четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 242
home Колумни

НОВА НОРМАЛНОСТ: Бензинот расте, цената на човечкиот живот во слободен пад…

НОВА НОРМАЛНОСТ: Бензинот расте, цената на човечкиот живот во слободен пад…

Починаа тројца, 16 заразени од бедни триста теста, Рада издаде воена тајна, Заев пак ги лажеше лекарите со повисока плата, Нина Глупер ја расплакаа, Филипче се пофали и спореди со Италија и Шпанија, Костадин се фалеше дека многу го обичале во ВМРО, д-р Пановски, д-р Лазаров  и д-р Цана ја кажаа вистината дека СДСС се луди со изборите, ХДЗ бара примерна казна за непримерното сдссовско директорче Тозија, Рускоска го запали дресот на Чарлиевите ангели… А да, рапидно скокна и цената на горивата. Многу вести во еден ден…

Сепак, една вест ја минимизираше и ги покри останатите. Додека во Македонија цената на бензините растеше ли растеше, 10 денари за две недели велат, цената на човечкиот живот се повеќе и повеќе се обезвреднуваше.

Фер, ќе речат комуњарите, па треба ли да обелат образ на избори и пораз послаб да поднесат? „Свакако“, за да може после да се испазарат некако и по цена на јазик, нација и историја да останат на ВЛАСТ. Па нели тоа е најбитно „у свет“? Нормално, за недоветните чеда од екс Бихаќка, возљубени и во несветото тројство ПАРИ, МОЌ И ВЛАСТ задоени, побитно немало, нити ќе има. Докажано…

Ете затоа, за да има избори среде корона, пустите вчера преку машата супер-Филипчо издејствуваа прекин на полициски час, кафани да проработат и кај и да е и граници да отворат. Оти се’ е розево, нели?

Епа, не знам што розеви очила да ставевте дента, ама тројца починаа од КОВИД-19. Па и КОВИД-18 да е, ко што вика Шилегов. Ало, дали сте бре нормални? Уште ли ќе не убедувате колку добро сте истанцувале со короната, ко што вели црпнатиот ви лидер? Кажете им го тоа на семејствата на починатите…

Не знам во кој свет живеете, ама дури и едно Косово, што се лечи кај нас, пред два дена имаше ден без заразен од корона! Дали сте бре нормални или оваа ваша НОВА НОРМАЛНОСТ ве направи тотално ненормални. И кој дибек бре ви ја смисли таа фраза што нон-стоп ја верглате – НОВА НОРМАЛНОСТ?! Нормалноста не може да бид нова, биљмези едни, една е, иста и неприкосновена. Или си нормален или не си, а вие сте во втората група, дефинитивно. Можете да зборувате за нова реалност, или нова не знам веќе што, ама НОВА НОРМАЛНОСТ е најтешката глупост која можеше да ви текне.

Да, во таа НОВА НОРМАЛНОСТ е толку „нормално“ да ги заразиш сограѓаните на избрзани избори, нормалност во која цената на горивата ќе скока, а цената на човечкиот живот ќе се обезвреднува. Спадна на цена на еден беден глас. Гласај си, па после не е битно, нели…

НОВА НОРМАЛНОСТ, која и не е така нова, во која наметнуваш нови евтини вредности и  во која е толку нормално да потпишуваш што ќе ти текне со катиљ-соседи и да смениш име на држава, “сасвим“ нормално да промениш Устав и прембула, уште понормално да смениш историја, најнормално насила да донесеш неаргументирана двојазичност и во најава да чепкаш во јазик и нација.

Тоа е НОВАТА НЕНОРМАЛНОСТ на СДСССССС, толку нова, а толку стара со долга традиција на менување име, знаме и територијална поделба на државата…

Чедата одамна заразени со антинационален вирус СЕВИД -19 (СЕВерна ИДиотштина склепана во 2019-та година, нели) кои немаат проблем да ги заразат останатите мозочно НЕМИЕНИ со КОВИД-19, се правдаат дека полицискиот час го тргнале затоа што никој не го почитувал. Абе ајде?!

Епа, тогај, ко што велат во Кумановски муабети, укините га и северна, и тој никој не га поштуе…

Парламентарни избори 2020