата „Глобал“. А колку вика ЗЗ дека тежел? Осум ипол милиони евра? А „Глобал“ тежи ОСУМ милиони? Хммм, индикативно, нели. Премногу случајности на едно место.

Ама, ајде што Бранко бил без везе и цреп, ко што вели довчерашниот бискуп на папата, тоа било тогаш. Што сега? Е, сега Зоки е во паника. А како ќе го познаете ЗЗ дека е изместен и изваден од колосек? Па тресе зелени и зборува на муртински, тоа сме го виделе на десетици интервјуа и прес-конференции. И сега, што?

Епа, Зајо везе муртински, вергла ко навиен. Истиот оној кој вчера излажа дека ЕУ ни го признала и „зацементирала“ јазикот, оној бетонскиот патриот Заев кој толку многу го сака и цени својот јазик, име, устав и историја си се разврза на муртински. Да, пола зборови никој не му ги ни разбра, ама полиглотското чедо и онака прави хи-хи-хаха шоу, не е битно ако не го разберете што кажува.

ШТРЕПА, ЈАДЕ МЕ, СИ ГО ПОДЈАДИ… Македонски, помакедонски нема. Конески и Кепески вода да му носат.

Велат, присутните на митинзите на Барон Муртинхаузен (еден од петте души напатени), желни за вработување свое или на некој свој близок, доаѓале со Вујаклија под мишка. Оти пустото, не се разбирало што сака да им каже лидерот. РАЗБИРАЛЕ ГО само во стумичкио крај. И подобро, па и онака ништо умно не кажува. Башка, тоа присутните се таму од други, лукративни причини. Па тој тресе, тресе ли зелени, а тие се смејат, му се смејат ли. Му „учинуваат“ на човечето, да се почувствува убо. Колку ли е само интересен муртинскиов стенд-ап комедијант, брлок, а?

И додека шоуменот Зоки прави ултрасељачки финти во Кочани, „тврдокорната“ Рада Пелинска со цел ум држи говор пред Македониумот. Бљак, нели. Неспоиво, Пелинска и што било македонско. Не си одговараат, ама ич. Мрачен блесок, пак…

Зоки забавља раја и Рада шири патриотизам, а Димитров шири лажни вести за Милошоски. Го фатија искомплексираниот преспански капитулант, жив, како лаже за човекот поради чија министерска позиција што не му ја дадоа ВМРО, си премина во СДССССС. И ја доби, факт. И ќе остане запаметен по Преспа, пофакт. Знаете како, најфакт…

Арно ама, дечките кои во Македонија ги измислија лажните вести (сетете се само на Тамара, Младенов, Смиљковско, Чаушот и Нешковски) во паника од 12-13 присутни на средбите со граѓани и поведени од она што најдобро го знаат, не се предаваат. Направија фрка, дигнаа некој телефон и си измислија нова анкета. Демек, СДССС воделе јако, а ЗЗ лом правел. Свака част, но имаше само еден проблем. 7% голем. Математика очигледно, не ви оди, а? Срамота, на таа пара…. Па каде бре ви исчезнаа скоро 7 насто во вкупниот збир анкетирани? Со наведената маргина на грешка во анкетата од +- 2,8%, утката ви е скоро 10%.

Илииии, не ви е баш утка, нели? Фејкери, ама скроз. Со лага дојдоа, лага тераа, со лага ќе си заминат. Пуста навика…

Башка, знаете како ве фативме? Демек, нели само една третина од граѓаните биле против Преспанската лакрдија и промената на името? Ххахаха, абе ајде, фејкери…

Ама Зоки овде на застана, што и да значи тоа, ИСШТРЕПАН и изеден од кочанските комарци, чии каснатини гарант ги санирал со алкохол, онака по муртински, под  дејство на истиот утредента си кажа дека на Шарените им ја е.ал мајката оти бил пијан. Гарант два часа и 17 минути во кафана не решавал задачи или читал поезија. Си призна човечето дека по толку време во кафеана се правеле грешки. Епа, у реду тогаш, чим си бил ѓон.

Оправдано, нели? Сега шарените, бар оние кои не се вработија во влада или администрација, ќе му простат на лидерот пијан за кој демек не знаеја дека им ја води шарената дееволуција. Само тие,  пустите, сироти душички не знаеле. Ццццц. Гревчиња шарени напатени. Абе ајде, гитла. Исто ко што независни се медиумите им, НВО-ата непрокопсани, експертите им душегрижни…

Башка, факт е дека пијаниот го кажува она што трезниот го мисли. И не во виното, во струмичката мастика била вистината.

Можеби, и по 15-ти јули, соочен со последиците од Преспанската капитулација, насилната промена на името, на Уставот и Преамбулата, двојазичноста, избрусените шахти со Кутлеш, сменети имиња на институции, АРМ, двојазичноста, Луј Витон торбулињата, Рекет, Поткуп, Глобал, Пуч, Деновци, Рашковци, тендерите, урнисаната економија, неуспешниот танц со короната и стотиците починати, ЗЗ пак ќе се вади на истото. Епа, бев пијан, епа не знаеФ шо праам…

Да, веројатно, патолошкиот лажго, кој ко Баја Патак брои златници и сребреници, ликче што толку мизантропски милува да уништува и распродава македонски национални светии и бексруполозно ужива да гледа како народ полн со гнев тажи по истите, има и некоја друга зависност. Логика, нели.

Има само еден, голем проблем. По 15-ти јули 2020-та, не е истата констелација. Бранко не е веќе преЦедник.

Хмммм, гарант, на Стево му чади главата, не му е лесно на сидрото. Да не си му во кожа, сидрашко-метална, ко опинците на Заев.

ОК, тежел 8,5 милиони евра, ЗЗ сега тежи мнооооогу повеќе.

Да, поради таквите ко тебе, во Македонија во минативе три години е сеедно каде се наоѓаш.

Секогаш си на местото на несреќата…

Коронавирус