среда, 5. август 2020. Вести денес: 13
home Колумни

Нобелова награда за глупост

Нобелова награда за глупост

Хехехееее, таман мислевте дека сме го допреле дното, ама Зоки е секогаш тука за да не’ разубеди и демантира. А токму вчера пишував дека СДСССС ги редефинираше границите на глупоста и поимот за допрено дно. Само осум часа потоа, Зајо ме потврди. Или беше Грета? Мислам Тунберг?

Или, да не беше Порошенко? Чек, да не беше Столтенберг? Чек, чек да не зборуваме за црногорскиот „принц“? Нема шанси, па токму ЗЗ срочи дека на човек можеш да му дадеш, но не можеш да му земеш насила, нели. ГРОМОЗОРНА мисла, вели тој, потомокот на Арестотел, кој ја читал Село ПОД седумте јасени на кодошот Јаневски, правејќи го КВАНТЕНИОТ СКОК, ама не толку ЗАКУКУЛЕНО ЗАМУМУЛЕНО, појасно да биде, ко она сидрото Стево што не влече напред.

Сепак, да не се лажеме, ова со црните бисери, „соу колд“ ЗАЕВИЗМИ или МУРТИНИЗМИ, како си милувате, е за едиција во формат на „Војна и мир“ или „Тихиот Дон“, а ние и Македонија немаме толку време, треба да се исправат работите, ене го 15-ти…

Како и да е, едно е повеќе од  јасно. Јасно ко Ден, Дончев ли, кој ли. Срамот е огромен. Пиел многу или не пиел, дувал ли или шмркал ко БЦ, Зоки е дилајла. Дефинитивно, МОЖАТ и повеќе…

Знаете, ме замисли, ако не лаже, за промена нели, и не пие, тогаш гарант ко малечок паднал во муртински казан со мастика. Ко Обеликс од Астерикс ко бебе во казанот со волшебен напиток за сила на друидот што трасна, па никогаш не му треба нова доза, силен е за навек. Така и нашиов ЗЗ е пијан, за на век, а не му треба ни голтка мастика за да се напраи тиква, оти е тиква родена. Да, за век и веков…

Признавам, башка, сосема отворено, дека пред некое време се зезнав. Силно се зафркнав. Што е право, право е. Не бев во право. „На прав пат“ скраја да е. Ама ич. Што би рекол ЗЗ, се заебав. Јако.

Да, виновен сум што го прогласив Заев за еталон мерка за лага. Не беше фер, скроз. Ја утнав, признавам. Не е точно, промашување невидено е, не дека немаше основа во колнењата му дека нема да смени име, Устав, дека ја сака Македонија, дека е Македонец, па јазикот, Делчев, па дека нема да тера Тиранска платформа, дека ќе донел демократија, дека ќе дигнел економија и што ли не до 101-на и назад. Ама не е така, јанлаш сум.

Грешка сум, фер. Зоки не е еталон мерка за лага. Прости. Аферим, така е.

Не за лага, човечето е мерка за глупост, невидена. Померка здравје. Што си лаже, си лаже, факт, башка неприкосновен. Ама толку голема дилајла се нема родено во државата македонска. Ај, да не се лажеме, ни мнооооогу пошироко.

Оти ваков биљмез се раѓа и црпнува еднаш во пет века, башка што ваков  срам и блам за една држава и нација нема приредено никој, никогаш и никому. Макар бил и три пати аболиран. Башка дилјала, башка еб.чиште, нели.

Верувам, се сложувате и дека оваа мерка за глупост со официјален код  1Zz или ЕДЕНА ЗОЗА, како еталон мерка не треба да се чува со останатите еталони за килограм, метар и литар во Швајцарија. Подобро е да го чуваме тука, во Идризово, на пример.

Оти, ова е уникатна, ендемска еталон мерка. На ниту една мерка до сега толку не и лепеле рачињата, морате да признаете, а не се сомневам дека тоа набргу ќе ни го признае и светот. Фер нели, ова ќе биде и првата светска еталон мерка која ќе научи да свири клавир. Учеше, ама не доучи, време е за нови лекции, нели…

Ете, освен по глупоштијата со северна, привремената промена на исконско име за без везе и бадијала, ќе бидеме познати и по нешто друго. И пак и пак, благодарение на Барон Муртинхаузен. На крај и споменик до барокна зграда ќе треба да му изградиме.

Мислам дека би било соодветно, светската мерка за глупост – 1Zz или ЕДНА ЗОЗА, да ја промовират токму Нина Глупер, Рада Пелинска, Ноќко Дончев и Рашко,  сите заедно на прес-конференција пред КПД Идризово, така многу светски шмек ќе има во моментот. „Џеил хаус фолк“, нели.  Коста ќе напраи сценарио џам, Обиџоку ќе кажува цепки на ромски, Васиљ ќе рецитира поезија, Димитров Клуни ќе глуми ко и обично и ќе рони солзи – сега за да се врати у ВМРО, а Боки од другата страна со Катица ќе ракоплескаат пресреќни. Дури и на Мила ќе и се одмили тендерот за муж и’, нели…

 

Гарант, и милуваната Грета Тунберг ќе му дојде на прогласувањето на сокандидатот за Нобелова, а во ВИП ложата ќе бидат Порошенко и Столтенберг.  Грета, башка, ќе затвори и еден од „сите“ два аеродроми за да не го загадуваме светот, не со авионите туку со глупоштијата на ЗЗ, татко и ќе пафка ганџа во ложата, а украинскиот Петре Македонски ќе го почастиме со маска со сонцето  од Кутлеш кое Зоки толку го брусеше по шахтите, оти е толку голем Македонец. Да, повеќе македонштина од Заев има, дефинитивно, за тоа нема збор.

Најпримерно би било, признанието за нова светска еталон мерка за глупост на Зокија во Идризово да му ја врачи Црниот Ѓорги. Тоа е значењето на вистинското име на Унгарецот по потекло, Георги Шорош, попознат како Џорџ Сорос. Фер, ќе му сменат крв од две-три дечиња, мал ремонт на внатрешните органи од жолтите кашти во Косово и метузалемот ќе може и да го гушне,  погали и да му се насмее на најдобриот светски суруш и поданик Зајо, може и целивка да му даде. Да, и да му каже и комплиментче:  – Аууу, ама те извеслав, глуп си ко 3Zz, три  ЗOЗИ тежиш, машала…

Шега на стана, се наежив од замислената сцена.

Башка, ај да не се лажеме, ако не не’ биде на 15-ти, со сето право заслужуваме да бидеме земја на глупоста, а и северна ќе ни биде малку.

Тогаш, најискрено и без љутиш, ако не ги смениме работите, секој од нас ќе „тежи“ по барем 5Z, дa, најмалку по ПЕТ ЗОЗИЊА.

И ќе си го носиме срамот, за навек…

Затоа, или на 15 јули ќе му ја врачиме Нобеловата награда за глупост, или ќе си ја врачиме самите на себе. За првото има бааги минат труд на ЗЗ, а ако не биде така и  тоа второто би било  целосно заслужено….

 

Коронавирус